Прејди на содржината

Мери Хигинс Кларк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мери Хигинс Кларк
Хигинс Кларк во Музејот Маза во 2012
Роден/аМери Тереса Елеонор Хигинс
24 декември 1927(1927-12-24)
Бронкс, Њујорк, САД
Починат/ајануари 31, 2020(2020-01-31) (возр. 92)
Нејплс, Флорида, САД
ПсевдонимМери Хигинс Кларк
Занимањеписател
Апсолвент наУниверзитет Фордхем
Период1975–2020
Жанртрилер, мистерија, психолошки трилер
Сопруг/аВарен Кларк (в. 1949; died 1964)
Рејмонд Плоиц (в. 1978; annulled 1986)
Џон Џ. Конини (в. 1996; died 2018)
Деца5, вклучително и Карол Хигинс Кларк
мрежно место
maryhigginsclark.com

Мери Тереса Елеонор Хигинс Кларк, (англиски: Mary Theresa Eleanor Higgins Clark, 24 декември 1927 – 31 јануари, 2020),[1] позната професионално само како Мери Хигинс Кларкамериканска писателка на психолошки трилери. Секоја од нејзините 51 роман биле најпродавани во САД и меѓу светската читателска публика. Нејзиниот роман „Каде се децата?“ (Where Are the Children?) достигнало седумдесет и петто издание.

Хигинс Кларк започнала со пишување од рана возраст. Неколку години работела како секретарка и лектор, а потоа поминала една година како стјуардеса. По една година ја оставила работата, се омажила и основала семејство. Личниот приход во тој период бил воглавно од пишување кратки раскази. Откако починал нејзиниот сопруг во 1964 година, Хигинс Кларк долги години работела како сценарист на радио емисии сè до моментот кога нејзиниот агент ја убедил да почне да пишува романи. Нејзините романи, трилери, се продале во над 100 милиони примероци во САД.[2]

  1. Great Women Mystery Writers, 2nd Ed. by Elizabeth Blakesley Lindsay, page 40, 2007, Greenwood Press; ISBN 0-313-33428-5
  2. „Mary Higgins Clark“. Simon & Schuster. Архивирано од изворникот на December 18, 2007. Посетено на 2007-02-12.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]