Киршау (германски: Kirschau, горнолужички: Korzym) — село и поранешна општина во Горна Лужица, во округот Бауцен во Саксонија, Германија. Од 1 јануари 2011 година е дел од градот Ширгисвалде-Киршау. Се наоѓа во регионот наречен Лужичките Возвишенија во долината на Шпре и Пилке, помеѓу „Mönchswalderberg“ (449 м) и „Lärchenberg“ (354 м).
Селото е поделено на четири различни делови: Бедервиц (Bederwitz, Bjedrusk), Клајнпоствиц (Kleinpostwitz, Bójswecy), Родевиц (Rodewitz, Rozwodecy) и Зоненберг (Sonnenberg, Słónčna Hora).