Прејди на содржината

Наово

Координати: 41°56′18.96″N 21°34′45.84″E / 41.9386000° СГШ; 21.5794000° ИГД / 41.9386000; 21.5794000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Наово
Навово
Наово во рамките на Македонија
Наово
Местоположба на Наово во Македонија
Наово на карта

Карта

Координати 41°56′18.96″N 21°34′45.84″E / 41.9386000° СГШ; 21.5794000° ИГД / 41.9386000; 21.5794000
Регион Скопски
Општина Гази Баба
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 222 м
Наово на општинската карта

Атарот на Наово во рамките на општината
Наово на Ризницата

Наово (или Навово) — историско село во атарот на с. Идризово територијата на денешна Општина Гази Баба, во југоисточниот дел на Скопскиот Регион. Денес местото се наоѓа близу границите на општините Гази Баба, Кисела Вода и Аеродром. На местото на селото денес има ниви.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во областа Скопска Блатија, североисточно од Скопје. Најблиски населени места се Огњанци (на 2 км) и Петровец.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 11 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 39 мажи христијани, со 2 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 92 жители.[2]

Во XIX век селото ѝ припаѓало на Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Навово живеат 50 Македонци-христијани.[3][4]

Во 1905 г. според Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) Наово (Naovo) има 32 Македонци и 6 Роми.[3][5] По Втората балканска војна во 1913 г. селото потпаѓа под власта на Србија, како и остатокот од територијата на денешна Република Македонија.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го укажува Навово (Navovo) како село со нејасен етнички состав.[6]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. К’нчов, В. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 207
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 114-115.
  6. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927