Кршко
Кршко Krško | ||
---|---|---|
Местоположба во Словенија. | ||
Координати: 45°57′59.3″N 15°29′7″E / 45.966472° СГШ; 15.48528° ИГД | ||
Држава | Словенија | |
Традиционален регион | Долењска | |
Статистички регион | Посавски | |
Општина | Кршко | |
Површина | ||
• Вкупна | 6 км2 (2 ми2) | |
Надм. вис. | 163 м | |
Население (2020) | ||
• Вкупно | 7.217 | |
• Густина | 1,200/км2 (3,100/ми2) | |
Час. појас | UTC 1 | |
Пошт. бр. | 8270 | |
Рег. таб. | KK |
Кршко (словенечки: Krško; германски: Gurkfeld) — град во Општина Кршко во источна Словенија. Градот се наоѓа на реката Сава и традиционално се смета за дел од регионот Штаерска. Градот е центар на општината Кршко. Градот сега е дел од Посавскиот статистички регион.[1]
На просторите на поранешна Југославија, Кршко бил познат како дом на единствената атомска централа во Федерацијата, која и денес опстојува.[2]
Етимологија
[уреди | уреди извор]Името на градот било променето од Кршко (Krško) во Видем-Кршко (Videm–Krško) во 1953 година. Името Кршко било вратено назад во 1964 година. Во минатото, германското име на градот било Гуркфелд (Gurkfeld).[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Археолошките докази покажуваат дека областа била населена уште од праисторијата. По должината на реката Сава, бројни наоѓалишта од бронзеното и железното време, како и римските наоди покажуваат на континуирана населба на областа. По средновековниот период областа била во хабсбуршка сопственост. Таа била зафатена од османлиските напади од 15 до 17 век.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Парохиската црква Кршко во центарот на градот е посветена на Јован Евангелист и припаѓа на Римокатоличката епархија Ново Место. Втора парохија е парохијата Видем-Кршко во јужниот дел на градот. Нејзината парохиска црква е посветена на Свети Руперт. Изграден е од 1893 до 1897 година во неороманески стил.
Капучинскиот манастир со својата црква се наоѓа во центарот на градот на десниот брег на Сава. Таа била изградена од 1640 до 1644 година и била реновирана во различни фази од својата историја.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ E-občina. „Občina Krško“. www.krsko.si (словенечки). Посетено на 2021-11-28.
- ↑ „Nuklearna elektrarna Krško“. www.nek.si (словенечки). Посетено на 2021-11-28.
- ↑ Leksikon občin kraljestev in dežel zastopanih v državnem zboru, vol. 6: Kranjsko. Vienna: C. Kr. Dvorna in Državna Tiskarna. 1906. p. 76.
- ↑ „RKD.SITULA.ORG“. rkd.situla.org. Посетено на 2021-11-28.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|