Лорен Бекол
Лорен Бекол (англиски: Lauren Bacall) (16 септември 1924, Бруклин, Њујорк, САД - 12 август 2014, Њујорк, САД) - американска филмска глумица.
Животопис
[уреди | уреди извор]Бекол е родена како Бети Џоан Перске (Betty Joan Perske), на 16 септември 1924 година во Бруклин, Њујорк, во семејство на еврејски имигранти од Романија и Полска. Во 1945 година, таа се омажила со Хемфри Богарт, со кого останала во брак 12 години, до неговата смрт.[1]
Филмска кариера
[уреди | уреди извор]Благодарение на убавината, Бекол ја започнала кариерата како модел, а подоцна била забележана од режисерот Хауард Хокс, кој ѝ ја доделил главната улога во филмот „Да се има и да се нема“, во кој таа глумела покрај славниот Хемфри Богарт. Потоа, заедно ги снимиле и филмовите: „Длабок сон“, „Мрачен премин“ и „Островот Ларго“, а Бекол играла и во филмот „Како да се омажиш за милионер“, заедно со Мерилин Монро. Во 2009 година, Бекол била наградена со почесен „Оскар“.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]
|