Прејди на содржината

Монмартр

Од Википедија — слободната енциклопедија
Монмартр од центарот Жорж Помпиду

Монмартр е рид (или на француски: butte Montmartre) со висина од 130 метри, кој се наоѓа на север од Париз во XVIII округ, од десната страна на реката Сена. Ридот на кој се наоѓа Монмартр е највисоката точка на Париз; за да се стигне до врвот се користи фуникуларот или пак се искачуваат 222 скали. Сепак, највисоката улица во Париз е улицата на Телеграфот во XX округ. Монмартр е познат најмногу по базиликата Сакр-Кер која се наоѓа на неговиот врв и како место за ноќен живот, познато по славните паришки кабареа. Другата, постара позната црква на ридот е Сент Пјер де Монмартр, за која се тврди дека била место каде бил основан редот на језуитите. Многу уметници имале атељеа и живееле на Монмартр, како, на пример, Салвадор Дали, Клод Моне, Пабло Пикасо, и Винсент ван Гог.

Историја

[уреди | уреди извор]

Монмартр долго време бил село надвор од Париз. Неговото име веројатно потекнува од Mons Martis (планината на Марс), бидејќи на ридот во минатото имало храм посветен на Марс, богот на војната, во тек на римскиот период. Тука исто така се наоѓал и еден друг храм, посветен на Меркур. Сепак, името можно е да има и една друга етимологија: ридот на маченикот (на француски: le mont du martyre), бидејќи тука, според легендата, бил погубен свети Дени, првиот владика на Париз[1]. Една од историските улици која води до Монмартр се нарекува улица на Мачениците.

По формирањето на комуните и на департманите во 1790, Монмартр станал комуна во департманот на Сена. Монмартр бил едно од најважните места на Париската комуна во 1871.

Булеварот Монмартр. (1897), слика од Камиј Писаро од булеварот што водел до Монмартр од прозорецот на неговата хотелска соба.

Кога Наполеон III и неговиот градски архитект Барон Хосман планирале да го направат Париз најубавиот град во Европа, првиот чекор им бил да им обезбедат земјиште близу до градскиот центар на пријателите на Хосман и на финансиските поддржувачи. Поради тоа жителите на Париз требале да се преместат на нови места како Клиши, Ла Вилет, и на ридот со поглед на градот, Монмартр.

Русите го окупирале Париз. Тие ја користеле височината на ридот за да го бомбардираат градот.[2]

Во еден од рестораните на Монмартр има знак кој вели: На 30 март 1814 - тука Козаците го лансираа нивното фамозно "Бистро" и оттука е потеклото на нашето бистро[3]

LE 30 MARS 1814
LES COSAQUES LANCERENT ICI
EN PREMIER, LEUR TRES FAMEUX "BISTRO"
ET, SUR LA BUTTE, NAQUIT AINSI
LE DIGNE ANCÉTRE DE NOS BISTROTS.
180eme ANNIVERSAIRE
SYNDICAT D'INTIATIVE DU VIEUX MONTMARTRE

Basilica of the Sacré Cœur, Montmartre, Paris.

Бидејќи Монмартр бил надвор од границите на градот, а и бидејќи било ослободено од градски такси а се произведувало вино, ридот бил познато место за пиење. Потоа станал место на слободните уметници, забавата и декаденцијата, особено на крајот на XIX век. Во популарните кабареа како Мулен Руж, Црната мачка, редовно настапувале разни уметници, пејачи и изведувачи како Ивет Гилбер, Марсел Ландер, Аристид Бриан, La Goulue,Дамиа и други.

Во XIX и на почетокот на XX век, Монмартр бил собиралиште на многу славни уметници, како на пример Писаро, Тулуз-Лотрек, Стајнлен, Ван Гог, Модиљани, Пикасо... но освен сликари, тука живееле и престојувале многу познати светски писатели.

Собиралиште на уметниците

[уреди | уреди извор]
Познатиот плакат на Теофил Стајнен за посета на кабарето Црна мачка Le Chat Noir

Во XIX век, уметници како Јохан Јонкинд и Камиј Писаро, дошле да `ивеат на Монмартр. Кон крајот на векот, Монмартр и другите околни делови на Левиот брег, Монпарнас, станале главните уметнички центри во Париз. Бил отворен и ресторан близу до една стара мелница, наречен Мулен де ла Галет.

Пабло Пикасо, Амедео Модиљани, и други сиромашни сликари живееле и работеле во местото наречено Le Bateau-Lavoir во периодот 1904-1909 г.

Биле формирали ликовни здруженија како Набис и Инкохерентните но тука работеле и поединечно сликари како Винсент ван Гог во чии слики се среќава Монмартр како честа инспирација.

Тука живееле и композитори како Сати (кој бил пијанист во Црната мачка). А најголем белег за ноќниот живот оставил сликарот Анри де Тулуз-Лотрек.

Последниот боемски сликар на Монмартр бил Жен Пол (1895-1975), роден на Монмартр и пријател на Утрило.

Високо религиозно париско место

[уреди | уреди извор]
Сакре-Кер
Црквата Сент-Пјер де Монмартр

Ридот на Монмартр е пшознат бидејѓи на него се наоѓаат:

и четири религиозни заедници :

  • Кармелити. Денот го минуваат во богослужба, медитација и рачни работи ;
  • Бенедиктинки на Светото срце во Монмартр. Посветени на молитва и верско обојување во рамки на базиликата. Сепак нивниот дом е поотворен од оној на Кармелитите : тие примаат групи деца, млади, возрасни или стари за молитва.
  • Калуѓерките на Нотр-Дам ди Кенакл. Тоа е мисионерски ред кој има повеќе заедници низ повеќе континенти. Во Монмартр, овие им помагаат на сираците.
  • Калуѓерките од Сент-Фамиј де Бордо.

Монмартр денес

[уреди | уреди извор]
The view from the butte looking towards Centre Georges Pompidou
The view from the butte looking towards Centre Georges Pompidou
Малиот воз на Монмартр кој кружи околу кабарето Мулен Руж.
Скалите на Rue de Mont Cenis.

Во La Bohème (1965), можеби најпознатата песна на францускиот композитор и пејач Шарл Азнавур, сликарот се потсеќа на своите млади денови што ги минал на Монмартр: Je ne reconnais plus/Ni les murs, ni les rues/Qui ont vu ma jeunesse/En haut d'un escalier/Je cherche l'atelier/Dont plus rien ne subsiste/Dans son nouveau décor/Montmartre semble triste/Et les lilas sont morts ('Повеќе не ги препознавам/Ниту ѕидовите ниту пак улиците/Што младоста ми ја видоа/На врвот на едни скали/Го барам ателјето/Во кое ништо живо не остана/Во својот нов декор/Монмартр се чини тажен/И лилиите се мртви'). Песната е за последните славни денови на Монмартр кога тој бил дом и престојувалиште на едни од најголемите сликарски таленти кои го овековечиле во своите слики.

Музејот на Монмартр се наоѓа во куќата во која сликарот Морис Утрило живеел и работел во едно студио на вториот кат. Павилјонот во задниот дел на дворот на куќата е најстариот хотел на Монмартр а еден од неговите први сопственици бил Клод Роз, познат и како Клод од Розимонд, којшто го купил во 1680. Роз бил глумецот кој го заменил Молиер, и кој, исто како неговиот претходник, умрел на сцената. Таа куќа била и првата адреса на Пјер Огист Реноар а и многу други личности минале низ неа.

Токму на врвот на ридот, Просторот Дали го прикажува делото на надреалистот Салвадор Дали. Туристите го посетуваат Монмартр да го почувствуваат духот на времето и на уличното сликарство на Place du Tertre. Многу уметници почиваат на Гробиштата на Монмартр и на Гробиштата Сент Венсен.

Филмот Амелија е снимен токму тука, во овој питорескен кварт.

Монмартр е споменик на културата и е заштитен со цел да се зачува неговата оригиналност а истиот постојано ги привлекува љубителите на уметноста кои доаѓаат тука да творат или да се восхитуваат на туѓото ликовно творештво. Или едноставно да го набљудуваат Париз од највисоката негова точка.

Фуникуларот или Funiculaire de Montmartre, под раководство на RATP, го искачува ридот од јужната страна додека туристичките автобуси циркулираат низ Монмартр олеснувајќи ја прошетката на туристите.

Долу кон југозапад се наоѓа Пигал. Таа област денес, е позната по широката распоространетост на секс шопови и е место на проституција.

На улицата Сент Венсен има мал виноград кој ја продолжува старата традиција на производство на вино на Монмартр. Производството на вино е околу 500 литри годишно.[4]

Познати личности родени на Монмартр

[уреди | уреди извор]

Познати личности што живееле на Монмартр

[уреди | уреди извор]

Монмартр како тема во уметноста

[уреди | уреди извор]

Како собиралиште на уметниците, Монмартр се јавува и како нивна инспирација. На пример, американскито писател Хенри Милер, за Монмартр вели дека е „мрзелив, рамнодушен, некако остарен, не е толку магичен колку што е заводлив, не пушта искри туку тлее со пригушен пламен.“[5] Понатаму, тој пишува дека „Монмартр е целиот пропаднат, избледен, запуштен, нескриено порочен, алчен, порочен. Сè на сè, повеќе е одбивен отколку привлечен, но подмолно одбивен, како и самиот порок.“[6]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Jean-Paul Crespelle, Vie quotidienne a Montmartre au temps de Picasso, 1900-1910]]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. The "place called the mont of Mars, nowby a happy mutation known as the Mont of Martyrs", Miracles of Saint Denis (831) quoted in Young 1978:321 note5.
  2. Leonid Parfyonov. (2004). Russian Empire: Vol. 2, Disk 4, Part 2 (Alexander I). [DVD]. Russia: NTV. Се случува во 00:27:40. 
  3. Leonid Parfyonov. (2004). Russian Empire: Vol. 2, Disk 4, Part 2 (Alexander I). [DVD]. Russia: NTV. Се случува во 00:28:53. 
  4. Information on the Clos Montmartre by Syndicat d'Initiative Архивирано на 14 април 2021 г., retrieved 2008-09-26
  5. Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 8.
  6. Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 8-9.