Зул
Зул | |
Градско собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Урбан округ |
Градски единици | Градот и 4 окрузи |
Градоначалник | Јенс Трибел (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 102,70 км2 |
Надм. височина | 429−676 м |
Население | 37.009 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 360 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC 1/ 2) |
Рег. табл. | SHL |
Пошт. бр. | 98501–98530 |
Повик. бр. | 03681 |
Портал | www.stadtsuhl.de |
Местоположба на градот Зул во Тирингија | |
Координати | 50°36′38″N 10°41′35″E / 50.61056° СГШ; 10.69306° ИГД |
Зул (германски: Suhl) — град во Тирингија, Германија.
Историја
[уреди | уреди извор]Првпат се споменал во 1318, додека грбот на градот од 1365 покажува два чекани, означувајќи ја најважната економска дејност на градот: обработка на металот. Правата на град ги добил во 1527.
Зул бил главен град на југозападниот округ во ГДР „Округ Зул“ од 1952 до 1990.
Индустрија за оружје
[уреди | уреди извор]Поттикнато од обработката на металите, во текот на ренесансата, како и другите локални индустрии, се појавиле и пушкарници и оружарници. Зул бил главен производител на топови во текот на 17 век, како и понатамошните векови и топовите од Зул биле користени од многу европски сили. Голема компанија за оружје, сместена во Зул, скоро 200 години била Sauer & Sohn, производител на пушки за ловење, сачмарки и пиштоли, како Sauer 38H, додека не се преместила во Екернферде на крајот на Втората светска војна. Други познати производители на оружје во Зул се Simson (исто така позната како BSW и потоа Gustloff Werke за време на нацистичка Германија и Ernst Thälmann Suhl за време на комунизмот) и C.G. Haenel. Моментално, најголем производител на оружје во Зул се Merkel GmbH, кој прави пушки и сачмарки.
За време на Студената војна, националната арена на Источна Германија за стрелаштво се наоѓала во Зул и била домаќин на многу натпреварувања од висок ранг, вклучувајќи го Светското првенство во 1986. Иако била надмината од олимпискиот центар за стрелаштво во Минхен, Зул останал важно места во спортот. Во него се наоѓа единствената школа за стрелци и добро опремен музеј за оружје.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Зул е збратимен со:
- Ческе Будјејовице, Чешка
- Бегл, Франција
- Калига, Русија
- Лахти, Финска
- Лешно, Полска
- Смољан, Бугарија
- Вирцбург, Германија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
|
|