Кука (филм)
Кука (англиски: Hook) — американски филм од 1991 година, во режија на Стивен Спилберг. Главните улоги ги толкуваат: Дастин Хофман, Робин Вилијамс и Џулија Робертс.
Содржина
[уреди | уреди извор]Во филмот, Петар Пан (го игра Вилијамс) е возрасен човек, кој работи како адвокат. Тој е оженет со внуката на Венди (ја игра Робертс). Меѓутоа, капетанот Кука (го игра Хофман) ги грабнува неговите две деца, така што Петар Пан мора повторно да замине во Недојдија, придружуван од Ѕвончица. Петар Пан воопшто не се сеќава на своето минато, но со помош на Изгубените момчиња, тој мора да ги научи заборавените вештини, со цел да му се спротивстави на Капетанот Кука. Во меѓувреме, Кука настојува да ги придобие децата на Петар Пан така што им ги задоволува сите желби. Сепак, на крајот, Петар Пан и Изгубените момчиња го напаѓаат бродот на капетанот Кука и тој повторно ја задобива довербата на своите деца.[1]