Мери Андерсон
Мери Андерсон | |
---|---|
Роден(а) | 19 февруари, 1866 Грин Каунти, Алабама |
Починал(а) | јуни 27, 1953 Монтигл, Тенеси | (возр. 87)
Занимање | изумител |
Познат(а) по | (1903) бришачи за ветробранско стакло |
Мери Андерсон (англиски: Mary Anderson; 1866 – 1953)[1] била изумител на бришачите за ветробранското стакло за автомобили. Патенот ѝ бил назначен во 1903 година.[2]
Изум
[уреди | уреди извор]Пред да биде произведен првиот автомобил во Соединетите Американски Држави, Мери Андерсон, 1903 година патентирала механички брисачи за предното стакло. Со раѕновидни интереси и прагматична, Мери Андерсон, успешно се занимавала со градењето, а успешно одгледувала и јасмин.
Механизмот, кој се состоел од рачка, лост и обложена гума, од 1916 година, бил стандарден дел од опремата во Соединетите Американски Држави, а по истекот на своите права, во 1920 година, нејзиниот изум бил воведен во автомобилската индустрија низ целиот свет. Од нејзиниот патент, за време на нејзиниот живот, Марија Андерсон немала многу. Се обидела да го откупи правото за произведување на бришачи во голема мера но не било успешно. Единствениот приход што го заработила од нејзиниот патент била еднократна провизија за пренесување на правото на производство за одреден период, но условите биле многу неповолни за неа.
Во почетокот на пронајдокот на Мери Андерсон, се наоѓал на остри критики, дури и потсмевање. Многу сметале дека брисачите за предно стакло, му го одвлекуваат вниманието на возачот во текот на возењето. Обичен начин за чистење на предното стакло во текот на патувањето,во почетокот на 20. век, се подразбирало застанување на автомобилите и рачно бришење на предното стакло од автомобилот.
Европска асоцијација на произведувачите на автомобили, објавила податок дека во 2008 година. се произведени околу 50 милиони автомобили во светот. Сите тие во себе го имаат вградено пронајдокот на Мери Андерсон.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Obituary Архивирано на 8 јули 2011 г., Birmingham Post-Herald, June 29, 1953
- ↑ United States Patent 743,801, Issue Date: November 10, 1903
Извори
[уреди | уреди извор]- Мери Андерсон[мртва врска]
- Мери Андерсон Архивирано на 9 март 2009 г. на mit.edu.
- Мери Андерсон Архивирано на 18 јуни 2009 г. на women-inventors.com.