Ленг Оу
Ленг Оу | |
---|---|
Роден(а) | 1975 Такео, Камбоџа |
Занимање | Климатски активист |
Организација | Задачни сили за човекови права во Камбоџа |
Награди | Добител на Голдманова награда (2016) |
Ленг Оу е камбоџански климатски активист. Тој станал активист против илегалната сеча во шумите во Камбоџа[1][2] и е најпознат по тоа што тајно ги снимал активностите на нелегална сеча во Камбоџа.[3]
Ран живот
[уреди | уреди извор]Ленг Оу е роден во провинцијата Такео во семејство на сиромашни земјоделци, а поголемиот дел од своето детство го поминал за време на режимот на Црвените Кмери додека неговото семејство мигрирало меѓу шумите и преживеале скромно.[1] Раниот дел од својот живот го поминал криејќи се во џунглите на Камбоџа, само го започнал своето образование откако неговото семејство се преселило во Пном Пен во 1980 година.[1] Работел за своето образование и заработил стипендија за правен факултет; со ова се приклучил на многу организации за човекови права и ја започнал својата кариера како активист.[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]Ленг Оу ги основал Задачните сили за човекови права во Камбоџа, организација за борба против уништувањето на шумите во Камбоџа.[4] Во текот на 2000-те и 2010-те, Ленг бил прикриен во често опасни ситуации фотографирајќи и снимајќи докази за нелегална сеча,[5] што довело до една голема компанија за сеча на дрва да е откриена.[6] Често користејќи маски во својата работа, Ленг помогнал да се откријат илјадници кримиланства и да се конфискува дрва и опрема за сеча.[5] Ленг бил апсен неколку пати со други активисти во неговата работа.[7][8]
Награди
[уреди | уреди извор]Ленг бил награден со Голдманова еколошката награда во 2016 година за неговата улога во октривање на корупцијата и илегалната сеча во Камбоџа.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Leng Ouch“. Goldman Environmental Foundation (англиски). Посетено на 2021-04-20. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „:1“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Ives, Mike (2016-04-22). „Fighting to Save Forests in Cambodia, an Activist Puts Himself at Risk“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2021-04-20.
- ↑ „Leng Ouch - 2017 Asia Game Changers“. Asia Society (англиски). Посетено на 2021-04-20.
- ↑ „Leng Ouch“. Pulitzer Center (англиски). Посетено на 2021-04-20.
- ↑ 5,0 5,1 „'Even though I know my life is at risk, I still try to save the forest'“. the Guardian (англиски). 2016-04-18. Посетено на 2021-04-20.
- ↑ „Conservation Hero: Leng Ouch“. One Earth. Посетено на 2021-04-20.
- ↑ „Goldman Prize-winning Cambodian activist arrested, released in Cambodia“. Mongabay Environmental News (англиски). 2020-03-24. Посетено на 2021-04-20.
- ↑ „Cambodian environmental activists reportedly arrested“. Mongabay Environmental News (англиски). 2021-02-05. Посетено на 2021-04-20.
- ↑ Cole, Laura. „Leng Ouch: investigative reporter and activist - Geographical Magazine“. geographical.co.uk (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-11-25. Посетено на 2021-04-20.