Манастиречка парохија
Манастиречка парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Бродското архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Св. Богородица“ во селото Горни Манастирец.
Оваа сегашна парохија е составена од шест поранешни парохии, коишто згаснале поради отселувањето на населението од овие села (миграција село-град во 1970-тите години). Поранешни парохии кои денес се во состав на манастиречката парохија: Локвичка парохија, Томиноселска парохија, Ковачка парохија, Бенечка парохија и Требовска парохија. Парохиски свештеник e Боге Богески.
Парохијата ги опфаќа селата: Белица, Бенче, Битово, Близанско, Брезница, Брест, Вир, Волче, Горни Манастирец, Горно Ботушје, Горно Крушје, Долни Манастирец, Долно Ботушје, Долно Крушје, Звечан, Здуње, Зркле, Инче, Калуѓерец, Ковач, Ковче, Косово, Локвица, Лупште, Могилец, Модриште, Рамне, Растеш, Самоков, Слатина, Сушица, Тажево, Томино Село, Тополница, Требовље и Црешнево.
Цркви
[уреди | уреди извор]Ова е список на црквите во парохијата.[1] Можно е списокот да е нецелосен.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Манастиречка парохија на Ризницата ?