Прејди на содржината

Музеј на Богдан и Варвара Карненко (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Музеј на Богдан и Варвара Карненко
Національний музей мистецтв імені Богдана та Варвари Ханенків
Поглед кон музејот
Карта
Основан1919
МестоКиев, Украина Украина
ДиректорВера Виноградова, 2010
Мреж. местоhttp://khanenkomuseum.kiev.ua

}} Музејот на Богдан и Варвара Карненко (украински: Національний музей мистецтв імені Богдана та Варвари Ханенків) е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.

Неговото поранешно име е Музеј на западната и ориенталната уметност. Овој музеј содржи една од најважните клекции на странските уметници кои делувале во Украина.

Музејот бил основан во 1918-1919 година. Во текот на советското управување со денешна Украина, музејот бил рангиран на третото место во СССР според вредноста и големината која ја поседува, веднаш по Ермитаж во Санкт Петербург и Пушкинскиот музеј во Москва. денеска, во музејот се наоѓаат збирки од слики, скулптури, цртежи итн.

Објектот каде денеска се наоѓа музејот бил изграден во 21 септември 1887 година, во ренесансна архитектура. Музејот е посветен на покровителот на уметноста, Богдан Карненко, кој за време од 40 години од неговото делување собрал голем беој на уметнички дела во Западна Европа, по престолнините Виена, Берлин, Париз и Мадрид. По неговата смрт во 1918 година, неговата сопруга Варвара ја дала целата колекција на градот Киев како доброволен подарок. На 23 јуни 1919 година колекјцијата била сместена во музеј кој добил подоцна статус на национален.