Леден чај
Ладен чај — облик на ладен чај, обично се послужува во чаша со мраз.
Може или не може да се заслади. Ледениот чај е исто така популарен како пакуван пијалак. Може да се меша со ароматизиран сируп, со вообичаени вкусови како што се: лимон, праска, малина, лимета, маракуја, јагода и цреша.[1] Додека повеќето ледени чаеви ја добиваат аромата од листовите чај (лат. Camellia sinensis), билните чаеви понекогаш се служат и ладни и се нарекуваат ледени чаеви.
Ледениот чај понекогаш се подготвува така што чајот се потопува во вода и се остава да кисне подолго време на пониска температура (еден час на сонце), за разлика од вообичаените 5 минути на 80-100 °C. Во некои земји се нарекува „чај за сончање“. Освен тоа, понекогаш се остава преку ноќ во ладилник.
Уште во 1823 година грофицата Маргарит од Блесингтон пишувала за консумирањето на ладен чај во Неапол.[2] Најстарите печатени рецепти за ладен чај потекнуваат од 1870-тите години. Во својот готвач од 1871 г. Мери Ен Брајан Мејсон за ладниот чај напишала: „... би требало да биде добро заледен.“ Два од најраните готвачи со рецепти за ладен чај се „The Buckeye Cookbook“ од Естел Вудс Вилкокс, првпат објавен во 1876 година и „Housekeeping in Old Virginia“ од Марион Кејбл Тајри во 1878 година.
Ледениот чај почнал да се појавува во САД во текот на 1860-тите години. Отпрвин гледано како новина, во текот на 1870-тите станал доста широко прифатен. Рецепти се појавувале во печатот, леден чај се нудеше на менито на хотелите и се продавал на железничките станици. Неговата популарност вртоглаво пораснала откако Ричард Блечинден го претставил на Светскиот саем во 1904 година во Сент Луис.
Ледениот чај што се продава во продавници може да има многу додаден шеќер, така што едно шише леден чај може да содржи до 60 г шеќер.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Natural beverages. Alexandru Mihai Grumezescu, Alina Maria Holban (First ed.). Duxford, United Kingdom. 2019. ISBN 978-0-12-816690-1. OCLC 1105557044
- ↑ Mason, M.A.B. (1871). The Young Housewife's Counsellor and Friend: Containing Directions in Every Department of Housekeeping: Including the Duties of Wife and Mother. J.B. Lippincott & Company. p. 127.
- ↑ Otkrivamo tajnu: 10 namirnica za koje niste ni znali da su krcate šećerom Fitness.com.hr Preuzeto 9. siječnja 2024.