Прејди на содржината

Лајпциг

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Координати: 51°20′N 12°23′E / 51.333° СГШ; 12.383° ИГД / 51.333; 12.383
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лајпциг

Leipzig

Поглед на центарот на Лајпциг
Поглед на центарот на Лајпциг
Поглед на центарот на Лајпциг
Знаме на Лајпциг
Грб на Лајпциг
Лајпциг во рамките на Германија
Лајпциг
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Урбани окрузи во Германија
Надградоначалник Буркхард Јунг (СПД)
Основни податоци
Површина 297,36 км2
Население 616.093 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 2.072 жит/км2
 - Метроп. 1,001,220 (LUZ)[2] 
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC 1/ 2)
Рег. табл. L
Пошт. бр. 04001-04357
Повик. бр. 0341
Портал leipzig.de
Координати 51°20′N 12°23′E / 51.333° СГШ; 12.383° ИГД / 51.333; 12.383

Лајпциг (германски: Leipzig) или Липск (горнолужички: Lipsk) — еден од двата најголеми градови (заедно со Дрезден) во сојузната покраина Саксонија, во Германија. Се наоѓа околу 200 километри јужно од Берлин на устието на реките Вајсе Елстер, Плајсе и Парте на јужниот крај од Северногерманската Низина.

Лајпциг отсекогаш бил трговски град, кој за време на Светото Римско Царство се наоѓал на раскрсницата на Вија Регија и Вија Империи, два важни трговски патишта. Едно време, Лајпциг бил еден од големите европски центри за образование и култура на полињата, како што се музика и издаваштво.[3] По Втората светска војна, Лајпциг станал голем урбан центар во рамките на комунистичката Германската Демократска Република, но неговата културна и економска значајност опаднала.[3]

Подоцна, Лајпциг играл значајна улога во поттикнувањето на падот на комунизмот во Источна Европа со настаните кои се случиле во и околу црквата „Свети Никола“. Со повторното обединување на Германија, Лајпциг бил подложен на значајни промени со обнова на некои историски градби, рушење на други и развој на современа сообраќајна инфраструктура. Лајпциг има многу институции и можности за култура и одмор, вклучувајќи го фудбалскиот стадион, кој бил домаќин на некои меѓународни натпревари, оперската куќа и зоолошката градина.

Во 2010 година, Лајпциг бил сместен на 68 место во светот по условите на живот, додека исто така во 2010 година, тој бил вклучен во топ 10 градови, кои треба да се посетат од страна на Њујорк Тајмс (New York Times).

Историја

[уреди | уреди извор]

Лајпциг е изведено од словенскиот збор Lipsk, кој означува „населба каде има липи“.[4]

Карта од енциклопедијата Мајерс, насликана Битката кај Лајпциг на 18 октомври 1813

Лајпциг бил првпат споменат во 1015 година во хрониките на бискупот Титмар од Мерзебург и во 1165 година, кога ги добил градските и пазарните права од Ото Богатиот. Лајпциг целосно ја обликувал историјата на Саксонија и на Германија и отсекогаш бил познат како трговско место. Саемот Лајпциг, започнат во средниот век, станал настан од меѓународно значење и е најстариот останат саем во светот.

Постојат записи за стопански рибарски операции на реката Плајсе во Лајпциг, кои постојат од 1305 година, кога грофот Дитрих Помладиот ги доделил рибарските права на црквата и манастирот Свети Тома.[5]

Има голем број на манастири околу градот, вклучувајќи го бенедиктинскиот манастир по кој Barfussgässchen (Боса Алеја) — именувана и манастирот со ирски монаси близу денешниот Ranstädter Steinweg (стариот Вија Регија).

Основањето на универзитетот Лајпциг во 1409 година го започнал развојот на градот во центар на германското право и издавачката индустрија и довело кон тоа да биде место на Високиот суд (Reichsgericht) и Германската национална библиотека (основана во 1912 година). Филозофот и математичарот Готфрид Вилхелм Лајбниц е роден во Лајпциг во 1646 година и студирал на универзитетот од 1661 до 1666 година.

На 24 декември 1701 година бил воведен систем за осветлување на улиците на нафта. Градот вработил „светлосни“ стражари, кои требало да следат специфичен распоред за да обезбедат навремено обезбедување на нафта за 700 фенери.

Регионот на Лајпциг бил арена на Битката кај Лајпциг помеѓу Наполеонска Франција и коалицијата на сојузниците Прусија, Русија, Австрија и Шведска. Таа била најголемата битка во Европа пред Првата светска војна и ставила крај на присуството на Наполеон во Германија и во крајна линија довела до неговиот прв егзил на Елба. Во 1913 година, споменикот на Битката на народите бил завршен, кој ја одбележувал стогодишнината од овој настан.

Споменик на Битката на народите

Со терминалот на првата германска железница на долги растојанија до Дрезден (главен град на Саксонија) во 1839 година, Лајпциг станал центар на железничкиот сообраќај во Средна Европа, со главната железничка станица Лајпциг како најголема терминална станица по површина во Европа. Железничката станица има две големи влезни сали, традиционалната источна за изборниот кнез на Саксонија и западната за императорот на Германија.

Лајпциг станал центар на германските и саксонските либерални движење. Првата германска лабуристичка партија, Генералната германска работничка асоцијација (Allgemeiner Deutscher Arbeiterverein, ADAV) била основана во Лајпциг на 23 мај 1863 година од Фердинанд Ласале; околу 600 работници од цела Германија патувале на основањето на новата железничка линија. Лајпциг брзо се проширил на околу еден милион жители. Огромни основоположнички области биле изградени, кои главно ги преживеале воените и повоените уривања.

Августусплац (Augustusplatz) со оперската куќа Лајпциг, околу 1900

Со отворањето на петтата производствена хала во 1907, Leipziger Baumwollspinnerei станал најголемиот производител на памук на континентот, вдомувајќи над 240.000 вретена. Дневното производство надминувало 5 милиони килограми предиво.[6]

Градоначалникот на градот од 1930 до 1937 година, Карл Фридрих Герделер бил познат соперник на нацистичкиот режим во Германија. Тој поднел оставка во 1937 година, кога во негово отсуство, неговиот нацистички заменик наредил уништување на градската скулптура на Феликс Менделсон. На кристалната ноќ во 1938 година, една од најважните архитектонски градби во градот, синагогата на Лајпциг од 1855 година била намерно уништена.

Неколку илјади принудни работници биле сместени во Лајпциг во текот на Втората светска војна.

Исто така, градот бил тешко оштетен од сојузничките бомбардирање во текот на Втората светска војна. За разлика од соседниот град Дрезден, овој бил главно конвенционално бомбардиран со експлозии отколку со запаливи бомби. Последица на сето тоа е губењето на поголемиот дел од стариот дел на градот.

Сојузниците пристигнале во Лајпциг на крајот на април 1945 година. Втората пешадиска дивизија и 69-та пешадиска дивизија на САД се бореле за градот на 18 април и го завршиле своето освојување на 19 април, откако воделе жестока улична борба, во која често вклучувало борба за секоја куќа и блок.[7]

Американските војници ѝ го предале градот на Црвената армија, како што се повлекла линијата со советските сили во јули 1945 година. Лајпциг станал еден од главните градови во Германската Демократска Република (Источна Германија).

Во средината на XX век, саемите во градот повратиле дел од важноста на градот, особено со економскиот блок на Источна Европа, кој бил на речен Comecon, на кој Источна Германија била член. Во тоа време, саемите биле одржувани на местото јужно од градот, близу споменикот на битката на народите.

Во октомври 1989 година, по молитвите за мир во црквата „Свети Никола“, основана во 1983 година како дел од мировното движење, започнала понеделнички демонстрации како најистакнати масовни протести против источногерманскиот режим.[8][9]

Лајпциг бил германски кандидат за Летните олимписки игри 2012, но не успеал.

Географија

[уреди | уреди извор]

Лајпцит се наоѓа на устието на реките Вајсе Елстер, Плајсе и Парте, во низините околу Лајпциг, на најјужниот дел од Северногерманската Низина, која е дел од Северноевропската Низина во Германија. Местото се одликува со мочуришни области, иако на северниот дел на градот има варовник. Пејзажот е главно рамен, иако исто така присутни се морена и друмлин.

И покрај тоа што има шумски паркови во самиот градот, областа околу Лајпциг е релативно непошумена. Во текот на XX век, овде се наоѓале отворени копови, многу од нив сега претворена во езера.

Лајпциг се наоѓал на раскрсница на древните патишта, познати како Via Regia, која поминувала низ германските земји во правец исток-запад и Via Imperii со правец север-југ.

Лајпциг бил град со ѕидини во средниот век и моменталниот „прстен“ пат околу центарот на градот одговара на старите градски ѕидини.

Окрузи и соседни региони

[уреди | уреди извор]

Лајпциг административно е поделен од 1992 година на десет урбани окрузи, кои се составени од 63 подокрузи. Некои од нив одговараат на селата, кои биле придодавани кон Лајпциг.

Градски окрузи,[10] нивната местоположба и врската со соседните окрузи
Округ Нас. Површина
км²
Нас.
по км²
Центар 49.562 13,88 3.570
Североисток 41.186 26,29 1.566
Исток 69.666 40,74 1.710
Југоисток 51.139 34,65 1.476
Југ 57.434 16,92 3.394
Југозапад 45.886 46,67 983
Запад 51.276 14,69 3.491
Стар Запад 46.009 26,09 1.764
Северозапад 28.036 39,09 717
Север 57.559 38,35 1.501
Окрузи и региони
Климатски дијаграм за Лајпциг[11]

Лајпциг има континентална клима со летни температури понекогаш над 30 степени (до 10 дена) и многу често под нулата во зила (до 62 дена).[12] Како и во цела Германија, снегот обично се задржува подолго време, некогаш неколку недели, или дури и месеци, во зима.

Најтопол ден досега бил на 9 август 1992 година со температура од 38,8 °C, додека најладно било на 14 јануари 1987 година со -24,1 °C.[13]

Клима на Лајпциг
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 3,2 4,1 8,7 13,0 18,6 21,5 23,7 23,9 19,3 13,7 7,2 4,0 13,4
Просечна температура (°C) 0,7 1,1 5,0 8,4 13,4 16,5 18,5 18,6 14,8 9,9 4,5 1,7 9,4
Просечна минимална (°C) −1,9 −2 1,2 3,7 8,1 11,4 13,3 13,3 10,2 6,0 1,8 −0,7 5,4
Просечно кол. врнежи (мм) 30,9 26,7 36,5 42,4 42,1 55,1 58,2 58,6 44,5 35,8 37,1 38,9 506,8
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 8,1 6,6 8,0 7,6 8,5 9,4 8,8 8,1 7,6 7,3 7,9 8,9 96,8
Извор: Светска метеоролошка организација.[14]

Демографија

[уреди | уреди извор]
Развој на населението од 1600 година

Населението на Лајпциг е околу половина милион со околу 11% стапка на невработеност. Пред повторното обединување на Германија било над 700.000. Многу работоспособни луѓе ја разгледуваат можноста да се преселат на запад да бараат работа и ова е факторот кој придонесува да се намалат стапките за зголемување на населението. Меѓутоа, стапката на наталитет за 2010 година била 5.414, највисока од обединувањето.[15] Сепак имало 5.788 умрени во Лајпциг за 2010 година, но населението се зголемило поради миграцијата.[12] Просечната возраст на населението е 44.

Процентот на луѓе мигранти или оние со негерманско потекло е прилично низок спореден со другите германски градови; бројот на странски жители всушност паднал од 28.177 во 2008 година на 24.881 во 2010 година.[12] До 2011 година, само околу 10% од населението било прва или втора генерација мигранти споредено со германскиот просек од 20%.

Бројот на малцинствата (прва и втора генерација) во Лајпциг по земја на потекла од 31 декември 2010 година:[16]

Место Потекло Број
1  Русија 5.600
2  Украина 3.100
3  Виетнам 3.000
4  Казахстан 2.100
5  Полска 2.000
6  Турција 1.600
7  Ирак 1.600
8  Кина 1.100
Процент на население со мигрантско потекло
Германци (без никакво мигрантско потекло) 90 %
Германци со странско потекло/Странци 10 %
поранешен СССР (главно Русија, Казахстан, Украина) 2 %
муслимани/потекло од Среден Исток (Турција, Арапска лига, Иран) 2 %
азиско потекло (главно Виетнам, Кина) 1,5%
други (Полска, Југославија, Романија, Афрогерманци, Индија) 4,5 %

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Лајпциг има многу згради со „основоположничка“ (Gründerzeit) архитектура и исто така многу станбени блокови од времето во режимот на Источна Германија. Градбата на Универзитетската црква, која била уништена од комунистите во 1968 година, моментално се обновува како секуларна градба. Градот, исто така, има бројни паркови и шумски области, како и голема зоолошка градина, која ја содржи најголемата збирка на примати во светот.

Главни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Ново градско собрание
Седиштето на Сојузниот административен суд на Германија гледан ноќе
Јоханапарк со Градскиот облакодер Лајпциг и кулата на Новото градско собрание
„Палата Росбах“, една од многуте промотеристички градби во Лајпциг

Помеѓу познатите институции во Лајпциг се и оперската куќа и зоолошката градина, која ги има најголемите објекти за примати во светот. Меѓународниот саем во Лајпциг, северно од градот, е дом на најголемата лебдечка стаклена сала во светот. Лајпциг е исто така познат по неговите премини низ куќите и зградите.

Јохан Себастијан Бах работел во Лајпциг од 1723 до 1750 година, диригирајќи го Thomanerchor, во црквата Свети Тома, црквата „Свети Никола“ и црквата Свети Павле, универзитетска црква на Лајпциг (уништена во 1968 година). Композиторот Рихард Вагнер е роден во Лајпциг во 1813 година, во Брил. Роберт Шуман исто така бил активен во музиката во Лајпциг, откако бил поканет од Феликс Менделсон, кога тој го основал првиот германски музички конзерваториум во градот во 1843 година. Густав Малер бил вториот диригент (работејќи под Артур Никиш) во театарот во Лајпциг од јуни 1886 до мај 1888 година и го постигнал своето прво признание, додека ја комплетирал и завршил операта Die Drei Pintos од Карл Марија фон Вебер, Малер исто така ја завршил својата прва симфонија, додека живеел тука.

Овој конзерваториум е денешниот Универзитет за музика и театар Лајпциг[17] Може да се изучуваат широк спектар на предмети, како уметнички, така и обука за наставници, на сите оркестрални инструменти, глас, интерпретација, тренирање, пијано, диригирање и музичко компонирање. Музички стилови, кои се присутни е џез, популарна музика, мјузикли, рана музика и црковна музика. Во одделот за драма присутно е и глумењето и драматургијата.

Архивот Бах за документација и истражување на животот и делото на Јохан Себастијан Бах, како и на семејството Бах бил основан во 1950 година од Вернер Нојман. Архивот го организира меѓународниот натпревар Јохан Себастијан Бах, започнат во 1950 година како дел од музичкиот фестивал, посветен на одбележување на смртта на Бах. Натпреварувањето се одржува на секои две години во три различни категории. Архивот Бах исто така организира изложби, особен меѓународниот Бахов фестивал во Лајпциг и го води музејот посветен на Бах.

Музичката традиција во градот се рефлектира и на светската слава на Gewandhausorchester и Thomanerchor. Повеќе од 60 години Лајпциг го нуди најстариот „училиштен концерт“[18], програма за деца во Германија. Со над 140 концерти секоја година во места како што е Gewandhaus и над 40.000 деца, кои го посетуваат, младинците се образуваат и инспирираат од музиката.

Што се однесува до современата музика, Лајпциг е познат по неговата независна музичка сцена и супкултурни настани. Лајпциг веќе 20 години е домаќин на најголемиот светски готски фестивал, годишниот Wave-Gotik-Treffen (WGT), каде илјадници обожаватели на електронската музика од цела Европа се собираат тука во почетокот на летото. Leipzig Pop Up[19] е годишен музички саем за независната музичка сцена, како и музичкиот фестивал, кој се одржува во неделата на Педесетницата. Неколку места нудат жива музика и во текот на денот.[20] Moritzbastei е еден од најстарите студентски клубови во Европа со концерти во различни музички стила.

Бил и Том Каулици, членови на групата Токио хотел, биле родени во Лајпциг во 1989 година, како и Тил Линдеман од Рамштајн во 1963 година.

Уметност

[уреди | уреди извор]

Градската современа уметност е нагласена со отворањето на ретроспективната изложба „Neo Rauch“ во април 2010 година во Музејот за ликовна уметност Лајпциг. Ова е изложба посветена на таткото на Новата лајпцишка школа[21][22] за уметници. Според The New York Times,[23] оваа настан „бил најозборуван во светот на современата уметност“ во последната декада. Постојат единаесет галерии во т.н. „Leipziger Baumwollspinnerei“,[24] поранешна фабрика за памук, која ги привлекува сите видови на независни уметници. The New York Times го вброил Лајпциг во првите 10 од неговите „31 места за пат“ во 2010.[25]

Комплексот на музејот Граси се состои од три големи збирки на Лајпциг:[26] Етнографски музеј, Музеј за современа уметност и Музеј за музички инструменти (последниот е под раководство на Универзитетот Лајпциг). Универзитетот исто така управува со музејот за антиквитети.[27]

Годишни настани

[уреди | уреди извор]
Новиот саемски центар
  • Auto Mobil International (AMI) - автомобилски настан[28]
  • AMITEC - саем за одржување, нега, сервис и поправки на возила во Германија и Средна Европа[29]
  • A cappella: вокален музички фестивал
  • Bach-Fest: фестивал за Јохан Себастијан Бах
  • Божиќен пазар (од 1767 година)
  • Dok Leipzig: меѓународен фестивал за документарен и анимиран филм
  • Jazztage,[30] современ џез-фестивал
  • Ladyfest Leipzig[31] (август), феминистички панк & електронски фестивал
  • Саем на книга: вториот најголем саем на книга во Германија, по Франкфурт
  • Операта во живо со музичкиот танц-театар[32]
  • Stadtfest: градски фестивал
  • Wave-Gotik-Treffen на педесетница: најголемиот готски фестивал или фестивал на „темната култура“ во светот
  • Leipzig Pop Up[33]

Во градот постојат повеќе од 300 спортски клубови во 78 различни спортски дисциплини. Над 400 спортски објекти се на располагање на граѓаните и членовите на клубовите.[34]

Во фудбал, Германскиот фудбалски сојуз (DFB) бил основан во Лајпциг во 1900 година. Градот бил дел од домаќините на Светското првенство во фудбал 2006 и бил домаќин на четири натпревари од првото коло и еден натпревар од четвртфиналето на Централниот стадион.

VfB Лајпциг, сега 1. ФК Ломотив Лајпциг, го освоил првото национално фудбалско првенство во 1903 година. Во јуни 2009 година, Red Bull влегол на локалниот фудбалски пазар, откако му било забрането да го купи ФК Заксен Лајпциг во 2006. Новосоздадениот РБ Лајпциг сега се пробива низ ранговите на германскиот фудбал, со цел да стигне до Бундеслигата и да го врати фудбалот во регионот.[35]

Лајпциг исто така бил домаќин на Светскиот куп во мечување во 2005 година, како и домаќин на разни други меѓународни натпреварувања секоја година во различни спортови.

Арена Лајпциг

Од почетокот на XX век, хокејот на мраз стекнал популарност и биле основани неколку локални спортски клубови.[36] Денес Blue Lions Leipzig е најпознатиот клуб во хокеј на мраз од градот.

Од 1950 до 1990 Лајпциг бил домаќин на Deutsche Hochschule für Körperkultur (DHfK) (германска школа за физичка култура), националниот спортски универзитет во ГДР.

Handball-Club Leipzig е еден од најуспешните женски ракометни клубови во Германија, освојувајќи 20 домашни првенства од 1956 и 3 титули во Лигата на шампиони.

Лајпциг поднел кандидатура за домаќин на Летните олимписки игри 2012. Кандидатурата не ја поминала првата фаза од Меѓународниот олимписки комитет, кога списокот на градови го свел на 5, додека улогата домаќин на крајот ја добил Лондон на 6 јули 2005.

Маркленбергер Зе е ново езеро веднаш до Маркклеберг, предградие на јужната страна на Лајпциг. Поранешното отворено наоѓалиште за јаглен било поплавено во 1999 и развиено во 2006 како туристичко место. На неговиот југозападен брег се наоѓа вештачка патека за слалом патека за кану, една од малкуте во Германија, на која се одржуваат разни тренинзи, обуки и меѓународни натпреварувања.

  • Локално јадење кое се подготвува во сите сезони е Leipziger Allerlei, чорба составена од неколку вида зеленчук и јастог.
  • „Leipziger Lerche“ е мало печиво исполнето со мелени бадеми, ореви и џем од јагода; името доаѓа од специјалитетот печени чучулиги, кое се подготвувало до забранувањето на ловењето на овие птици во Саксонија во 1876 година.
  • Гозе е локално произведувано врвно ферментирано кисело пиво, кое потекнува од регионот Гослар и кое во XVIII век станало познато во Лајпциг.

Образование

[уреди | уреди извор]

Универзитет

[уреди | уреди извор]
Атриум на Високата школа за графика и уметност во Лајпциг

Лајпцишкиот универзитет, основан во 1409 година, е еден од најстарите европски универзитети. Добитникот на Нобелова награда Вернер Хајзенберг работел тука како професор по физика (од 1927 до 1942 година), како и добитниците на Нобелова награда Густав Лудвиг Херц (физика), Вилхелм Оствалд (хемија) и Теодор Момсен (книжевност). Поранешни професори на факултетот биле минералогот Георгиј Агрикола, писателот Готхолд Ефраим Лесинг, филозофот Ернст Блох, ексцентричниот основоположник на психофизиката Густав Теодор Фехнер и психологот Вилхелм Вунт. Помеѓу многуте познати студенти на универзитетот биле писателите Јохан Волфганг Гете и Ерих Кестнер, математичарот и филозофот Готфрид Лајбниц и филозофот Фридрих Ниче, политичкиот активист Карл Либкнехт и композиторот Рихард Вагнер. Германскиот канцелар од 2006, Ангела Меркел, студирала физика на Лајпцишкиот универзитет.[37] Универзитетот има околу 30.000 студенти.

Дел од Лајпцишкиот универзитет е Германскиот институт за книжевност, кој бил основан во 1955 година под името „Институт Јоханес Р. Бехнер“. Многу познати писатели дипломирале на овој институт, вклучувајќи ги Хајнц Чеховски, Курт Драверт, Адолф Ендлер, Ралф Џордано, Керстин Хенсел, Сара и Рајнер Кирш, Ангела Краус и други. По неговото затворање во 1990 година, институт бил повторно отворен во 1995 година со нова предавачи.

Визуелна уметност и театар

[уреди | уреди извор]

„Високата школа за графика и уметност“ (Hochschule für Grafik und Buchkunst) била основан во 1764 година. Нејзините 530 студенти (до 2006 година) посетуваат програми по сликање и графика, илустрација на книги, графички дизајн, фотографија и медиумска уметност. Во школата е сместен и институтот за теорија.

Универзитетот за музика и театар нуди широк избор на предмети за вежбање на оркестарски инструменти, глас, изведба, предавање, камерна музика, диригирање на оркестар или хор и компонирање музика, како и глумење и драматургија.

Универзитет за применети науки

[уреди | уреди извор]

Лајпцишкиот универзитет за применети науки (HTWK)[38] има околу 6.200 студенти (до 2007 година) и е (до 2007 година) втора најголема образовна институција во Лајпциг. Бил основан во 1992 година, спојувајќи неколку постари школи. Како универзитет за применети науки (германски: Fachhochschule), неговиот статус е нешто подолу од оној на универзитетите, со обрнување повеќе внимание на праксата, отколку теоријата. HTWK нуди повеќе различни инженерски насокии, како и насоки во компјутерската наука, математиката, бизнис-администрацијата, библиотечни и музејски студии и социјална работа. Главно се наоѓа во јужниот дел на градот.

Приватната Школа за менаџмент во Лајпциг (германски Handelshochschule Leipzig (HHL)), е најстарото училиште за економија во Германија.

Помеѓу истражувачките институти, кои се наоѓаат во Лајпциг, три припаѓаат на здружението Макс Планк, два на здружението Фраунхофер, а другите се центарот Хелмхолц и Институтот за тропосфера Лајбниц.

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Зградата на Порше во Лајпциг

Компанија кои работата во или околу Лајпциг:

Многу барови, ресторани и продавници, кои се наоѓаат во центарот на градот, се посетувани од германски и странски туристи. На самата главна железничка станица Лајпциг се наоѓа еден од најголемите трговски центри во градот.[39]

Некои од најголемите работодавци во областа (надвор од производството) се разните високи школи и универзитет во регионот на Лајпциг/Хале. Лајпцишкиот универзитет привлекува милиони евра инвестиции секоја година и е на средина на големата изградба и обнова во пресрет на неговата 600-годишнина.

DHL е во тек на префрлање на главното седиште за воздушните операции во Европа од бриселскиот аеродром на аеродромот Лајпциг/Хале. Amazon.com поседува голем центар за дистрибуција, исто така, во близина на самиот аеродром.

Во градот се наоѓа Европската енергетска берза, која е водечка берза за електрична енергија во Средна Европа.

Kirow Ardelt AG, светскиот водач во производство на кранови се наоѓа во Лајпциг.

MDR, еден од јавните радиодифузери во Германија
Патната мрежа во Лајпциг
  • Седиштето и главните телевизиски студија на Mitteldeutscher Rundfunk (MDR), едно од јавните радиодифузни друштва во Германија, се наоѓаат во градот. Обезбедува програми на различни телевизиски и радио-мрежи и има свој сопствен оркестар, хор и балет.
  • Leipziger Volkszeitung (LVZ) — единствениот дневен весник во градот. Весникот бил основан и започнал за излегување во 1894 и е првиот весник во светот, кој излегувал секој ден. Месечникот Kreuzer е специјализиран за културата, фестивалите и уметноста во Лајпциг.
  • Некогаш познат по големиот број на издавачки куќи, Лајпциг бил наречен Buch-Stadt (град на книгата).[40] Неколку издавачи опстанале и во годините под власта на Источна Германија, иако во меѓувреме Франкфурт се развил како поважен издавачки центар. Германската библиотека (Deutsche Bücherei) во Лајпциг е дел од Германската национална библиотека.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Првично основан на раскрсницата на Via Regia и Via Imperii, Лајпциг бил главна раскрсница на меѓуевропскиот сообраќај и трговија од средновековни времиња. По повторното обединување на Германија, вложени се огромни напори да се обнови и продолжи сообраќајната мрежа, како и да се обезбеди извонредна инфраструктура во градот.

Од 1936, Лајпциг бил поврзан со A9 и A14 преку раскрсницата Schkeuditzer Kreuz и неколку излези. А38 го комплетира автопатскиот прстен околу Лајпциг и бил завршен во август 2006.

Како повеќето германски градови, Лајпциг има сообраќаен распоред да биде пријателски настроен кон велосипедите. Постои огромна велосипедска мрежа. Во повеќето еднонасочни улици, на велосипедистите им е дозволено да возат во обете насоки. Неколку велосипедски патеки се изградени или отворени од 1990.

Железнички

[уреди | уреди извор]

Главната железничка станица Лајпциг, отворена во 1915, е јазол на важните север-југ и запад-исток железнички линии. ICE возовите помеѓу Берлин и Минхен застануваат во Лајпциг и им треба околу 1 час од Берлин и 6 часа од Минхен.[41]

Лајпциг исто така има развиена локална мрежа на јавниот превоз. Мрежата на трамвајот и автобусите се управувани од Leipziger Verkehrsbetriebe. Трамвајската мрежа во Лајпциг, во должина од 209 километри, е една од најдолгите во некој германски град.[42]

Подземната железничка линија, наречена „градски тунел“, моментално е во изградба и таа ќе ја поврзува железничката станица и центарот на градот. Ќе чини над 500 милиони евра.

Воздушен

[уреди | уреди извор]

Аеродромот Лајпциг-Хале е главниот аеродром во близина на градот. Аеродромот Лајпциг-Хале нуди голем број сезонски чартер-летови, како и редовни линии. Поранешниот воен аеродром близу Алтенбург, Тирингија наречен аеродром Лајпциг/Алтенбург оддалечен околу половина час возење од Лајпциг, претходно бил (до 2010) опслужуван од Ryanair.

Во првата половина на XX век, изградбата на каналите Елстер-Зале, Вајсе Елстер и Зале била започната во Лајпциг со цел да го поврзи со водените патишта. Во текот на Втората светска војна запрен е најголемиот дел од работите, иако некои продолжиле со принудна работна сила. Пристаништето Линденауер било скоро завршено, но сè уште неповрзано со каналите Елстер-Зале и Карл-Хајне соодветно. Реките во Лајпциг (Вајсе Елстер, Ној Лупе Плајсе и Парте) во градот биле главно во вештачки речни корита и испрекинати со некои канали. Овие водени патишта се достапни само за мали бротчиња.

Преку реновирање и обнова на постоечките водни канали и водотеците во јужниот дел на градот и поплавувањето на затворените отворени копови, градската пловна мрежа била во голема мерка проширена. Градот овластил планирање за врска помеѓу Каналот Карл Хајне и затвореното пристаниште Линденауер во 2008. Треба да се завршат уште некои работи за да се заврши каналот Елстер-Зале.

Mein Leipzig lob' ich mir! Es ist ein klein Paris und bildet seine Leute. (Го обожавам мојот Лајпциг! Тој е мал Париз и ги образува неговите луѓе.) - Фрош, универзитетски студент во Фауст, Дел Еден

Ich komme nach Leipzig, an den Ort, wo man die ganze Welt im Kleinen sehen kann. (Доаѓам во Лајпциг, на местото, каде можам да го видам целиот свет во мало.) – Готхолд Ефраим Лесинг

Extra Lipsiam vivere est miserrime vivere. (Да живееш надвор од Лајпциг е да живееш мизерно.) - Бенедикт Карпцог Помладиот

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]
Плакета на улицата Лајпциг во Киев, еден од збратимените градови на Лајпциг

Лајпциг е збратимен со:[43]

Партнерства

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
  2. http://appsso.eurostat.ec.europa.eu/nui/show.do?dataset=urb_lpop1&lang=de
  3. 3,0 3,1 The Frankfurt Fair Архивирано на 3 април 2012 г., Uppsala Universitet.
  4. Hanswilhelm Haefs. Das 2. Handbuch des nutzlosen Wissens. ISBN 3-8311-3754-4 (германски)
  5. „Projekt zur Freilegung von Pleiße- und Elstermühlgraben in Leipzig: Die Fischerei“. Архивирано од изворникот на 2012-04-02. Посетено на 2012-03-30.
  6. „Историја на памукот“. Архивирано од изворникот на 2012-08-20. Посетено на 2012-04-07.
  7. Stanton, Shelby, World War II Order of Battle: An Encyclopedic Reference to U.S. Army Ground Forces from Battalion through Division, 1939-1946 (Revised Edition, 2006), Stackpole Books, p. 78, 139.
  8. David Brebis (ed.), Michelin guide to Germany, Greenville (2006), p. 324. ISBN 086699077417
  9. „The day I outflanked the Stasi“. BBC. 9 октомври 2009. video.
  10. Ortsteilkatalog der Stadt Leipzig 2008
  11. Geoklima 2.1
  12. 12,0 12,1 12,2 „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-31. Посетено на 2012-04-07.
  13. LIM - Klimastatistik - Extremwerte
  14. Климатолошки информации за Лајпциг Архивирано на 6 мај 2012 г..
  15. Statistisches Jahrbuch 2011 liegt vor Архивирано на 31 октомври 2011 г., официјално мрежно место.
  16. Migranten in Leipzig 2011 Архивирано на 27 октомври 2011 г., официјално мрежно место.
  17. „Добредојдовте на нашиот Универзитет за музика & театар“. Посетено на 2 декември 2010.
  18. „Schulkonzerte“. musikschule-leipzig.de.[мртва врска]
  19. „Официјална страница за Pop Up“.
  20. „Moritzbastei homepage“.
  21. Neue Leipziger Schule (статија на германската википедија)
  22. Lubow, Arthur (8 јануари 2006). „The New Leipzig School“. The New York Times. Посетено на 2010-04-05.
  23. „31 место за пат во 2010“. The New York Times. 10 јануари 2010.
  24. „Официјална страница на Spinnerei“.
  25. „31 место за пат во 2010“. The New York Times. 10 јануари 2010.
  26. „Museen at Grassi“. grassimuseum.de. Архивирано од изворникот на 2015-05-10. Посетено на 2012-04-28.
  27. „Institut für Klassische Archäologie und Antikenmuseum“ (германски).
  28. „AMI - Auto Mobil International, Leipziger Messe“. Посетено на 2 декември 2010.
  29. „AMITEC - Fachmesse für Fahrzeugteile, Werkstatt und Service, Leipziger Messe“. Посетено на 2 декември 2010.
  30. „Jazzclug-leipzig.de Почетна страница“.
  31. „Ladyfest Leipzigerinnen Почетна страница“.
  32. „Oper Unplugger - Musik Tanz Theater“ (германски). Посетено на 2 декември 2010.
  33. „Leipzig Pop Up independent music trade fair and festival“. Посетено на 2 декември 2010.
  34. „Das Leipziger Sportangebot aktuell“ (германски). leipzig.de. Архивирано од изворникот на 2008-02-28. Посетено на 2 декември 2010.
  35. Ruf, Christoph (19 јуни 2009). „Buying Its Way to the Bundesliga - Red Bull Wants to Caffeinate Small Soccer Club“. Spiegel Online International. Посетено на 2 декември 2010.
  36. Фриц Рудолф. „Was einst mit dem Krummstab begann ... Zur Geschichte des Eishockeysports in der Region Leipzig“. sportmuseum-leipzig.de. Архивирано од изворникот на 2010-01-15. Посетено на 2 декември 2010.
  37. „Страница на Лајпцишкиот универзитет“. Архивирано од изворникот на 2008-09-12. Посетено на 2012-08-17.
  38. „Hochschule für Technik, Wirtschaft und Kultur Leipzig“.
  39. „Promenaden Hauptbahnhof Leipzig“. Архивирано од изворникот на 2008-04-06. Посетено на 2012-08-17.
  40. „Homepage of the City of Leipzig/Buchstadt“. Архивирано од изворникот на 2013-05-23. Посетено на 2012-08-17.
  41. Deutschebahn, Deutschebahn.com.
  42. Infrastructure - public transport Архивирано на 18 јануари 2012 г., официјално мрежно место.
  43. 43,0 43,1 „Лајпциг - Меѓународни односи“. Совет на градот Лајпциг, Канцеларија за европски и меѓународни односи. Архивирано од изворникот на 2009-06-29. Посетено на 17 јули 2009.
  44. „Партнерски градови“. Градски совет на Бирмингем. Архивирано од изворникот на 2009-09-15. Посетено на 17 јули 2009.
  45. „Brno - Partnerská města“ (чешки). © 2006-2009 Град Брно. Посетено на 17 јули 2009. Надворешна врска во |publisher= (help)
  46. „Франкфурт - Партнерски градови“. © 2008 Stadt Frankfurt am Main. Архивирано од изворникот на 2007-11-07. Посетено на 2008-12-05. Надворешна врска во |publisher= (help)
  47. „Хановер - Збратимени градови“ (германски). © 2007-2009 HANNOVER.de - Offizielles Portal der Landeshauptstadt und der Region Hannover in Zusammenarbeit mit hier.de. Архивирано од изворникот на 2011-07-24. Посетено на 2009-07-17. Надворешна врска во |publisher= (help)
  48. „Партнерски градови на Лион“. © 2008 Mairie de Lyon. Архивирано од изворникот на 2009-07-19. Посетено на 2009-07-17.
  49. „Збратимени градови“. Град Солун. Архивирано од изворникот на 2009-03-31. Посетено на 2009-07-07.
  50. „Kraków otwarty na świat“. www.krakow.pl. Посетено на 2009-07-19.
  51. „Лајпциг - Меѓународни врски“. Совет на градот Лајпциг, Канцеларија за европски и меѓународни односи. Архивирано од изворникот на 2009-06-29. Посетено на 17 јули 2009.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]