Прејди на содржината

Краен Север

Од Википедија — слободната енциклопедија
  Краен Север
  Територии поистоветувани со Крајниот Север

Краен Север (руски: Крайний Север) — голем дел од Русија кој се протега претежно северно од Северниот Поларник и изобилува со минерални и природни ресурси. Зафаќа површина од 5.500.000 км2 или една третина од државата.[1] Формално, во Крајниот Север наполно влегуваат Чукотскиот автономен округ, Камчатскиот крај, Магаданската област, Мурманската област и Јакутија, како и извесни делови од Архангелската област, Иркутската област, Хабаровскиот крај, Република Коми, Краснојарски крај, Република Карелија, Сахалинската област, Република Тува, Тјумењската област, сите острови во Северноледениот Океан и неговите мориња, како и островите во Беринговото и Охотското Море.

Поради суровите услови во овие краишта, оние кои работат на Крајниот Север по закон добиваат повисока плата од работниците на други места.[2] Како последица од климата, домородните народи во овие краишта имаат генетски одлики кои им овозможуваат подобро да се справат со условите, што е одразено и во нивната култура.[3]

Предел во Јакутија.

Најголеми градови

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2021 г. најголеми градови на Крајниот Север се Архангелск (нас. 301.199), Јакутск (нас. 355.443), Мурманск (нас. 270.384), Северодвинск (нас. 157.213), Нориљск (нас. 182.701), Петропавловск Камчатски (нас. 164.900), Нови Уренгој (нас. 107.251), Нојабрск (нас. 100.188) и Магадан (нас. 90.757). Поголемиот и појужен град Сургут (нас. 396.443) е најголем меѓу градовите во териториите кои се поистоветуваат со Крајниот Север.

Законски поволности

[уреди | уреди извор]

Крајниот Север е познат по крајната суровост на неговата клима. Лицата што работат во овој регион (освен домородците кои живеат традиционален живот и заробениците во советските гулазите) по закон добиваат повисока плата и други поволности. Овие т.н. „северни додатоци“ (северные надбавки) вклучуваат подолги годишни одмори, поголеми инвалидски надоместоци, порано пензионирање и станбени поволности, сето како надомест за тешките работни усллови. Оваа уредба е воведена во советско време и продолжува до денес.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Laverov, Nicolay (2009). Area Studies (Regional Sustainable Development Review): Russia - Volume I. EOLSS Publications. стр. 87. ISBN 9781848260740. Посетено на 22 октомври 2016.
  2. Saunders, Robert; Strukov, Vlad (2010). Historical Dictionary of the Russian Federation. Scarecrow Press. стр. 179. ISBN 9780810874602. Посетено на 22 октомври 2016.
  3. Yenikeev, Alexander. „Poles Apart“. getrussia.com. Посетено на 4 ноември 2016.
  4. „Law of the Russian Federation, About the State Guarantees and Compensations for the Persons Working and Living in the Region of the Far North and Districts Equated to them“. 19 февруари 1993. Посетено на 23 октомври 2016.