Прејди на содржината

Национален парк Берингија

Координати: 64°22′N 173°18′E / 64.367° СГШ; 173.300° ИГД / 64.367; 173.300
Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Берингија
Берингия
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value
МестоЧукотски Автономен Округ
Најблизок градАнадир
Координати64°22′N 173°18′E / 64.367° СГШ; 173.300° ИГД / 64.367; 173.300
Површина30.532
Воспоставен(а)2013 (2013)
Управно телоМинистерство за национални ресурси и околина на Руската Федерација

Национален парк Берингија (руски: Берингия) – парк кој се наоѓа на исток на Чукотскиот Автономен Округ (Чукотка), најсевероисточниот регион на Русија. Тој се наоѓа на западната (азиска) страна на Беринговиот Проток.

До пред 11000 г.п.н.е., територијата на паркот била поврзана со земјен мост, познат како Берингија, до Северна Америка. На источната страна, на Алјаска, се наоѓа Националниот резерват на Беринговиот земјен мост, со кој управува Националниот сервис за паркови на САД. Имало разговори меѓу САД и Русија за спојување на овие два национални парка во „меѓународен пар“, но тоа досега не е формализирано.[1] Most of the sparse population in the area are the indigenous Chukchi people or Yupik peoples.[2] Паркот бил прогласен за национален парк во 2013 година.

Паркот се протега на два реони на Чукотскиот Полуостров: Провиденски Реон на југ и Чукотски Реон на север. Топографски тој е приморска планинска субарткичка тундра. Планините со средна височина, просечна висина од 900 метри, со највисок врв Исходнаја со 1194 метра. Исто така паркот има широки рамнини тундра.[1] Климата во областа е субарктичка. Зимите се долги и многу студени, летата се ладни и кратки. Јануари е најстудениот месеци со средна температура во Анадир од −22,6 °C и средна температура од 11,6 °C во јули.[3]

Чукотско Море, меѓу Чукотскиот Полуостров и Алјаска
  1. 1,0 1,1 „Official Park Site, Beringia National Park (in Russian)“. Ministry of Natural Resources and Environment of the Russian Federation. Посетено на 2015-11-01.
  2. „Map of Indigenous Peoples of the North of the Russian Federation“. Norwegian Polar Institute. Text "accessdate " ignored (help)
  3. „Anadyr Climate Normals 1961–1990“. National Oceanic and Atmospheric Administration.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]