Прејди на содржината

Меѓународен ден на Ромите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ромското знаме

Меѓународен ден на Ромите – ден на прослава на ромската култура и подигање на свеста за проблемите со кои се соочуваат Ромите. Денот службено бил прогласен во 1990 година во Сероцк, Полска, местото каде што се одржал четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија во спомен на првата поголема меѓународна средба на ромските претставници кој бил одржан во Чесфилд крај Лондон од 7 до 12 април 1971 година. На тој конгрес била донесена одлука за ромската химна за која била избрана песната Ѓелем, ѓелем (ромски): „Одев, одев“) и одлука за знамето за кое била одбрана сино-зелена двобојка со црвена точка во средината, симбол на напредокот и движењето, но и миграција на Ромите во текот на историјата.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Istorija, kultura, i tradicija Roma“ (PDF). osvit.rs. Архивирано од изворникот (PDF) на 18 февруари 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]