Мала барска кокошка
Мала барска кокошка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Жеравовидни |
Семејство: | Блатни кокошки |
Вид: | Мала барска кокошка |
Научен назив | |
Porzana parva (Scopoli, 1769) |
Малата барска кокошка (науч. Porzana parva) е многу мала крајбрежна птица од семејството на блатните кокошки. Ја има во Македонија во периодот на презимување.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Малата барска кокошка е распространета низ источниот дел на Европа до западен Сибир, и делумно во Средна Европа и западна Азија. Живее во мочурливи области обраснати со трска, а бидејќи плива добро, се населува поблизу до водата. Таа е птица преселница, која презимува во југозападна Европа, на Средоземјето, и источна и северна Африка. Лета во октомври и се враќа во март.
Опис
[уреди | уреди извор]Малата барска кокошка е долга 17-19 см, со распон на крилјата 34-39 см. Малку е помала од дамчестата барска кокошка. Мажјаците тежат 30-72 грама, е женките 36-65. Животниот век им е речиси 6 години. Возрасните мажјаци се главно светлокафени одозгора со синосиво лице и долни делови од телото. Имаат зелени нозе со долги прсти и куса опашка која е обрабена со црно и бело одоздола. Женките се светло кремави одоздола, а сиви само во лицето. Малденчињата се слични на женките, но со бело лице и гради. Пувкастите пилињата се црни, како кај сите блатни кокошки. Клунот им е краток и прав, жолт, со црвена основа.
Малата барска кокошка е активна дење, особено наутро и приквечер. Мажјаците се огласуваат претежно во раните утрински часови со квек-квек, а женките испуштаат пек-пек-пел или кик звук.
Размножување
[уреди | уреди извор]За време на сезоната за парење, овие птици се многу таинствени и повеќе можат да се слушнат отколку да се видат. Тогаш се доста бучни. Гнездото претставува широка чинија од груби гранки и трски, послано со помек материјал, сместено на посува место меѓу трските. Обично имаат едно легло годишно. Несат 4-7 јајца, жолтеникави со кафеави дамки, со пречник од 29 мм. Јајцата ги квачат двата родитела во период од 21 до 23 дена. По испилувањето, малечките остануваат уште 8 дена во гнездото. Се осамостојуваат по 50 дена.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Овие птици колваат со нивниот клун во калта или плитката вода или ја здогледуваат храната на површината. Главно јадат инсекти и ситни водни животни.
Стаус
[уреди | уреди извор]На малата барска кокошка се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.
„Мала барска кокошка“ на Ризницата ? |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2012). „Porzana parva“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.