Брегалничка епархија
Изглед
(Пренасочено од Митрополитот Брегалнички)
| |
Црква „Св. Троица“ - Радовиш | |
Основач | МПЦ |
Независност | |
Признавање | православие |
Поглавар | Иларион |
Седиште | Штип |
Територија | Штип, Радовиш, Кочани, Пробиштип, Свети Николе, Македонска Каменица, Виница, Делчево |
Власт | |
Јазик | македонски, старословенски |
Верници | |
Портал | bregalnickaeparhija.org.mk |
Брегалничката епархија — епархија на МПЦ - ОА која се протега на територијата на градовите: Штип, Радовиш, Кочани, Пробиштип, Свети Николе, Македонска Каменица, Делчево и Виница. Ја возглавува Неговото Вископреосвештенство митрополитот г. Иларион.
Издавачката дејност во Епархијата е прилично развиена. Се јавуваат бројни црковно-канонски публикации. Брегалничката епархија го издава списанието „Троичник“, кој излегува од печат трипати годишно.
Митрополити
[уреди | уреди извор]Име | Години на управување |
---|---|
Митрополит Брегалнички г. Стефан | 12 јули 1986 - 9 октовмри 1999 |
Митрополит Брегалнички г. Агатангел | 26 ноември 2000 – 7 октомври 2006 |
Митрополит Брегалнички г. Иларион | 22 август 2006 - денес |
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Брегалничката епархија е поделена на четири архијерејски намесништва, кои и тие се состојат од повеќе парохии:[1]
- Штипско архијерејско намесништво со архијерејски намесник свештеник Николче Георгиев (сост. 2016 г.);
- Радовишко архијерејско намесништво со архијерејски намесник свештеник Иван Стојменов (сост. 2016 г.);
- Кочанско архијерејско намесништво со архијерејски намесник свештеник Атанас Пармачки (сост. 2016 г.);
- Делчевско архијерејско намесништво со архијерејски намесник свештеник Атанас Поповски (сост. 2016 г.);
Најпознати манастири и цркви:
- Соборен храм „Св. Никола“, Штип
- Црква „Св. Троица“ - Радовиш
- Лесновски манастир - Св. Архангел Михаил
- Манастир Конче - Св. Стефан
- Манастир Пирог - Успение на Пресвета Богородица
- Црква Св. Јован Крстител, Штип
- Црква Св. Спас, Штип
- Црква Св. Архангел, Штип
- Црква Св. Никола, с. Крупиште
- Црква „Св. Илија“, Радовиш
- Манастир Св. Пантелејмон, с. Брест, Радовиш
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Трајановски Александар, (2008), Возобнување на Охридската Архиепископија како Македонска православна црква и нејзиниот шематизам, Скопје, 345.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|