Прејди на содржината

Микровалто

Координати: 40°5′N 21°53′E / 40.083° СГШ; 21.883° ИГД / 40.083; 21.883
Од Википедија — слободната енциклопедија
Микровалто
Μικρόβαλτο
Микровалто is located in Грција
Микровалто
Микровалто
Местоположба во областа
Микровалто во рамките на Серфиџе-Велвендо
Микровалто
Местоположба на Микровалто во Општина Серфиџе и областа Западна Македонија
Координати: 40°5′N 21°53′E / 40.083° СГШ; 21.883° ИГД / 40.083; 21.883
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаСерфиџе
Општ. единицаКамбуница
Надм. вис.&10000000000000750000000750 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно333
Час. појасEET (UTC 2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC 3)

Микровалто (грчки: Μικρόβαλτο) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 333 жители (2011).

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото е сместено југозападно од Серфиџе и јужно од Кожани, во долината на реката Бистрица, во подножјето на планината Камбуница, на надморска височина од 750 м.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Микрос Валтос се води како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 42 куќи.[3]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Микровалтон живееле 280 Грци христијани.[4]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Микровалто броело 406 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 360 лица.[2]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Населението произведува жито, компири, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 581 795 851 662 696 746 602 333
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 23 квадратни километри.[2] Општината Микровалто била приклучена во општината Камбуница во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе.

Селото припаѓа на општинската единица Камбуница со седиште во селото Трановалто, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Микровалто, во кој е единствено село.

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 321–322.
  3. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 59.
  4. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.