Маркгрофовска оперска куќа
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Маркгрофовска оперска куќа | |
Критериум | културно: i, iv |
Навод | 1379 |
Запис | 2012 (XXXVI заседание) |
Маркгрофовска оперска куќа (германски: Markgräfliches Opernhaus) или Маркгрофовска опера е барокна оперска куќа во градот Бајројт, Германија, изградена помеѓу 1744 и 1748 од Јозеф Сен-Пјер. Таа е една од неколку преостанати театри во Европа од овој период и била во голема мера обновена. Внатрешноста била дизајнирана од Џузепе Гали Бибјена и неговиот син Карло од Болоња во доцен барокен стил. Принцезата Вилхелмина од Прусија (постарата сестра на Фридрих Велики), жена на Фридрих (маркгроф на Бранденбург-Бајројт), учествувала како писател, играч, композитор, глумец и режисер.
Големината на сцената (27 метри)[1] го привлекла Рихард Вагнер, кој подоцна ја изградил својата Фестивалска сала во Бајројт, северно од градот.
Секој септември, театарот е домаќин на Бајројтскиот барокен фестивал, со изведби на ретки оперски дела.
На 30 јуни 2012, оперската куќа била впишана во списокот за светско културно наследство на УНЕСКО.[2]
Театарот е затворен од август 2012 поради опсежно реновирање и реконструкција, процес кој се очекува да трае неколку години.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Град Бајројт: Туристички информации Архивирано на 20 декември 2013 г., 1 јули 2012
- ↑ УНЕСКО: Маркгрофовска оперска куќа Бајројт, 1 јули 2012
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Маркгрофовска оперска куќа“ на Ризницата ? |
- Официјални информации
- Информации за годишниот Бајројтски барокен фестивал Архивирано на 10 февруари 2010 г. кој се одржува во оперската куќа
49°56′40″N 11°34′42″E / 49.944371° СГШ; 11.578302° ИГД
|