Прејди на содржината

Иван IV (Русија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Иван Грозни)
Иван IV Грозни
Цар на цела Русија
Портрет на Иван Грозни од Виктор Васнецов, 1897.
На престол3 декември 1533 - 28 март 1584
Крунисување16 јануари 154
ПретходникВасилиј III
НаследникФјодор I
СопружникАнастасија од Русија
венчани 1547, починала 1560
Марија Темрјуковна
венчани 1561, починала 1569
Марфа Собакин
венчани 1571., починала 1571
Ана Колтовски
венчани 1572, поништен 1574
Ана Василчиков
венчани 1575, починала 1576.-77.
Василиса Мелентева
Марија Долгоруки
Марија Нагаја
венчани 1581
ДецаПринцеза Ана Ивановна
Принцеза Марија Ивановна
Принц Дмитри Иванович
Принц Иван Иванович
Принцеза Еудоксија Ивановна
Фјодор I од Русија
Принц Василиј Иванович
ТаткоВасилиј III од Русија
МајкаЕлена Глинскаја

Иван IV Василевич (руски: Ива́н Четвёртый, Васи́льевич), познат како Иван Грозни (руски: Ива́н Гро́зный) (роден на 25 август 1530 во Москва – починал на 28 март 1584 во Москва) бил голем кнез на Москва од 1533. Епитетот „Грозни“ повеќе се однесувал на моќта, силата и строгоста, отколку на лошотија, грдотија или суровост. За време на неговото владеење посебно до израз дошле царскиот апсолутизам и централизација на земјата во која дотогаш големо значење имале угледните семејства. Со тоа ја започнал преобразбата на Русија во голема сила. Тој е првиот владетел што се прогласил за цар на цела Русија, во 1547 година.

Рани години

[уреди | уреди извор]
Крунисувањето на Иван за цар

Иван Василјевич бил прв син на Василиј III и неговата втора жена, Елена Глинскаја. Мајката на Василиј, Софија Палеологина, била византиска принцеза и член на династијата на Палеолозите. Таа била ќерка на Тома Палеолог, помладиот брат на последниот византиски император, Константин XI Палеолог (вл. 1449–1453).[1] Мајката на Елена била српска принцеза, а семејството на нејзиниот татко, Глински, тврдело дека потекнуваат од православното унгарско благородништво и монголскиот владетел Мамај (1335–1380).[2][3][4][5] Роден на 25 август, го добил имета Иван во чест на Св. Јован Крстител, чиј празник се слави на 29 август.[6]

Кога Василиј имал три години, починал неговиот татко. Претенденти на престолот, покрај младиот Иван, биле и помладите браќа на Василиј. Од шесте синови на Иван III, останале само двајца: Андреј и Јуриј. Иван бил прогласен се велик кнез по барање на неговиот татко. Неговата мајка Елена Глинскаја првично владеела како регент, но починала во 1538,[7][8] кога Иван имал само осум години; а многумина веруваат дека била отруена. Регенството потоа наизменично се менувало помеѓу неколку болјарски фамилии кои се бореле за контрола.

На 16 јануари 1547, на возраст од 16 години, Иван бил крунисан во храмот на Успението Богородично во Московскиот кремљ. Тој бил првиот руски монарх кој бил крунисан за цар на цела Русија. До тогаш, московските владетели биле крунисувани како велики кнезови, но Иван III ја презел титулата суверен на цела Русија и ја користел титулата цар во неговата кореспонденција со другите монарси.[9] Две недели по крунисувањето, Иван се оженил со својата прва жена, Анастасија Романовна, која припаѓала на фамилијата Романови, која станала прва руска царица.

Со крунисувањето за цар, Иван испраќал порака до светот и до Русија дека сега е единствениот врховен владетел на земјата и дека неговата волја не треба да биде доведена во прашање.

Домашна политика

[уреди | уреди извор]

1560-те ѝ донеле на Русија тешкотии што влијаеле врз драматичните промени во политиката на Иван Грозни. Русија била уништена од суша, глад, неуспешни војни против Полско-литванската држава, татарските инвазии и блокадата за поморска трговија спроведена од Швеѓаните, Полјаците и Ханзеатската лига. Неговата прва жена, Анастасија Романовна, починала во 1560, за што се сомневало дека е поради труење. Личната трагедија длабоко го повредила Иван и се смета дека влијаела врз неговата личност, ако не и врз менталното здравје. Во исто време оден од неговите советници, кнезот Андреј Курбски, пребегнал кај Литванците, презел команда над литвански трупи и го уништил рускиот регион на Великије Луки. Оваа серија на предавнички дела го направиле Иван параноично да се сомнева во благородништвото.

На 3 декември 1564 Иван ја напуштил Москва и заминал за Александрова Слобода, од каде што испратил две писма во кои ја најавил својата абдикација поради наводно предавство од страна на аристократијата и свештенството. Болјарите не можеле да донесуваат одлуки во отсуство на Иван и се плашеле од гневот на московските граѓани. Болјарски пратеник бил испратен за Александрова Слобода за да го моли Иван да се врати на престолот.[10][11] Иван се согласил да се врати под услов да му биде доделена апсолутна власт. Тој барал право да ги осудува и погубува предавниците и да ги конфискува нивните имоти без мешање на болјарската дума и црквата. Иван издал декрет за создавање на опричнина.[12]

  1. Talbot, Alice-Mary (1991). „Sophia Palaiologina“. Во Kazhdan, Alexander (уред.). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford and New York: Oxford University Press. стр. 1928. ISBN 0-19-504652-8.
  2. Madariaga, Isabel De (2006). Ivan the Terrible. Yale University Press. стр. 31. ISBN 978-0-300-11973-2.
  3. Maureen Perrie & Andrei Pavlov, Ivan the Terrible, Routledge (2014), p. 26
  4. Francis Carr, Ivan the Terrible, David & Charles Publishers (1981), p. 61
  5. Walter G. Moss, A History of Russia : To 1917, Volume 1, Anthem Press (2003), p. 130
  6. Литвина, А. Ф.; Успенский, Ф. Б. (2006). Выбор имени у русских князей в X–XVI вв.: Династическая история сквозь призму антропонимики. М. Индрик. стр. 218.
  7. Martin, p. 331
  8. Pushkareva, N. (1997) Women in Russian History. M.E. Sharpe. pp. 65–67. ISBN 0765632705.
  9. Riasanovsky, Nicholas V. (29 September 2005). Russian Identities: A Historical Survey (англиски). Oxford University Press. стр. 65. ISBN 978-0-19-534814-9.
  10. Madariaga, pp. 176–178
  11. Pavlov, Andrei and Perrie, Maureen (2003) Ivan the Terrible (Profiles in Power). Harlow, UK: Longman. pp. 112–113. ISBN 058209948X.
  12. Madariaga, pp. 179–80
Иван IV (Русија)
Роден(а): 3 септември 1530 Починал(а): 28 март 1584
Владејачки титули
Претходник
Василиј III
Велик кнез на Москва
3 декември 1533 – 16 јануари 1547
Создавање на царство
Создавање на царство Цар на Русија
16 јануари 1547 – 28 март 1584
Наследник
Feodor I
Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Дмитриј Медведев • Владимир Путин