Кула (Лерин)
Изглед
Κούλα | |
Место | Лерин |
---|---|
Област | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 40°46′31″N 21°24′36″E / 40.7753° СГШ; 21.41° ИГД |
Вид | тврдина |
Историја | |
Раздобје | доцна антика и среден век |
Белешки за наоѓалиштето | |
Состојба | делумно зачувана |
Прогласено за | споменик на културата |
Кула (грчки: Κούλα) — доцноантичка и средновековна тврдина над градот Лерин, Егејска Македонија.[1][2][3][4]
Тврдината се наоѓа на ридот Свети Пантелејмон јужно од градот, на висорамнина која доминира над Леринското Поле. На висорамнината има параклис „Св. Пантелејмон“, изграден во XX век. Ова подрачје е оградено со ѕидини од чакал и малтер, зачувани до висина од 1 м. Ѕидините и откриената керамика укажуваат на тоа дека тврдината датира од доцната антика и средновековието. Тврдината е истражувана од истакнатите археолози Николаос Пападакис и Антониос Керамопулос.[2]
Кула е прогласена за историски споменик во 1995 г.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Голема кула — поранешна османлиска кула во градот
- Мала кула — одбренбена кула од XIX век, денес во срушена состојба, но прогласена за споменик на културата
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/58107/1335/5-1-1995 - ΦΕΚ 157/Β/7-3-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2023-02-27. Посетено на 20 октомври 2014.
- ↑ 2,0 2,1 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον (грчки). Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 576. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 10 мај 2018.
- ↑ „Αρχαιολογικοί Χώροι“. Εταιρία Τουρισμού Δυτικής Μακεδονίας. Архивирано од изворникот на 2020-06-11. Посетено на 24 јули 2020.
- ↑ „Η Ελληνιστική Πόλη της Φλώρινας“. Δήμος Φλώρινας. Посетено на 24 јули 2020.