Прејди на содржината

Мало црноглаво грмушарче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мало црноглаво грмушарче
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Грмушари
Род: Sylvia
Вид: Мало црноглаво грмушарче
Научен назив
Sylvia melanocephala
(Gmelin, 1789)
Подвидови

2-6, види во текстот

Малото црноглаво грмушарче (научSylvia melanocephala) е вообичаена и распространета птица, претежно во средоземниот регион. Ја има и во Македонија.

Подвидови

[уреди | уреди извор]

Се разликуваат следниве подвидови:

  • Sylvia melanocephala melanocephala, (Gmelin, 1789), Пиринејски Полуостров преку северното Средоземје до западна Турција. Зимува во Сахел и во оазите на Сахара;[2] ; голем, со долги крилја, со поостар врв на опашката; потемен, без црвеникаво кај мажјаците, женките одозгора се од темно маслинавокафеави до маслинавосиви;[2]
  • Sylvia melanocephala leucogastra, (Ledru, 1810), често вклучени во melanocephala[2]; Канарски Острови, постојан жител; средно голем, со пократки крилја и поголем клун;
  • Sylvia melanocephala momus (Hemprich & Ehrenberg, 1833), Близок Исток, постојан жител; помала, со кратки крилја; варијации помеѓу кафеавосиво и пепелаво, а одоздола секогаш со црвеникав сјај;[2]
  • Sylvia melanocephala norissae (Nicoll, 1917), делтата на Нил; изумрен од околу 1940;[2]
  • Sylvia melanocephala valverdei (Cabot & Urdiales, 2005) - неодамна одвоен од melanocephala; Мароко, на југ до работ на Сахара; постојан жител; средноголем, најсветол подвид, долните делови се чисто бели.[2]

Малото црноглаво грмушарче е долго 13-14 см, и како и другите видови од неговото семејство има изразен полов диморфизам. Мажјаците имаат сив грб, белкави долни делови, црна глава, бел врат и црвен прстен околу очите. Пердувите имаат свои варијанти дури и на едно место, со интензитетот на црвеникава нијанса на горните или долните делови. Женките се кафеави одозгора и кремави одоздола, со сива глава.

Поведение

[уреди | уреди извор]
Sylvia melanocephala јајца
Cuculus canorus canorus Sylvia melanocephala

Живеалиштето на оваа птица се топлите делови од Европа, Средоземјето и северна Африка, отворените шумските предели со густи грмушки, како и парковите и градините. Благодарение на топлата клима тие се постојани жители и немаат потреба од преселба, иако мал број сепак се селат во Африка.

Се хранат претежно со инсекти, но и со бобинки и меко овошје наесен и зиме.

Размножување

[уреди | уреди извор]

Во април или мај овие птици градат гнездо во облик на чашка, ниско во грмушките. Несат 3-5 јајца, бели испрскани со кафеави потемни и посветли дамки. Периодот на квачење трае 13-14 дена, а тоа и хранењето на пилињата, мажјакот и женката го прават заедно. Младенчињата го напуштаат гнездото по десетина дена, но се кријат во растителноста. Во една сезона, овие птици имаат едно до две легла.

  1. BirdLife International (2012). Sylvia melanocephala. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Cabot & Urdiales (2005)
  • Cabot, J. & Urdiales, C. (2005): The subspecific status of Sardinian Warblers Sylvia melanocephala in the Canary Islands with the description of a new subspecies from Western Sahara. Bull. B.O.C. 125(3): 165-175.
  • Helbig, A.J. (2001): Phylogeny and biogeography of the genus Sylvia. In: Shirihai, Hadoram: Sylvia warblers: 24-29. Princeton University Press, Princeton, N.J.. ISBN 0-691-08833-0
  • Jønsson, Knud A. & Fjeldså, Jon (2006): A phylogenetic supertree of oscine passerine birds (Aves: Passeri). Zool. Scripta 35(2): 149–186. doi:10.1111/j.1463-6409.2006.00221.x (HTML abstract)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]