Прејди на содржината

Кривени

Координати: 41°08′25″N 21°01′26″E / 41.14028° СГШ; 21.02389° ИГД / 41.14028; 21.02389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кривени
Кривени во рамките на Македонија
Кривени
Местоположба на Кривени во Македонија
Кривени на карта

Карта

Координати 41°08′25″N 21°01′26″E / 41.14028° СГШ; 21.02389° ИГД / 41.14028; 21.02389
Регион Горна Преспа
Општина Ресен
Население 15 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 23020
Кривени на општинската карта

Атарот на Кривени во рамките на општината
Кривени на Ризницата

Кривени — село во Општина Ресен, во околината на градот Ресен.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Кривени се наоѓа на околу 5,6 километри (воздушна линија, сметано од средиштата на населените места) северно од Ресен, длабоко вовлечено во една од пазувите на планината Бигла и од сите страна опкружена со нејзините истурени разграноци. Соседни села се Лева Река (на северозапад; 2,5 км) од северозапад, Смилево (на исток; 7,6 км), Златари (на југоисток; 4,1 км) и Јанковец (на југ; 3,5 км), Избишта (на запад; 1,8 км).

Историски развој на селото

[уреди | уреди извор]

Кривени е старо (повеќевековно) христијанско село во кое секогаш живееле православни Македонци. Во неизменета форма на името (Кривени) селото е забележано во повеќе извори од различни периоди. Најрано во Слепчевскиот кодик во 16 и 17 век (Селишчев), во 1519 и 1583 година во турските пописни документи од тој период (Методија Соколовски), во 1889 година во делата на Стефан Верковиќ, во 1900 година во делата на Васил К'нчов и Јован Цвијиќ, во 1902 година кај Лев Огненов, во документите и спомените од Илинденскиот период, во 1912 година кај Георги Трајчев, во 1925 година кај Ѓорѓе Киселиновиќ, а потоа кај Јован Хаџивасиљевиќ, Влогимјеж Пјанка и други.[2]

Во врска со името на ова село, Влогимјеж Пјанка пишува дека е етничко, произведено од апелативот "крив/а река" со помош на суфиксот "-ени". Денешниве кривенци раскажуваат легенди кои говорат дека нивното село името го добило по зборот "криени" (сокривани), се мисли на мештаните, веројатно некогаш во текот на турското владеење. Постојат и кажувања кои името на ова село го доведуваат во врска со некое покарактеристично криво крувче на претходната локација на селото.

Историско минато.

[уреди | уреди извор]

До 1912 година селото беше под турско владение, но не и беговски чифлик. Активно се вклучи во подготовките и текот на Илинденското востание со своја востаничка чета водена од некој си Трајче (смилевчанец). Загинал еден жител, а селото беше ограбено и запалено (66 куки).

Во Првата балканска војна (ноември 1912 година) падна под српско владение (прво српско), а во текот на Првата светска војна (октомври 1915 година) под бугарска окупација (прво бугар ско). Подоцна, со поместувањето на фронтот низ селото поминаа и војските на Антантантата (француски, грчки, српски). Во оваа војна кривенци беа мобилизирани во војските на спротивставените страни (српската и бугарската), некои од нив, во различни периоди се бореле и на двете страни. Цивилното население било ангажирано во пробивање и поправка на сообраќајниците и изградба на фортификациски објекти.

По завршувањето на Првата светска војна, селото повторно се најде под српско владение (второ српско), под кое остана се до 1941 година со сите последици на српската денационализаторска и асимилаторска политика (српска власт, српска војска и полиција, српски јазик и писмо, српски училишта и учители, српски цркви и попови, српска националност и презимиња и др.). Во овој период селото беше во состав на општината Јанковец. Двајца кривенци (Панде Божиновски и Михаил Бочкаровски) учествуваа во редовите на интернационалните бригади во Граѓанската војна во Шпанија (1936-1939).

Во Втората светска војна (мај 1941 година) падна под окупација на фашистичка Бугарија (второ бугарско) под кое остана се до неговото ослободување (септември 1944 година). За цело време на војната, во месноста Јаворец на планината Бигла била поставена германска радио станица. Во оваа војна Кривени беше на страната на НОАВ. Во септември 1940 година беше формиран актив, а во март 1941 година ќелија на КПЈ, во септември истата година и организација на СКОЈ, а во јули 1944 година НОО. Во оваа војна загинаа тројца мештани.

Археолошки локалитети

[уреди | уреди извор]

Во атарот на Кривени постојат повеќе локалитети од археолошко значење и тоа: Старо Кривени, осамен наод од римскиот период. При обработка на земјата биле откопани и неколку питоси. Чешино, населба од доцноантичкиот период. Источно од селото во подножјето на Гричи Рид, при обработка на земјата наоѓа ни се темели од градежни објекти, ѕидани од кршен камен и кал, камење за рачно мелење и фрагменти од ќерамички садови, питоси и градежен материјал. Во месноста Чешино, од десната страна на Чешинска Река, на падините од ридестата косина, на локалитетот Биолски Пат, постојат остатоци од градежни објекти, а некогаш биле наоѓани и други остатоци кои упатуваат на претпоставка дека таму некогаш имало живеалиште. Кај кривенци постои предание дека, таму некогаш фатила некоја заразна болест, поради што луѓето ја напуштиле населбата, одселувајќи се негде во источните делови на земјата. Некои постари луѓе од денешново село Чешиново (Кочанско) некогаш раскажувале дека нивните далечни претци биле доселени од областа Преспа и дека тие во знак на сеќавање на претходното нивно живеалиште, новото го нарекле Чешиново. Недалеку од овој локалитет (од левата страна на Чешинска Река) постои локалитетот Оцон Куќи, а во негова непосредна близина се местата Грмаѓено и Црквиште на кои, исто така, постојат остатоци од објекти, а се наоѓани и други предмети (покуќнина и земјоделски алатки). Во месноста Кула некогаш биле пронајдени големи земјени купови.

Во Кривени постојат два верски објекта. Црквата "Св. Горгија", во јужниот дел на селото (под селото), најверојатно подигната во текот на 19 век, а обновена во 1985 година. Во кругот на црквата се селските гробишта. Манастирчето "Св. Илија", во месноста Чешино, подигнато во 1996/97 година од дарител автопревозник од Ресен.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948532—    
1953521−2.1%
1961443−15.0%
1971302−31.8%
1981145−52.0%
ГодинаНас.±%
199173−49.7%
199449−32.9%
200227−44.9%
202115−44.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кривени живееле 450 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кривени имало 520 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кривени се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 95 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[6]

Во 2002 година во селото живееле 27 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 14 Македонци и 1 останат.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 450 520 532 521 443 302 145 73 49 27 15
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Кривени е македонско село.

Родови во селото се: Божиновци, Бочкаровци, Бојковци, Волчевци, Ѓуровци, Иловци, Јоцковци, Коловчевци, Кузаревци, Карадаковци, Лабачевци, Митановци, Милошевци, Мицковци, Мазевци, Недановци, Несторовци, Настевци, Наумовци, Писовци, Перевци, Павловци, Ризмановци, Рунчевци, Радевци, Секуловци, Старчевци, Стојановци, Салабашовци, Тодоровци, Трпевци, Талушевци и Танѕуровци.[12]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Божиновци со Грујовци (30 к.), Трпчевци со Бојковци и Павлевци (39 к.), Митановци со Милошовци (10 к.), Бочкаровци со Коловци, Јоцковци и Писовци (11 к.), Велковци (7 к.) и Несторовци со Сургуновци и Ѓуровци (3 к.)
  • Доселеници: Козаревци и Здравевци (2 к.) доселени се од селото Боиште кај Демир Хисар; Гроздановци (1 к.) доселени се од селото Бела Црква (Долна или Горна, или пак во прилепско).[13]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1633 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Црквата „Св. Ѓорѓи“.
Цркви[16]
Домот „Кривени“ (десно).
Разно
  • Домот „Кривени“ - место за културни манифестации во средиштето на селото.
Археолошки наоѓалишта[17]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Кривенци за своја општа селска слава го имаат Ѓурѓовден (6 мај), а за фамилијарни: Митровден, Св. Петка зимна, Пречиста, Св. Ѓоргија и Св. Никола зимен.

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Стари иселеници до 1949 година има во Бугарија (шест семејства), Аргентина (три семејства), Северна Америка (дваесет семејства), Австралија (четири семејства), Србија (едно семејство), Ресен (две семејства), Демир Капија (едно семејство) и во Битола (четири семејства).[13]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Јовановски, Владо. Населбите во Преспа Местположба. Историски развој и минато. Скопје: Независни изданија. Тнид ѓурѓа Скопје. line feed character во |title= во положба 20 (help)
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 15.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
  13. 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски Фонд на МАНУ к-2, АЕ 87.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 18.
  19. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 92.
  20. 20,0 20,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  21. 21,0 21,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 22,4 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  23. 23,0 23,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  24. Перо Коробар, Божо Стефановски (ур.) „Во интернационалните бригади на Шпанија“, „Студентски збор“, Скопје, 1989, 215-220
  25. Ѓорѓи Танковски и др. (ур.) „Зборник на загинати борци во НОВ и револуцијата од Ресен и Ресенско“, Ресен, 1983, 123 стр.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]