Крнино
Крнино | |
Координати 41°31′15″N 21°46′42″E / 41.52083° СГШ; 21.77833° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Чашка |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1414 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 29034 |
Надм. вис. | 760 м |
Крнино на општинската карта Атарот на Крнино во рамките на општината | |
Крнино на Ризницата |
Крнино — село во југоисточниот дел на Општина Чашка, Велешко.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Бабуна. Сместено е во ридски предел, на надморска височина од 760 м, а атарот му зафаќа површина од 9,9 км2[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Крнино е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Србиница, 1,5 км североисточно од селото.[3]
Во XIX век Крнино било чисто македонско село во Велешката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото имало 240 жители Македонци христијани.[4][5]
На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Крнино (Karnino) живееле 376 Македонци, сите под егзархијата.[4][6]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го обележал Крнина (Krnina) како македонско христијанско село.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото има полјоделско-сточарска функција. Според податок од 1990-тите, 495 ха отпаѓале на пасишта, 397 ха на шуми и само 78 ха на обработливо земјиште.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Населението на селото значајно пораснало на почетокот на XX век. По Втората светска војна е забележано располовување на бројноста. Во текот на 1950-тите населението значително опаднало на (42 лица во 1961 г.) и продолжило експоненцијално да опаѓа во наредните децении.
Според пописот од 2002 година, Крнино имало 3 жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 240 | 376 | 183 | 133 | 42 | 11 | 6 | 3 | 2 | 3 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Никола“ од XIX век, дело на познатиот мајстор Андон Китанов
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта
- Србиница — населба и некропола од римско време
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Според истражување направено во 1920-тите, родот Крнинци (3 куќи) во селото Долно Чичево, Општина Градско бил доселен од Крнино, но не е даден податок кога.[13]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 165. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 78. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 158. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp. 118-119.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|