Прејди на содржината

Луково (Струшко)

Координати: 41°20′57″N 20°36′16″E / 41.34917° СГШ; 20.60444° ИГД / 41.34917; 20.60444
Од Википедија — слободната енциклопедија
Луково

Поглед на селото Луково од црквата Св. Ѓорѓија

Луково во рамките на Македонија
Луково
Местоположба на Луково во Македонија
Луково на карта

Карта

Координати 41°20′57″N 20°36′16″E / 41.34917° СГШ; 20.60444° ИГД / 41.34917; 20.60444
Регион  Југозападен
Општина  Струга
Област Дримкол
Население 268 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6337
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26030, 26530
Надм. вис. 821 м
Слава Ѓурѓовден и Голема Богородица
Луково на општинската карта

Атарот на Луково во рамките на општината
Луково на Ризницата

Луково — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.

До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, а служи како главно село за останатите села во околината.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед на Долното Маало на Луково

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северозападниот дел на територијата на Општина Струга, во северозападниот дел на Струшкото Поле, од левата страна на заезерената долина на Црн Дрим.[2] Селото е планинско, во кое што некои куќи се издигаат дури на надморска височина од 1.000 метри. Од градот Струга е оддалечено 26 километри.[2]

Селото Луково се наоѓа во областа Долни Дримкол, на источните падини на планината Рујница, која е северна огранка на Јабланица. Се состои од две маала: Горно и Долно. Селото е оддалечено 26 километри северно од Струга и 28 километри јужно од Дебар.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Луково било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Погон во селото

Атарот зафаќа простор од 13,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 861 хектар, на пасиштата отпаѓаат 217 хектари, а на обработливото земјиште само 163 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948772—    
1953871 12.8%
1961990 13.7%
19711.025 3.5%
1981683−33.4%
ГодинаНас.±%
1991526−23.0%
1994511−2.9%
2002447−12.5%
2021268−40.0%

Според податоците од 1873 година, селото имало 100 домаќинства и 292 жители мажи.[3]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Луково имало 890 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Луково имало 816 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.[6]

Од Луково, речиси, половина од населението се иселило. Така, селото во 1961 година броело 990 жители, од кои 961 биле Македонци, 19 Срби, двајца Хрвати, а осум жители Црногорци, а во 1994 година 511 жители, од кои 504 биле Македонци, а пет жители Роми.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Луково живееле 447 жители, од кои 444 Македонци, 1 Србин и 2 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 268 жители, од кои 249 Македонци, 1 останат и 18 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 890 816 772 871 990 1.025 683 526 511 447 268
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Луково е македонско село.

Според истражувањата од 1935 година родови во селото се:

  • Староседелци: Петановци (2 к.), Мурџовци (15 к.), Петлевци (1 к.), Милевци (7 к.), Коловци (13 к.), Маџовци (2 к.), Пеповци (1 к.), Баловци (6 к.), Велковци (2 к.), Шуминовци или Марковци (9 к.) и Марковци (1 к.)
  • Доселеници: Богдановци или Капешовци (13 к.) и Лескаровци (6 к.) потекнуваат од ист предок, доселени се од околината на Нови Пазар во Србија (Санџак), го знаат следното родословие: Аврам (жив на 60 г. во 1935 год) Сиљан-Ристо-Косто, предокот што најверојатно се доселил во селото; Ѓурѓиновци (1 к.) доселени се од местото Лузнија во Албанија, каде повеќе нема христијани; Видиќевци (6 к.) доселени се од околината на Призрен во Косово и Метохија; Ѓоневци (7 к.) доселени се од некое од селата Горна или Долна Ѓоновица; Јанчевци (6 к.), Бојовци (1 к.) и Бојковци (1 к.) потекнуваат од ист предок, и доселени се од мијачкото село Јанче пред околу 270 години; Јовчевци (10 к.), Мојсовци (4 к.), Ќосинци (1 к.), Стрезовци (6 к.) и Шапардановци (1 к.) сите потекнуваат од ист предок, и доселени се од околината на Скадар во Албанија, од старото место се растуриле осум (8) браќа, во Луково се доселил прадедото на Наум (жив на 96 г. во 1935 година); Ложановци (2 к.) доселени се од селото Ложани; Допчевци (2 к.) доселени се од селото Клење во Голо Брдо; Новак (1 к.) дошол во 1915 година како домазет од селото Дренок, таму припаѓал на родот Трајановци; Вело (1 к.) дошол Вело како домазет во 1918 година од селото Себишта во Голо Брдо; Милош (1 к.) доселен е под името Мустафа од селото Требишта во Голо Брдо, но кога дошол во Луково се прекрстил.[13]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Основното училиште во селото

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било седиште на тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Луково, се наоѓале и селата Безово, Јабланица, Лакаица, Нерези и Пискупштина. Во периодот 1950-1952 година, селото Луково било дел од некогашната општина Нерези, во која влегувале селата Луково, Нерези и Пискупштина.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1887, кое според Државната изборна комисија е сместено во основното училиште во Луково. Во избирачкото место е опфатено и селото Глобочица.[16]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 345 гласачи.[17] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 343 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Гробјанската црква „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалишта[19]
  • Латинска Црква — средновековна црква и некропола; и
  • Орео — населба од бронзеното, железното и римското време.
Цркви[20]
Реки[21]

Луково како тема во уметноста

[уреди | уреди извор]
  • „Луковските моми покрај река седат“ — македонска народна песна.[22]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Луково
Починати во Луково

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 184. Посетено на 16 ноември 2018.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 ноември 2018.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Филиповиќ, Миленко. Дебарски Дримкол.
  14. „Основни и средни училишта“. Општина Струга. Посетено на 7 ноември 2018.
  15. „Сектор за внатрешни работи – Охрид“. Министерство за внатрешни работи. Посетено на 16 ноември 2018.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 ноември 2018.
  17. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2022-01-06. Посетено на 16 ноември 2018.
  18. „Референдум 2018“. Посетено на 16 ноември 2018.[мртва врска]
  19. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 45. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  22. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 39.
  23. „50-ти Долнодримкослки Илинденски средби во Луково“. Охрид1. 25 јули 2018. Посетено на 16 ноември 2018.[мртва врска]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]