Прејди на содржината

Кујуџу Мурат-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија

Поврзано

Кујуџу
Мурат
паша
Голем везир на Османлиското Царство
На должноста
1606–1611
Монарх Ахмед I
Претходник Дервиш Мехмед-паша
Наследник Насух-паша
Лични податоци
Починал(а) 1611
Дијарбакир, Османлиско Царство
Националност отоманска
Вероисповед исламска

Кујуџу (Кујуџи) Мурат-паша (околу 1520/1535 – 5 август 1611, Дијарбакир) – голем функционер на османскиот двор и војсководец, по потекло Хрват од БиХ[1][2]. Имал ќерка Фатма Хатун мажена за султанот Ахмед I. Нарекуван е и Мурат-паша Хрват според неговото потекло. Бил беглербег во Јемен, Караманија и во други делови на царството. Во Битката кај Егер во 1596 година за време на Втората австриско-турска војна од 1593 до 1606 година се истакнал, па наскоро е именувам за врховен заповедник на османската војска во Унгарија. Бил голем везир од 1606 (1603) до 5 август 1611 година.

Ги сузбил противосманските востанија во Мала Азија [3][4]. Заради свирепоста која ја применувал со востаниците, наречен е „кујуџи“ (тур. кој копа јами). Фрлил десетици илјади човечки лешови во јами.[3][4] Во Истанбул се наоѓа комплекс на Кујуџу Мурат-паша[4], а во Анталија џамија на Кујуџу Мурат-паша.

  1. Radushev, Evg (2003). Inventory of Ottoman Turkish documents about Waqf preserved in the Oriental Department at the St. St. Cyril and Methodius National Library. Sv. sv. Kiril i Metodiĭ. стр. 236.
  2. İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971, p. 29. (турски)
  3. 3,0 3,1 Organised Crime in Europe: Concepts, Patterns and Control Policies in the European Union and Beyond. Springer Science & Business. 21 January 2007. стр. 210. ISBN 978-1-4020-2765-9.
  4. 4,0 4,1 4,2 John Freely (2011). A History of Ottoman Architecture. WIT Press. стр. 328. ISBN 978-1-84564-506-9.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
Политички функции
Претходник
Дервиш Мехмед-паша
Голем везир
9 декември 1606 – 5 август 1611
Наследник
Насух-паша