Каламарија
Каламарија Καλαμαριά | |
---|---|
Карта на општина Каламарија | |
Координати: 40°35′N 22°57′E / 40.583° СГШ; 22.950° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солун |
Површина | |
• Општина | 6,40 км2 (250 ми2) |
Најг. вис. | 35 м |
Најм. вис. | 0 м |
Население (2021)[1] | |
• Општ. | 92.248 |
• Општ. густина | 140/км2 (370/ми2) |
Час. појас | EET (UTC 2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC 3) |
Пошт. бр. | 551 xx |
Повик. бр. | 30231 |
Рег. таб. | N |
Мреж. место | kalamaria.gr |
Каламарија (грчки: Καλαμαριά) — предградие на Солун, Егејска Македонија, 5 км југоисточно од центарот на градот. Претставува самостојна општина во Солунскиот округ. Населението брои 92.248 жители (2021).
Географија
[уреди | уреди извор]Местото е сместено на брегот на Солунскиот Залив и на него има брегова линија од 6,5 км.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето околу Каламарија е населено уште од праисторијата. Во близината е откриена древна наелба и голем број наоди.
Името Каламарија првпат се среќава во 1083 г. и ја означува областа југоисточно од Солун. Во византиско и турско време месноста била слабо населена. Низ вековите, месноста била и останала чисто македонска.
На крајот од XVIII и почетокот на XIX век во Солун пребегнале многу Македонци од Дебарско, Охридско, Костурско и други места поради немирите за време на Али-паша Јанински, Џеладин-бег, востанието од 1921 г., дури и по грчко-турскиот мир (1829). Дојденците создале две нови македонски маала: Вардарско (во западниот дел на Солун) и Каламариско/Гелемерииско (во источниот) со енориите Св. Атанасиј, Панагуда, Панагеја-Декса и Ипапанти.[2]
Во XIX век македонското население го опслужувала црквата „Св. Кирил и Методиј“.
Во 1868 г. Стефан Салганџиев ја посетил Каламарија и забележал дека е чисто македонски град (нарекувајќи го „бугарски“), слушајќи дебарски дијалект во сите дуќани, кафеани и магази. Сите обичаи и начин на живот биле пренесени од Дебарско.[3]
Современа Каламарија
[уреди | уреди извор]Современото населено место е основано во 1920-тите од грчки доселеници од Грузија и Мала Азија, изгонети во Грчко-турската војна од 1922 г. Во околината на Солун се населени околу 100.000 доселеници.
Од основањето до денес, Каламарија бележи постојан развој 1981 до 2001 г. населението нараснало на 36.000 или за цели 69%. Сè до 1943 г. местото припаѓало на Општина Солун, а потоа добило статус на своја административна единица со површина од 7.200 акри.
Природното окружување на Каламарија и одличната урбанистичка решеност непрестајно привлекуваат нови жители. Животниот стандард е висок во споредба со останатите градови во Грција, и има добро развиена туристичка дејност.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Салгънджиевъ, Стефанъ K. (1906). ЛИЧНИ ДѢЛА И СПОМЕНИ по възраждането на Солунскитѣ и Сѣрски Българи. Пловдивъ: Печатница „Трудъ” на П. Бѣловѣждовъ. стр. 33.
- ↑ Салгънджиевъ, Стефанъ K. (1906). ЛИЧНИ ДѢЛА И СПОМЕНИ по възраждането на Солунскитѣ и Сѣрски Българи. Пловдивъ: Печатница „Трудъ” на П. Бѣловѣждовъ. стр. 17.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Каламарија“ на Ризницата ? |
- Портал на Општина Каламарија (грчки) (англиски)
- Културен портал на Каламарија Архивирано на 6 август 2013 г. (грчки)
|