Прејди на содржината

Магнат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јан Замојски — важен полски магнат од XVI век

Магнат (латински: magnas, т.е. „голем човек“) — благородник што зазема висока положба по раѓање, богатство или други квалитети. Во средновековието, изразот се користел за да се разликуваат големите земјопоседници и богатите војсководци (херцози, грофови итн.) од бароните.[1][2][3]

Во Англија, магнати биле исклучително богатите благородници што се појавиле откако Едвард III го раскинал кралството меѓу неговите синови наместо да го остави на еден син. Зголемениот судир меѓу овие благородници (и нивните наследници) и спорот околу кралската титула довеле до внатрешни војни, како Војната на розите.[4]

Во денешно време, изразот магнат (со синоними како тајкун, голем индустријалец, барон) се користи за деловен магнат — исклучително богат и влијателен стопанственик.

  1. „Magnates and kings“. National Museum of Denmark (англиски). Посетено на 2024-03-21.
  2. „магнат“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „магнат“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  4. Pugh, T. B. (1972). „The magnates, knights and gentry“. Во S. B. Chrimes, C. D. Ross and R. A. Griffiths (уред.). Fifteenth-Century England, 1399–1509: Studies in Politics and Society. Manchester University Press. стр. 86. ISBN 9780064911269. Посетено на 17 July 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]