Истрел (филм)
Оваа статија користи текст од мрежното место на Македонскиот информациски филмски центар (МИФЦ). Повеќе за наводите ќе најдете во делот за надворешни врски.
Текстот во статиите се употребува со дозвола на МИФЦ; Повеќе на страницата за разговор во рамките на ВикиПроектот „Филм“. |
„Истрел“ | |
---|---|
Филмски плакат | |
Режисер | Бранко Гапо |
Сценарист | Димитар Солев |
Главни улоги | Слободан Димитриевиќ Ристо Шишков Неда Арнериќ Петар Арсовски Питомир Деспотовски Емил Рубен Владимир Светиев Мајда Тушар Шишман Ангеловски Димитар Гешоски Панче Васоски Камџик Кирил Ќортошев Ристо Стефановски |
Музика | Корнелие Ковач |
Кинематографија | Мишо Самоиловски |
Монтажа | Спасе Тасевски |
Премиера | 1972 |
Времетраење | 98 минути |
Земја | СР Македонија |
Јазик | македонски |
Истрел — македонски филм од 1972 година во режија на Бранко Гапо, а сценариото е на Димитар Солев. Сценариото е напишано според романот на Солев „Под усвитеност“. Филмот се темели врз вистинити настани за време на бугарската окупација во Втората светска војна.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Младината, чија храброст е без размери, и во Скопје за време на бугарската окупација во Втората светска војна, сакајќи ја слободата за својот народ, се решава на низа акции, меѓу кои најголема е атентатот врз бугарскиот агент и соработник со окупаторот Емануел Мачков.
По пристигнувањето на Емануел во началството, тој на своите агенти им наредува да обрнат големо внимание на младите од Дебар Маало, Пајко Маало и Чаир. Во меѓувреме, заради безбедно поминување на партизанскиот одред во близината на Скопје, во градот треба да се организираат низа помали акции кои би го свртеле вниманието на полицијата врз себе. Така другарите Дано, Доне, Игор и Боро преземаат акција на аеродромот, при што ги палат авионите. Како реакција, полицијата врши рација, собира само млади луѓе кои се изложуваат на големи мачења. Истовремено, партизанскиот одред при преминувањето на Вардар упаѓа во заседа. Момчињата му помагаат на ранетиот Мите Димов да ја избегне заседата и го пренесуваат кај Анѓа, додека Никола е отсутен. Полицијата ги претресува сите сомнителни куќи и го наоѓа ранетиот партизан во куќата на Никола. По тешки измачувања, без да признае пред полицијата, Мите е убиен. Поради убиството на Мите во градот се растураат летоци, железничарите свират со сирените, се затвораат дуќаните. Анѓа, која исто така е уапсена, умира по тешките измачувања и силувањето. Никола, кога дознава за смртта на Анѓа, прави обид да го убие Емануел, но е убиен при обидот.
Месниот комитет решава да се организира атентат врз Емануел. На денот на атентатот момчињата ги заземаат своите места на улицата, пред куќата на Емануел, и по заминувањето на неговиот автомобил, тие го убиваат. По атентатот настанува бркотница и момчињата мораат да заминат од градот. Меѓутоа, при излегувањето од градот, во обид да им се приклучат на партизаните, наидуваат на заседа и сите, освен Дано, загинуваат.
Улоги
[уреди | уреди извор]Главни улоги
- Слободан Димитриевиќ - Емануел
- Ристо Шишков - Никола Петков
- Неда Арнериќ - Вера
- Мајда Тушар - Анѓа
- Емил Рубен - Дано
- Владимир Светиев - Доне Петрушевски
- Петар Арсовски - Игор
- Шишман Ангеловски
- Димитар Гешоски
- Панче Камџик
- Јон Исаја
- Кирил Ќортошев - Иван
- Мите Грозданов
- Благоја Спиркоски-Џумерко
- Томо Видов
- Драгомир Фелба - Драган
- Дарко Дамески
- Драги Костовски
- Мишо Јанкетиќ
Споредни улоги
- Стојан Арев
- Ѓорѓи Колозов
- Ристо Стефановски
- Ратко Гавриловиќ
- Киро Попов
- Божо Софрониевски - Железничарот
- Кирчо Божиновски
- Славица Зафировска
- Спасе Нелов
- Никола Автовски
- Гоце Влахов
- Самоил Дуковски - Дуко
- Драги Крстевски
- Стево Спасовски
- Ненад Милосављевиќ
- Вера Вучкова
Награди
[уреди | уреди извор]- 1972 ФЈИФ, Пула, Златна арена за снимателска работа на Мишо Самоиловски
- 1972 ФФ, Ниш, Голема повелба за глумечко остварувања на Слободан Димитриевиќ