Прејди на содржината

Неславни копилиња

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Неславни копилиња (Inglourious Basterds)“
Плакатот на македонски јазик
РежисерКвентин Тарантино
ПродуцентЛоренс Бендер
СценаристКвентин Тарантино
Главни улогиБред Пит
Мелани Лорент
Кристоф Валц
Жанрдрама
КинематографијаРоберт Ричардсон
ДистрибутерUniversal Pictures
The Weinstein Company
Премиера19 август 2009 Обединето Кралство Обединето Кралство
Времетраење153 мин.
Земја САД
 Германија
Јазиканглиски
германски
француски
Буџет$70 милиони
Бруто заработка$321,500,000 (моментално)

Неславни копилиња (англиски Inglourious Basterds) — американски-германски драмски-воен филм од 2009 година, режиран од Квентин Тарантино (Евтини приказни, Убиј го Бил и др.). Филмот започнува како посвета на шпагети-вестерните и неизбежната музика на Ени Мориконе, но не се случува за време на Дивиот Запад, туку во светот на алтернативната Втората светска војна, баш онаква каква постои само во имагинацијата на Квентин Тарантино. Филмот е посвета и на експлоатациските филмови па има и доста сцени во кои одредот на еврејски одмаздници ги убиваат Германците, ги скалпираат во живо, така што еврејските критичари се побунија поради тоа што во филмот тие се претставени како нацистите.

Тарантино исто така е познат по својата разновиднот во ликовите, па така одредот на Гадовите го предводи јужно индијанската крв (Бред Пит со затегнат наглас), а тука се и почитуваните Германци, францускиот црнец, и германската и француско-еврејската femme fatale. А да не спомнуваме дека во филмот гостува и Мајк Маерс, како британски генерал. Но, над сите овие се истакнува Кристоф Волц, кој го игра шармантниот и злобниот есесовец. Неговиот лик Ханс Ланда за кој Тарантино вели дека ’можеби е и најдобриот лик кој го створил’, а Валтц го игра со толкаво уживање што успеа да ги фасцинира и оние кои мразат филмови. Публиката и критичарите веќе го фалат и бараат за него Оскар, и сè повеќе го споредуваат со Леџеровиот Џокер.

Филмот најпрво својата премиера ја доживеа на Канскиот Филмски Фестивал, а подоцна во месец август ја имаше својата светска премиера, каде што забележа одлична заработка во кино благајните, но пред сè одличните коментари од критичарите а и од публиката.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во германско-окупираната Франција, за време на Втората светска војна. Полковникот на германската војска, Ханс Ланда, доаѓа во посета на еден француски фармер,Периер Ла Падите, и го испрашува за да дознае каде се наоѓа последната непронајдена еврејска фамилија во таа област. Ако му даде информации кој може да му помогнаат на него, тој му ветува дека нема да му досадуваат повеќе на неговото семејство. Периер потпаднува на играта на Ланда и нема друга опција освен да открие каде се наоѓа еврејското семејство. Ланда им наредува на војниците да пукаат низ подните плоци и целото еврејско семејство е убиено освен за младата девојка Шосана, која успева да избега. Поручникот Алдо Рејн и неговите еврејско-американски војници сеат страв меѓу германските војници со убивањето и скалпирањето на германските војници, тие се познати по името "Копилињата". После нејзиното бегство, Шосана заминува за Париз и зазема нов идентитет. Таа работи како сопственичка на кино и една ноќ се сретнува со германски војник и херој Фредерик Цолер. Како љубител на кинито, тој се запознава со неа, но таа се претставува со својот лажен идентитет - Емануеле Мимиокс. Цолер набрзо се занесува и заљубува во Шосана, затоа го убедува Јозеф Гебелс да ја одржи премиерата на пропагандистичкиот филм во кој тој глуми и самиот, каде се прикажани неговите херојски дела, во киното на Шосана. Ова му отвора на Шосана можност да ја одмазди својата фамилија и затоа да прави план со нејзиниот љубовник и проектионист, Марсел, да ги убие нацистите во киното, иако Марсел не беше сигурен отпрвин. Англискиот потполковник Архи Хикокс исто така има план да го нападне киното за да ги убие нацистите и во тоа ќе му помогнаат и Копилињата. Затоа, тој оди во кафана, заедно со нив да се сретне со германската глумица Бридџет вон Хемерсмарк, која исто така ќе им помогне да го реализираат нивниот напад. Работите не одаат по планираното и се завршува во пукотница каде се убиени и Копилињата и сите други во кафаната, откако вистинскиот идентитет на Хикокс е откриен. Само наредникот Вилхелм и Бридџет преживуваат и пристигнува Алдо, кој преговара со Вилхелм со цел да биде ослободена Бридџет. Вилхелм се согласува да ја ослободи и го остава оружјето, но е застрелан од Бридџет. Алдо ангажира лекар да се погрижи за раната на Бридџет, но првин ја испрашува за да добие информации што се случило во кафаната. Бридџет му кажува што се случило и дури му кажува дека Адолф Хитлер ќе биде на премиерата на филмот каде е планиран нападот, со тоа планот на Копилињата да ги убијаат нацистите продолжува. Ланда врши истрага во кафаната каде се случило пукањето, каде ги наоѓа чевлите на Бридџет и салфетката со нејзиниот потпис. Копилињата (Дони Доновиц, Омар Улмер, Алдо Рејн) одаат во филмската премиера, заедно со Бридџет и се позираат како италијанци, но не можаат да го измамаат Ланда бидејќи тој течно го знае јазикот, но сепак им дозволува да продолжаат двајцата од Копилињата, а наредува да бидаат уапсени Алдо Рејн и Смитсон Утивич. Во меѓувреме, Ланда ја носи Бридџет во приватна соба каде потврдува дека чевлата што ја најде во кафаната ѝ припаѓа нејзе и ја убива. Ханс Ланда потоа прави договор со Алдо Рејн и со неговиот претпоставен, тој дозволува мисијата на Копилињата да продолжи во замена за награди. Цолер скришно оди во проекционата соба каде се наоѓа Шосана, додека трае неговиот филм, и е принуден насилно да влези во собата откако Шосана не му дозволува да влези. Таа му кажува на Цолер дека немаат многу време и му вели да ја затвори вратата. Кога Цолер оди да ја затвори вратата, таа ја зема можноста да го извади нејзиниот пиштол од торбата и да го застрела Цолер. Чувтсвувајќи вина на совест, Шосана му се приближува на Цолер за да го провери, но Цолер исто така ја застрелува и двајцата умираат. Марсел оди според планот и ги заклучува вратите на аудиториумот и го запалува екранот после кулминацијата на филмот кога Шосана им кажува на нацистите дека ќе умраат. Тогаш Доновиц и Улмер насилно навлегуваат во просторијата каде се наоѓаат Хитлер и Гебелс, убивајќи ги. Тие пукаат и по публиката сè додека не експлодираат нивните динамити и киното оди во воздухот. После успешната мисија, Ланда и неговиот радио оператор ги носаат Рејн и Утивич во сојузничката територија. Рејн не оди по желбите на Ланда и го убива неговиот радио оператор и одлучува да го казни Ланда за сите негови зло дела, тој му ја запечатува нацистичката свастика на неговото чело - нешто што не ќе може да го изваде.

Глумци Ликови
Бред Пит Алдо Рејн
Мелани Лорент Шошана Дрејфус
Кристоф Волц Ханс Ланда
Ели Рот Дони Доновиц
Мајк Маерс Ед Фенех
Мајкл Фасбендер Архи Хикокс
Тил Швајгер Хуго Стиглиц
Даниел Брил Фредерик Цолер
Диани Кругер Бридџет вон Хемерсмарк
Гадеон Буркхенд Вилхелм Вицки
Џеки Идо Марсел
Б.Џ Новак Смитсон Утивич
Омар Дум Омар Улмер
Август Дил Диетер Хелстром
Денис Меночет Периер Ла Падите
Силвестер Грот Јозеф Гебелс
Мартин Вутке Адолф Хитлер
Џули Дрејфус Францеска Модино
Ричард Самел Вернер Рахтман
Александар Фехлинг Вилхелм
Род Тејлор Винстон Черчил
Сонке Моринг Бац
Сем Левине Хиршберг
Пол Раст Енди Каган
Мајкл Бакал Мајкл Цимерман
Кристијан Беркел Ерик
Леа Сејдокс Чарлоте Ла Падите
Рејнер Бок Шонхер
Бо Свенсон Американски полковник во Гордост на Нацијата
Ензо Г. Кастелари Нацистички генерал

Награди и номинации

[уреди | уреди извор]

Златен Глобус 2010

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]