Областа позната како Лесото датира дури од пред 40.000 години. Во моментов Лесото (тогаш наречен Басутоленд) се појавил како единствен систем до на управување под раководство на највисокиот началник Мошешое I во 1822. Под негово раководство Басутоленд се приклучил кон останатите племиња во регионот за борба против Империјата Зулу во периодот од 1818 - 1828. Во периодот од 1868 до 1966 година, територијата била под британски протекторат удвоен од територијата на Јужноафриканската република. На 4 октомври1966 година била прогласена независноста на земјата. Притоа, била воведена повторно традиционалната монархија. Во следните години бил воведен еднопартиски систем, а по ова за првпат во земјата во 1993 година се одржале слободни избори. Кон крајот на 90-тите од минатиот век, економската ситуација во земјата се влошила, кое довело до големи протести и по изборите во 1998 година, каде биле уништени важни објекти од престолнината. Немирите биле спречени од страна на ЈАР и Боцвана. Од тогаш, економската и политичката ситуација во земјата се стабилкизирала.