Неонскиот демон (филм од 2016)
Изглед
Неонскиот демон (англиски: The Neon Demon) - филм на режисерот Николас Виндинг Рефн од 2016 година. Улогите во филмот ги толкуваат: Ел Фанинг (Elle Fanning), Карл Глусман (Karl Glusman), Џена Малоун (Jena Malone), Бела Хиткоут (Bella Heathcote), Аби Ли (Abbey Lee), Кристина Хендрикс (Christina Hendricks), Киану Ривс (Keanu Reeves) итн. Директор на фотографијата е Наташа Браер, а музиката е дело на Клиф Мартинес.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Филмот е посветен на женската убавина и нејзината минливост, како и за трошењето на телото. Шеснаесетгодишната Џеси (ја игра Фанинг) ја напушта американската провинција и доаѓа во Лос Анџелес за да си ја испроба среќата во модната индустрија. Притоа, таа постигнува брз успех, но со тоа се менува и нејзината личност.[1]