Прејди на содржината

Лера

Координати: 41°6′6″N 21°10′22″E / 41.10167° СГШ; 21.17278° ИГД / 41.10167; 21.17278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лера

Панорамски поглед на селото

Лера во рамките на Македонија
Лера
Местоположба на Лера во Македонија
Лера на карта

Карта

Координати 41°6′6″N 21°10′22″E / 41.10167° СГШ; 21.17278° ИГД / 41.10167; 21.17278
Регион  Пелагониски
Општина  Битола
Област Ѓават-Кол
Население 110 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7314
Повик. бр. 045
Шифра на КО 02069
Надм. вис. 750 м
Лера на општинската карта

Атарот на Лера во рамките на општината
Лера на Ризницата

Лера — село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Еднаш еден богат човек по име Леро Шестокрило се натпреварувал во фрлање на камен со Крали Марко. Бидејќи го натфрлил Марка местото каде паднал каменот на Леро, подоцна било населено со селани и наречено по него - Лера.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Селото погледнато од далечина

Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола, непосредно до реката Шемница.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 750 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено околу 18 километри и се наоѓа непосредно до патот Битола-Ресен.[2]

Атарот зафаќа површина од 13 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 540 хектари, на шумите отпаѓаат 397 хектари, а на обработливото земјиште 290 хектари.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Лера било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948442—    
1953485 9.7%
1961395−18.6%
1971378−4.3%
1981444 17.5%
ГодинаНас.±%
1991273−38.5%
1994153−44.0%
2002122−20.3%
2021110−9.8%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лера имало 520 жители, од кои 180 Македонци христијани и 340 Албанци муслимани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лера имало 592 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци и 200 Албанци.[5]

Лера во 1961 година броело 395 жители, од кои 279 биле Македонци, 68 Албанци и 46 жители Турци, додека во 1994 година бројот на населението се намалил на 153 жители, од кои 86 биле Албанци, а 65 жители Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Лера имало 122 жители, од кои 36 Македонци, 85 Албанци и 1 Србин.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 110 жители, од кои 16 Македонци и 94 Албанци.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Лера:

Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Ост. Вкупно
1948 442
1953 236 81 166 0 1 1 485
1961 279 68 46 1 1 395
1971 258 30 32 0 1 57 378
1981 312 107 0 19 1 5 444
1991 168 91 0 10 2 2 273
1994 65 86 0 0 1 1 153
2002 36 85 0 0 1 0 122
2021 16 94 0 0 1 0 110

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Лера е македонско-албанско село.

Македонски родови во селото се:

  • Староседелци: Наумчевци (9 к.), Танчевци (3 к.), Вељановци (3 к.), Талевци (2 к.), Ристевци (2 к.), Таневци (2 к.), Фодулчевци (2 к.), Ѓерасимовци (1 к.), Начковци (1 к.), Котевци (1 к.), Шаковци (1 к.), Чолаковци (1 к.) и Анчевци (1 к.)
  • Доселеници: Анѓелевци (1 к.), потекнуваат од домазет кој дошол од блиското село Свиниште; Саздановци (1 к.), доселени се во 1912 година од селото Цапари, каде припаѓале на истоимениот род; Милевци (1 к.), доселени се на почетокот на XX век од селото Свиниште; Вељановци (1 к.), доселени се кога и Милевци од селото Турје во Дебрца; Мишевци (1 к.), доселени се после претходните два рода од селото Цапари; Живко (1 к.), доселен од Цапари во 1956 година; Трајче (1 к.), доселен од Вирово во Железник во 1956 година; Ороштанци (1 к.), доселени во 1957 година од селото Ротино; Иљо (1 к.) и Трајче (1 к.), доселени се од селото Вирово во 1957 година и Лесковчани (1 к.), доселени се од селото Лесково во Железник во 1957 година.

Албански родови во селото се:

  • Доселеници: Браимовци (2 к.), доселени се на крајот на XVIII век од некое место во јужна Албанија. Го знаат следното родословие: Ќамил (жив на 70 год. во 1957 година) Амет-Беќир-Амет-Браим, предокот кој се доселил; Салиовци (6 к.), Таовци (3 к.), Зенговци (2 к.), Мусовци (2 к.), Реџовци (1 к.), Мелиовци (1 к.) и Ризмановци (1 к.), сите овие родови се доселени од јужна Албанија (околината на Корча и Колоња); Пајовци (3 к.), доселени се од селото Рамна, а таму се доселени од јужна Албанија.[7]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Никола“

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Кажани, во која влегувале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Маловиште и Лера.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Лера се наоѓале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Маловиште, Рамна, Ротино, Српци и Цапари.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0210 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом. Во ова избирачко место е опфатено и селото Метимир.[8]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 112 гласачи.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 108 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Светиот крст над селото
Археолошки наоѓалишта[11]
  • Кале — населба од доцноантичко време;
  • Калуѓери — населба од средниот век;
  • Кора — населба од доцноантичко време; и
  • Барбеш — светилиште од непознат период.[12]
Цркви[13]
Џамии
Други верски објекти
Реки
Езера

Личности

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

До 1951 година од селото имало иселеници во Бугарија (3 семејства), САД (8 семејства), Битола (1 семејство), Австралија (4 семејства) и во Скопје (1 семејство).[16]

Иселеништвото продолжило и потоа и водело кон Битола, Скопје, прекуокеанските земји (САД, Канада, Австралија) и низ Европа.[17]

До 1957 година многу од албанското население се иселило во Битола и во Турција (20 семејства).[12]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 176. Посетено на 22 ноември 2017.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 ноември 2017.
  7. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  8. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 22 ноември 2017.
  9. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 21 ноември 2017.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  12. 12,0 12,1 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  14. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  15. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  16. . Русиќ, Бранислав. Цапарско Поле. Архивски фонд на МАНУ, к-4, AE 94/16. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  17. Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-07-17. Посетено на 2021-07-17.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]