Прејди на содржината

Никола Ристановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Ристановски
Роден 23 јануари 1969(1969-01-23)(55 г.)
Острава, ЧСР, СР Чехословачка
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Буре барут
Збогум на 20-тиот век
Монтевидео, Бог те видео
Ова не е американски филм
Балканот не е мртов
На терапија
Ослободување на Скопје
Сенки над Балканот
Занимање глумец
Сопружник Емилија Ристановска

Никола Ристановски (роден на 23 јануари 1969 во Острава, Чехословачка) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ристановски е роден во чехословачкиот град Острава на 23 јануари 1969 година, а кога имал 7 години, со семејството се преселил во Тетово. Во средното училиште, членувал во драмската секција. Во тоа време, наговорен од професорката Нада Гешоска, тој учествувал на натпревар во Осиек, Хрватска на кој Ристановски и неговите колеги се претставиле со „Злосторство и казна“ од Достоевски и ја освоиле првата награда на жири-комисијата, предводена од Фабијан Шоваговиќ. Воден од тој успех, Ристановски се определил да студира глума, но бил трипати одбиен на приемниот испит на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што паднал уште во првата година на студиите. Сепак, подоцна, уште како студент бил повикан да игра во една театарска претстава, што било признание за неговиот талент. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за глумечка игра во 1993 година.

Професионална кариера

[уреди | уреди извор]

По завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Ристановски станал дел на Македонскиот народен театар во 1994 година. Првата професионална претстава во Македонскиот народен театар му била „Жорж Данден“, во режија на Бранко Ставрев, по што следувала улогата во „Снежана и седумте џуџиња“ на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски. Две години подоцна, Ристановски блеснал со улогата во култната претстава „Буре барут“. Во текот на својата кариера, Ристановски играл во 41 претстава и во 15 филмови при што освоил 28 награди, со што тој е најнаградуваниот македонски глумец. Најмногу соработувал со Александар Поповски (10 претстави и 3 филма), а најмногу настапи имал во претставата „Буре барут“ (над 150 настапи). Исто така, Ристановски имал богата кариера и во странство, каде што играл во популарните и наградувани претстави „Господа Глембаеви“ и „Дервишот и смртта“.[2][3] Во 2016 година, Ристановски настапил во филмот „Игла под прагот“ на црногорскиот режисер Иван Мариновиќ.[4]

  • Награда на ревијата Екран за најдобро глумечко остварување за улогата на Раскољников во претставата „Злосторство и казна“ (1994);
  • Награди за најдобро глумечко остварување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп за улогите на: Управникот во претставата „Бунт во домот за старци“ (1994);
  • Доктор Фалус, Лулу, Шејтанот во претставата „Маме му ебам кој прв почна“ (1997)
  • Лопахин во претставата „Вишновата градина“ (1998).
  • Награда за најдобро глумечко остварување за улогата во претставата „Дон Жуан“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп (2006);
  • Награда „Златен ловоров венец“ за најдобро глумечко остварување за улогите во претставите „Дон Жуан“ и „Никаде никого немам“ на фестивалот МЕС Сараево (2006);
  • Награда за најдобро глумечко остварување за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“ (Народен театар Белград) на Фестивалот „Стериино позорје“ (2009),
  • Награда за најдобар глумец на ИССТФ - Риека, Хрватска, за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“ (Народен театар Белград), за истата претстава ги добил и наградите за најдобар глумец на „Ардалион“, Ужице, Србија (2009)
  • награда за најдобар глумец на Фестивал во Пожаревац, Србија.
  • Награда за најдобар глумец на Меѓународниот фестивал на мали сцени (ISSTF) – Риека, Хрватска (2010)
  • Награда „Св. Ардалион“ на Театарскиот фестивал во Ужице (2010)
  • Награда „Раша Плаовиќ“ – Белград, Србија (2009)
  • Награда „Зоран Радмиловиќ“ на Фестивал во Заечар, Србија (2009)
  • Награда „Зоранов БРК“ на Фестивал во Заечар (2009)
  • Награда за најдобар глумец на Фестивалот „Стериино позорје“, Нови Сад, Србија (2009)
  • Награда за најдобар глумец на Фестивалот „Петар Кочиќ“ – Бања Лука, Р.Српска/Босна и Херцеговина (2009)
  • Награда за најдобар глумец на Фестивалот на БиХ драма – Зеница, Босна и Херцеговина (2009)
  • Награда за најдобар глумец на Фестивалот „Јоаким Вујиќ“ – Крагуевац, Србија (2009)
  • Награда за најдобар глумец на Фестивалот во Пожаревац, Србија (2009).
  • Награда за високо глумечко остварување на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица (2012)[5]
  • Награда „Златен делфин“ за најдобар глумец во рамките на „Босфорскиот филмски фестивал“ во Истанбул (за улогата во филмот „Игла под прагот“).[4]
  • Награда за најдобра машка улога на фестивалот во Нови Сад за претставата „Народен непријател“ (2022)
  • Награда Гран при за најдобра машка улога во претставата „Народен непријател“ (2022)
  • Награда „Александар Лифка“ на Фестивалот на европскиот филм „Палиќ“ во Србија (2023)
  • Награда „Борислав Станковиќ“ на 43. Меѓународен театарски фестивал „Борини театарски денови“ за најдобра машка улога за улогата на др. Стокман во претставата „Народен непријател“ (2023)

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Филм Улога
1990-ти
1991-1994 Еурека ТВ-серија Хорист 2
1993 Крик на немиот индијанец ТВ-филм
1993 Светлосиво ТВ-филм Ринго
1994 Прекалени ТВ-серија Димитар
1995 Уа шнајдери ТВ-серија
1997 Македонски народни приказни ТВ-серија
1997 Преку езерото ТВ-филм Константин
1998 Буре барут ТВ-филм Борис
1998 Збогум на 20-тиот век ТВ-филм Кузман
2000-ти
2003 Едно од лицата на смртта ТВ-филм
2005 Обични луѓе ТВ-серија Никола
2006 Стрмоглави ТВ-филм Кец
2007 Превртено ТВ-филм Петар
2007 Мовие ТВ-филм Наратор
2009 Штркови во магла ТВ-филм Шприцер
2009 Есен во моја улица ТВ-филм Коцкар
2010-ти
2010 Монтевидео, Бог те видео ТВ-филм Функционер
2010 Оне ТВ-филм
2011 Ова не е американски филм ТВ-филм Сценарист
2012 Џвер ТВ-филм Петар
2013 Изгубени Германци ТВ-филм Кристијан
2013 Балканот не е мртов ТВ-филм Осман бег
2014 Косач ТВ-филм Кресо
2014 До балчак ТВ-филм Цветко
2014 Враќање ТВ-филм Гианчарло
2015 Медена ноќ ТВ-филм Никола
2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм Трендафилов
2016 Амок ТВ-филм Горан
2016 Игла под прагот ТВ-филм Петар
2017 Врати се, Зоне ТВ-филм Хаџи Замфир
2017 На терапија ТВ-серија др. Виктор
2017 Сенки над Балканот ТВ-серија Доктор
2017 Зона Замфирова ТВ-филм Хаџи Занфир
2018 Утрото ќе промени се ТВ-серија Коља
2019 Пет ТВ-серија Дане
2019 Група ТВ-серија Филип
2019 Сеној ТВ-филм
2019 Екипа ТВ-филм Сенор
2020-ти
2020 Име народот ТВ-филм Јаша Томиќ
2021 Еден излез ТВ-серија Виктор
2022 Нема да бидеш сама ТВ-филм Милан
2022 Деца ТВ-серија
2023 Живи и здрави ТВ-филм
2023 Емил врати се ТВ-филм
2023 Посета ТВ-серија Благојче
2023 Живи и здрави ТВ-филм
2023-2024 Убијците на мојот татко ТВ-серија Цурнај
2024 Меѓу боговите ТВ-филм Жика
  1. „Никола Ристановски доби глумечка награда“. Сител. 16 ноември 2009 - 16:02. Архивирано од изворникот на 2010-11-29. Посетено на 2012-05-13. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. Сребра Ѓорѓијевска, "Во театарот им е убаво и на глумците и на публиката", Дневник, година XVIII, број 5483, четврток, 5 јуни 2014, стр. 21.
  3. „Институт за театрологија“. Архивирано од изворникот на 2014-03-16. Посетено на 2012-09-14. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. 4,0 4,1 „Никола Ристановски награден во Истанбул“, Утрински весник, година XVII, број 5239, вторник, 22 ноември 2016, стр. 19.
  5. „„Ристо Шишков" за Никола Ристановски“. http://www.utrinski.com.mk. 13 септември 2012. Посетено на 2012-09-14. Надворешна врска во |publisher= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]