Прејди на содржината

Магдебург

Координати: 52°8′0″N 11°37′0″E / 52.13333° СГШ; 11.61667° ИГД / 52.13333; 11.61667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Магдебург
Магдебуршката катедрала — симбол на градот
Магдебуршката катедрала — симбол на градот
Магдебуршката катедрала — симбол на градот
Грб на Магдебург
Магдебург во рамките на Германија
Магдебург
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Урбан округ
Градски единици 40 реони
Градоначалник Луц Тримпер (СПД)
Основни податоци
Површина 201 км2
Надм. височина 43 м
Население 239.364 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 1.191 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC 1/ 2)
Рег. табл. MD
Пошт. бр. 39104-39130
Повик. бр. 0391
Портал www.magdeburg.de
Координати 52°8′0″N 11°37′0″E / 52.13333° СГШ; 11.61667° ИГД / 52.13333; 11.61667

Магдебург (герм. Magdeburg; Долносаксонски: Meideborg, (Мајдеборг)), е најголемиот град[2] и главен град на покраината Саксонија-Анхалт, Германија. Магдебург е сместена на реката Елба и бил еден од најважните средновековни градови во Европа.

Императорот Ото I, првиот цар на Светото Римско Царство, живеел најголем дел од неговото владеење во градот и бил погребан во катедралата по неговата смрт. Магдебуршката верзија на германското градско право, познато како Магдебуршко право, се проширило низ Средна и Источна Европа. Градот, исто така, е добро познат по магдебуршката опсада во 1631, која го зајакнала протестантскиот отпор во текот на Триесетгодишната војна.

Магдебург е седиште на два универзитета, Универзитет Ото фон Герике и Универзитетот за применети науки Магдебург-Штендал.

Денес, Магдебург е сообраќајна крстосница, како и индустриски и трговски центар. Производството на хемиски, челични, хартиени и текстилни производи е од особено економско значење, заедно со тешката машинска индустрија. Заедно со уште десет други градови во Саксонија-Анхалт, Саксонија и Тирингија, Магдебург е член на Средногерманската метрополитенска област.

Во 2005, Магдебург ја прослави својата 1200-годишнина.

Историја

[уреди | уреди извор]
Царот Отон I и неговата жена Едит пристигнуваат во близина на Магдебург, на слика од 19-от век

Основан од Карло Велики во 805 како Магадобург (веројатно од старогорногерманскиот јазик magado за голем, силен и burga за тврдина'[3]), градот бил утврден во 919 од кралот Хенрик I Птичар против Унгарците и Словените. Во 929 градот преминал во рацете на ќерката на Едвард Постариот Едит, преку нејзиниот брак со синот на Хенрик Отон I, како утрински подарок — вообичаен германски подарок, кој го добива новата невеста од зетот и неговото семејство по првата брачна ноќ. Едит го сакала градот и често живеела таму; по нејзината смрт била погребана во крипта во бенедиктанската опатија Свети Маврикиј, подоцна изградена како катедрала. Во 937, Магдебург бил седиште на кралското собрание. Отон I, исто така, постојано се враќал во него и исто така бил погребан во катедралата. На опатијата ѝ доделил право на приход од различни десетоци и бесплатна работна сила од околните села.

Надбискупијата Магдебург била основана во 968 на синодот во Равена; Адалберт Магдебуршки бил претставен како негов надбискуп. Надбискупијата под Тили ги вклучила бискупиите Хафенберг, Бранденбург, Мерзебург, Мајсен и Цајц-Наумбург. Надбискупите одиграле значајан улога во германската колонизација на словенските земји источни од реката Елба.

Во 1035, Магдебург добил право да организира трговски изложби и конвенции, кое било основа на подоцнежните градски права, познато како Магдебуршко право. Овие права биле донесени и преработени низ Средна и Источна Европа. Посетителите од многу држави започнале со трговија со Магдебург.

Магдебургер Рајтер, 1240, првата статуа на јавач, северно од Алпите

Во 13-от век, Магдебург станал член на Ханзата. Со повеѓе од 20.000 жители, Магдебург бил еден од најголемите градови во Светото Римско Царство. Градот имал активна морска трговија со западот (кон Фландрија), со државите од Северното Море и одржувал сообраѓај и врски со внатрешноста (на пример Брауншвајг). Граѓаните постојано се бореле против надбискупот, станувајќи речиси независни од него на крајот на 15-от век.

Во 1524 Мартин Лутер бил повикан во Магдебург, каде проповедал и предизвикал пребегнувањето на градот од Католицизмот. протестантската реформација, брзо пронашла приврзаници во градот, каде Лутер бил ученик. Императорот Карло V постојано го казнувал непослушниот град, кој се приклучил на алијансата Торгар и шмалкалденскиот сојуз. Поради тоа што не го прифатил „Interim“ (1548), градот, по наредба на царот, бил опколен (1550–1551) од страна на Морис, електор на Саксонија, но успеал да ја задржи независноста. Владеењето на надбискупот било заменето од неколку администратори, кои припаѓале на протестантската династија. Во следните години, Магдебург се стекнал со репутација како упориште на Протестантството и станал првиот поголем град, кој ги објавил делата на Лутер. Во Магдебург Матијас Влачиќ Илирик и неговите придружници ги напишале антикатоличките памфлети и Магдебуршки центурии, во кои тие тврдат дека римокатоличката црква станала кралство на антихристот.

Во 1631, во текот на Триесетгодишната војна, царските единици по Јохан Церклас Тили, упаднал во градот и извршил масакр, убил околу 20.000 жители и го запалил градот во Опсадата на Магдебург. Градот ја издржил првата опсада во 1629 од страна на Албрехт фон Валенштајн. По војната, останало население од само 400. Според Вестфалскиот мир (1648), Магдебург бил доделен на Бранденбург-Прусија по смртта на моменталниот администратор, Август од Саксонија-Вајсенфелс, како полуавтономно Војводство Магдебург; ова се случило во 1680.

Во текот на Наполеоновите војни, тврдината била опколена од француските сили во 1806. Градот бил припоен кон француско-контролираното Кралство Вестфалија со Тилзитскиот мир од 1807. Кралот Жером се сретнал со грофот Хајнрих фон Блументал како градоначалник. Во 1815, по Наполеоновите војни, Магдебург станал главен град на новата пруска провинција Саксонија. Во 1912, старата тврдина била затворена, а во 1908 општината Ротензе станала дел од Магдебург.

Центарот на Магдебург има бројни сталинистички неокласични згради.

Кон крајот на Втората светска војна, градот со околу 340.000 жители станал главен град на провинцијата Магдебург. Во фабриката Магдебург/Ротензе се произведувала синтетичка нафта од јаглен лигнит, поради што била цел во текот на нафтената кампања во Втората светска војна. Импресивните предградија во Gründerzeit северно од градот, наречено Нордфронт, биле уништени, како и главната градска улица со нејзините барокни згради. По војната, областа беше дел од Советската окупациона зона и многу од преостанатите предвоени градски згради биле уништени, единствено само неколку згради во близина на катедралата се реконструирале во нивниот предвоен стил. Пред реобединувањето на Германија, многу преживеани Gründerzeit-згради биле оставени ненаселени и, по многу години уништување, чекале за уривање. Од 1949 до германското повторно обединување на 3 октомври 1990, Магдебург припаѓаше на Германската демократска република.

Во 1990 Магдебург станал главен град на новата покраина Саксонија-Анхалт, во рамките на обединета Германија. Градскиот центар бил повторно изграден, речиси исклучиво во модерен стил.

Главни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Поглед на Магдебург, од кулата на Јоханискирхе
Внатрешноста на Магдебуршката катедрала, гледајќи кон гробот на Отон I
Јартаузентурм (милениумска кула)

Катедрала

[уреди | уреди извор]

Една од најимпресивните градби во Магдебург, е лутеранската катедрала на Светите Катерина и Маврикиј, има висина од 104 метри: највисоката црква во источна Германија. Позната е по своите убави и уникатни скулптури, особено „Дванаесетте Девици“ на северната страна, моштите на Отон I и неговата жена Едита, како и статуите на Св. Маврикиј и Св. Катерина. Статуата на свети Маврикиј (околу 1250), држи меч и носи синџир, е една од неколкуте, каде Маврикиј е прикажан како црн човек со африкански одлики. Со оглед на тоа дека Маврикиј бил Египќанец, не е изненадување дека не постојат многу вакви претстави. Всушност, тоа е најстариот приказ на црн човек во Европа. Света Катерина е облечена како млада тинејџерка од времето во кое е создадена статуата - што е еднакво на една девојка во фармерки и маички денес. (Доста голем скандал.)

Претходникот на катедралата била црква изградена во 937 година како опатија, наречена Св. Маврикиј. Императорот Отон I бил погребан тука, покрај неговата сопруга во 973 година. Свети Маврикиј до темел изгорел во 1207. Точната локација на таа црква останала непозната долго време. Основите биле пронајдени во мај 2003, откривајќи една зграда 80 метри долга и 41 метар широка..

Изградбата на новата црква траела 300 години. Катедрата на Свети Катерина и Маврикиј била готска црква во Германија. Црквата била завршена во 1520 година.

Додека катедралата буквално била само згради, ги преживеала масакрите од Триесетгодишната војна, но сепак претрпела голема штета во Втората светска војна. Набрзо, била обновена и завршена во 1955.

Олоштадот пред катедрлата (понекогаш наречен Neuer Markt (Нојер Маркт), или „ново место за пазар“) бил окупиран од страна на царската палата (Kaiserpfalz), која била уништена во оган во 1207. Камењата од урнатините биле користени за зградата на катедрлата. Остатоците од палатата беа ископана во 1960-тите.

Други знаменистости

[уреди | уреди извор]
  • Манастир Унзер Либен Фрауен (Нашата мила дама), 11 век, во него е и црквата Свети Богородица. Денес е музеј за современа уметност. Дом на покраинската збирка на мали уметнички статуи на ГДР (Nationale Sammlung Kleinkunstplastiken der DDR).
  • Magdeburger Reiter („Магдебургер Рајтер“, 1240), првата скулптура со јавач северно од Алпите. Можеби го претставува царот Отон I.
  • Градска куќа (1698). Оваа зграда постои на главниот плоштад од 13-от век, но и таа била уништена во Триесетгодишната војна; новата градска куќа била изградена во ренесансен стил под влијание на холандската архитектура. Била реновирана и повторно отворена во октомври 2005.
  • Ландтаг; седиште на владата на Саксонија-Анхалт со нејзината барокна фасада изградена во 1724.
  • споменици на Ото фон Герике (1907), Ајке фон Репков и Фридрих Вилхелм фон Штојбен.
  • Урнатини од најголемата тврдина во поранешното Кралство Прусија.
  • Ротехорн-Парк.
  • Елбауенпарк заедно со највисоката дрвена структура во Германија.
  • Црква Свети Јован (Johanniskirche)
  • Грусон-Гевексхојзер, ботаничка градина во рамките на комплексот со стаклена градина
  • Воден Мост Магдебург, европски најголем воден мост
  • „Die Grüne Zitadelle“ или зелена цитадела Магдебург, голема, розова зграда вомодерен архитектонски стил, дизајнирана од страна на Фриденсрајх Хундертвасер и е завршена во 2005.
  • Мост Ерусалим.

Магдебург е еден од поглавните градови, во текот на велосипедската патека Елба (Elberadweg).

Значајни места

[уреди | уреди извор]
Берделандхале
Езерска бина во Елбауенпарк
  • Берделандхале – најголема повеќенаменска сала во Саксонија-Анхалт
  • AMO - културна и конгресна сала
  • Altes Theater am Jerichower Platz – поранешен театар, користен за забави и конгреси
  • Stadthalle - Концертна сала
  • Црква Св. Јоханис
  • Езерска бина во Елбауенпарк
  • Саем-Магдебург
  • Црква Св. Павле
  • Концертна сала-„Георг Филип Телеман“ во „манастирот Унзер либен Фрауен“
  • Проект 7 – ноѓен клуб на кампусот на универзитетот Ото фон Герике. Концерти со инди-поп и рок-музика
  • Фабрика - поранешна фабрична сала, се претставуваат германски и меѓународни поп-, рок-, метал- и инди-бендови
  • Kulturwerk Fichte – неколку видови на објекти и конференции
  • Prinzzclub – In-Club at Halberstädter Straße – места за хаус и електромузика
  • Festung Mark – дел од поранешното градско утврдување, сега изградено за забави и конвенции
  • Kunstkantine – кантина во фабрика, месечно електронска музика забава
  • Funpark-Magdeburg – диско-комплекс со неколку музички области
  • Kiste – студентски клуб на медицинскиот факултет на Универзитетот
  • Feuerwache – стара противпожарна станица - изградена за забави

Универзитет

[уреди | уреди извор]

Универзитет Ото фон Герике Магдебург (герм.: Otto-von-Guericke-Universität Magdeburg) бил основан во 1993 и е еден од најмладите универзитети во Германија. Универзитетот во Магдебург има околу 13.000 студенти на девет факултети. Има издадено над 11.700 публикации во меѓународни списанија во светот.

Универзитетот за применети науки Магдебург-Штендал бил основан во 1991. Има над 30 директни студиски програми на 5 департмани во Магдебург и два во Штендал. Универзитетот има повеќе од 130 професори и околу 4.500 студенти во Магдебург и 1.900 во Штендал.

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Магдебург има горда историја на спортски тимови, но фудбалот е дефинитивно најпопуларен. 1. ФК Магдебург моментално играат во Регионална лига Север. Сега непостоечките клубови СВ Викторија 96 Магдебург и Крикет Викторија Магдебург биле први фудбалски клубови во Германија. 1. ФК Магдебург е единствениот источногермански фудбалски клуб, кој го освоил европското клупско фудбалско натпреварување. Исто така, има и многу успешен ракометен клуб, СК Магдебург Гладијатори, кој бил прв германски клуб кој победил во лигата на шампиони EHF.

Градот е претставен на картата на Medieval II: Total War како замок на бунтовниците.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Магдебург е збратимен со:

  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
  2. „Население: Магдебург го претрка Хале“ Архивирано на 1 септември 2011 г.(германски)
  3. „Магдебург: Девица или Голем? Објаснување на името на местото“. Onomastik.com. Посетено на 2010-07-24.(германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]