Прејди на содржината

Научен консензус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јавноста значително го потценува степенот на научен консензус дека луѓето предизвикуваат климатски промени.[21] Студиите од 2019-2021 година[22][23][24] откриле научен консензус во опсег од 98,7-100%

Научен консензус е колективното расудување, положба и мислење на научната заедница за одредена дисциплина или предмет на проучување. Консензусот повлекува општ договор, иако тоа не мора секогаш да биде едногласност. Научниот консензус не е сам по себе научен аргумент, ниту пак е дел од научниот метод, меѓутоа, сепак тој може да се основа како на научните аргументи, така и на научниот метод.[1]

Консензусот обично се постигнува преку комуникација која се остварува преку конференции, процесот на публикација, репликација (репродуцибилни резултати од другите научници) и рецензија. Сите тие водат до ситуација во која научниците од определена област лесно можат да разберат дека таков консензус постои, но образложувањето на неговото постоење на луѓето кои не се дел од науката (или од соодветната дисциплина) е тешка задача, бидејќи нормалните научни расправи околу деталите би можеле да делуваат како предизвикување (оспорување) на консензусот за овие луѓе.[2] Повремено, научните институти објавуваат посебни изданија во кои накратко се изложува тековниот консензус „во“ и „надвор“ од научната заедница. Во случаи кога постојат малку контроверзии за предметот на проучување, востановувањето на тоа што е консензусот е доста лесен процес.

Научниот консензус може да биде искористен во јавните или политички расправи по прашања кои се јавуваат спорни во јавната сфера, но не и во рамките на научната заедница, како биолошката еволуција[3][4] или отсуство на врска меѓу вакцинацијата и аутизмот.[2]

  1. „consensus“.
  2. 2,0 2,1 Shwed Uri and Peter Bearman (2010)). „The Temporal Structure of Scientific Consensus Formation“. American Sociological Review. 75 (6): 817–840. Посетено на 18 December 2010. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  3. „Statement on the Teaching of Evolution“ (PDF). American Association for the Advancement of Science. 2006-02-16. Посетено на 2008-05-02.
  4. „NSTA Position Statement: The Teaching of Evolution“. National Science Teacher Association. Посетено на 2008-05-02.