Зихна
Зихна или З’хна, Зихненско или З’хненско (грчки: Ζίχνη, Зихни) — историско-географска област во источна Егејска Македонија, денес во состав на општините Зелјахово (Неја Зихни) и Ениќој (Амфиполи) во Серскиот округ. Го опфаќа југоисточниот дел на Серското Поле, меѓу планините Кушница и Сминица (Серски Боздаг). Низ неа тече реката Драматица (Ангиста). Огромен дел од „грчкото“ население споменато во статистиките за областа се впрочем грцизирани Македонци.
Историја
[уреди | уреди извор]Областа го носи името на гратчето Зихна, кој во средновековието бил административен и епископски центар на регионот. Во изворите се споменува за зихненски епископи. Ктитор и основач на манастирот „Свети Јован Претеча“ кај Сер е зихненскиот епископ Јоаким. Со османлиското освојување на крајот на XIV век, градот е разрушен и се претвора во мало селце.
Како регионално средиште се издига соседното Зелјахово, кое во XIX век е центар на каза во Серскиот санџак. До почетокот на XX век Зелјаховската каза се именува со Зихна. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Зихненската каза (Caza de Zihna) има вкупно 5.732 домаќинства со 2.551 жител муслимани, 7.241 Македонец, 6.118 Грци и 577 Власи, а истоименото селце Зихна има 38 домаќинства со 56 жители муслимани и 65 Грци.[1] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) во казата бележи 1.606 македонски, 2.041 „грчки“, 514 гагауски и 1.116 турски куќи, а во селото Зихна бележи 33 гагауски и 55 турски куќи.[2][3]
Во 1891 г. Георги Стрезов пишува:
„ | Малку понатаму од Зелјахово се гледаат рушевините на Зихна, некогаш процутен град. Сега меѓу рушевините стојат 39 куќи.
Во 48-те села има 6.148 куќи и 35.610 жители. Од тие села, 4 се гагауски, 18 македонски, 14 „грчки“ и 12 турски.[2][4] |
“ |
Жителите на малото село Зихна според Стрезов се Грци.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов, кон 1900 г. казата има вкупно 42.407 жители од кои 16.290 се Македонци-христијани, 6.260 Турци, 14.005 Грци, 37 Арнаути-христијани, 710 Власи, 1.205 Роми и 3.900 Гагаузи, а селцето Зихна има 150 жители Турци и 260 жители Турци христијани.[2][6]
Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 г. во Зелјаховската каза живеат 21.232 Македонци, од кои 12.920 под Цариградската патријаршија и 8.312 Бугарската егзархија, 17.480 Грци, 432 Власи и 3.048 Гагаузи. Во казата работат 3 основни бугарски училишта со 4 учители и 223 ученици, како и 39 основни грчки улилишта со 49 учители и 1.850 ученици.[7]
Согласно статистичките истражувања на Јордан Иванов во 1912 г. Зихненската каза има вкупно 36.090 жители од кои 9.000 Македонци, 6.500 Турци, 16.400 Грци, 375 Власи, 35 Албанци, 420 Роми и 3.360 Гагаузи.[8]
Сè до 1912 г. од вкупно 48 села во Зихненската каза, 4 биле гагауски, 18 македонски, 6 „грчки“ (по потекло македонски), 8 со мешано население (Македонци, „Грци“, Турци, Гагаузи) и 12 турски. Помалку Македонци имало во големите села отаде реката Драматица, како Витачишта, Ангиста, Радулево, Ќупќој, Кормишта и други. Во средниот век населението на овие села било исклучиво македонско, но подоцна почнало брзо да се погрчува.[2][9]
Во 1927 г. Зелјахово е преименувано во Неја Зихни, што во превод значи Нова Зихна.[10] Веќе непостоечкото село Зихна и рушевините на средновековната тврдина се познати како Стара Зихна (Παλαιά Ζίχνη, Палеја Зихни).
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Според Јордан Иванов, името Зихна можеби произлегува од ж’г-, жег- и дијалектното жег - жега, на старословенски жьгѫ, жегѫ и завршеток како оној на зихненското село Клепушна (Агрјани). Промената на почетното ж во з можеби се случила под грчко влијание.[11]
Литература
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 144-147.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 240-241.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 1.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 3.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 181-182
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр. 202-203.
- ↑ Иванов, Йордан. "Българите в Македония". София, 1986, стр. 103.
- ↑ Йордан Н. Иванов. "Местните имена между Долна Струма и Долна Места". София, 1982, стр. 17.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Йордан Н. Иванов. "Местните имена между Долна Струма и Долна Места". София, 1982, стр. 127
|