Илон Рив Маск (англиски: Elon Reeve Musk; р. 28 јуни 1971 г.) — деловен магнат, инвеститор и инженер роден во Преторија, ЈАР. Тој е основач, извршен директор и главен дизајнер во Спејс екс; соосновач, извршен директор и архитект за производи во Тесла, и соосновач и извршен директор во Неуралинк. Во декември 2016 година тој бил рангиран на 21. место на списокот на Форбс за најмоќните луѓе на светот.[1] Согласно февруари 2021 година, тој има нето од 273 милијарди долари (април 2022) и е на списокот на Форбс како најбогат човек на светот.[2]