Маупити
Маупити Мауруа | |
---|---|
Остров | |
Фотографија на НАСА од островот Маупити. | |
Карта на Маупити | |
Земја | Франција |
Прекуморски региони на Франција | Француска Полинезија |
Архипелаг | Друштвени Острови |
Група | Заветрени Острови |
Површина | |
• Вкупна | 11 км2 (4 ми2) |
Надм. вис. | 380 м |
Население | |
• Вкупно | 1.200 |
• Густина | 110/км2 (280/ми2) |
Маупити чие поранешно име било Мауруа[1] е мал корален атол со вулкански остров во средината. Тој припаѓа на групата Заветрени Острови, дел од архипелагот на Друштвените Острови кои се наоѓаат во Тихиот Океан на територијата на Француска Полинезија. Островот има 1.200 жители на површина од 11 км2.
Историја
[уреди | уреди извор]Постојат археолошки артефакти од стара полинезиска култура кои датираат од пред најмалку 850 г. Првиот Европеец кој пристигнал на островот бил Холанѓанецот Јакоб Рогевин во 1722 година. Историски, островот имал силни културни врски со Бора Бора.
Географија
[уреди | уреди извор]Маупити се наоѓа во западниот дел на Заветрените Острови во Француска Полинезија. Тоа е најзападниот вулкански остров во архипелагот, 40 км западно од Бора Бора[2]. Централниот остров Маупити има висок врв кој се издига до 380 метри надморска височина и површина од 11 км2. Лагуната има големи и рамни корални острови во северниот гребен. Островот се смета за мала сестра на Заветрените острови, со целата полинезиска автентичност на островите Тахити.
Администрација
[уреди | уреди извор]Маупити административно е комуна (општина) во групата Заветрени Острови. Главната населба е Вајеа.
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот во 2007, на островот живеат околу 1200 жители. Основната економска активност на Маупити е производство на нони.
Туризам
[уреди | уреди извор]Близок до Бора Бора, се смета за бисер на Јужниот Тихи Океан. Тој е вулкански и планински остров опкружен со лагуна со кристално чиста вода и бел песок (островчиња). На Маупити не постои ниту хотел, бар, ресторан, ниту ноќен клуб. Нема никаков туристички капацитет освен еден мотел на плажата Тиера[2]. Маупити е достапен со авион преку Бора Бора или Рајатеа. Единствениот приод што води кон надворешниот свет е релативно опасен, што објаснува зошто Маупити долго време бил безбеден од европската колонизација.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ https://www.britannica.com/place/Iles-Sous-le-Vent#ref967889
- ↑ 2,0 2,1 COUSIN, Simon. „Maupiti - The Secret Island“. Tahiti Nui Travel (англиски). Посетено на 2018-12-21.