Прејди на содржината

Куќа и музеј на славата на кантри-музиката

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа и музеј на славата
на кантри-музиката
Предната страна од музејот во 2022
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
Основан1967 (1967)
Место222 Rep. John Lewis Way S
Нешвил
ТипИсториски музеј
ПосетеностПреку 1.2 милиони во 2019
ДиректорКајл Јанг
Мреж. местоcountrymusichalloffame.org

Куќата и музеј на славата на кантри-музиката (англ. Country Music Hall of Fame and Museum) во Нешвил ― еден од најголемите светски музеи и истражувачки центри посветени на зачувување и промовирање на американската поп, фолк и кантри-музика. Бил отворен во 1967 година и претставува една од најобемните музички колекции во светот. [1]

Историја на музејот

[уреди | уреди извор]

Идејата за создавање на Куќа на славата на кантри-музиката се појавила кон средината на 1950-тите години како начин да се оддаде признание на најистакнатите претставници на кантри-музиката и за да се зачува историјата на жанрот. Музејот бил официјално отворен во 1967 година и се наоѓал во близина на Нешвил.[2] Оваа првична локација претставувала збирка на артефакти, снимки, фотографии и костими од познатите кантри-музичари.[3] Сепак, во текот на наредните децении, музиката продолжила да се развива и музејот постојано се проширувал.

Во 2001 година, Куќата и музеј на славата на кантри-музиката бил преместен на нова локација во центарот на Нешвил, каде се наоѓа и денес. Со оваа преселба, музејот добил модерна зграда со голем изложбен простор и специјално дизајнирани сали за изложби, настани и истражувања. Денес, тој претставува една од најзначајните музички институции во светот.

Куќа на славата на кантри-музиката

[уреди | уреди извор]

Куќата на славата на кантри-музиката е посебен дел од музејот каде што им се оддава признание на највлијателните и најзначајни личности во историјата на кантри-музиката. За еден професионалец во областа на кантри-музиката, членството во Куќата на славните на кантри музиката е највисоката чест што може да му се додели во тој жанр. Почесната куќа на славата е создадена во 1961 година од страна на Здружението за кантри-музика (CMA); првите примени членови биле Хенк Вилијамс, Џими Роџерс и Фред Роуз.

Нови членови во Куќата на славата се примаат секоја година на посебна церемонија. Оваа чест се доделува на музичари, текстописци, продуценти и други личности кои имале значајно влијание врз развојот на кантри-музиката. Меѓу најпознатите членови на Куќата на славата се: Хенк Вилијамс, Елвис Пресли, Вили Нелсон, Петси Клајн, Лорета Лин, Мерл Хагард, Теми Вајнет, Џони Кеш и Доли Партон.

Музејски збирки и експонати

[уреди | уреди извор]
Внатре во музејот
Дел од збирките на музејот

Куќата и музеј на славата на кантри-музиката располага со богата и разновидна колекција која ги покрива сите аспекти на кантри-музиката. Некои од најзначајните експонати вклучуваат оригинални музички инструменти од познати пејачи како Џони Кеш и Доли Партон, костими од познати настапи, ракописи на текстови, како и ретки снимки и фотографии.

Една од најпопуларните изложби во музејот е „Sing Me Back Home“, која ја раскажува приказната за кантри-музиката од нејзините почетоци до денес. Музејот исто така редовно организира повремени изложби посветени на одредени музичари, групи, албуми или други аспекти од кантри-музичката сцена.

  1. „About“. Country Music Hall of Fame. Архивирано од изворникот на April 15, 2014. Посетено на January 14, 2016.
  2. Carey, Bill (October 6, 1994). „Old Site to Get New Purpose“. 90 (279). The Tennessean. стр. 3–A. Посетено на December 15, 2021.
  3. „About“. Country Music Hall of Fame. Архивирано од изворникот на April 15, 2014. Посетено на January 14, 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]