Згрополци
Згрополци | |
Поглед на преостанатите куќи во селото Згрополци | |
Координати 41°39′32″N 21°51′46″E / 41.65889° СГШ; 21.86278° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Градско |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1420 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 29025 |
Надм. вис. | 204 м |
Згрополци на општинската карта Атарот на Згрополци во рамките на општината | |
Згрополци на Ризницата |
Згрополци — раселено село во Општина Градско, сместено во областа Клепа, во околината на градот Велес. Селото се наоѓа на десниот брег на најголемата македонска река Вардар, а во негова близина се наоѓа и поранешниот индустриски комплекс „Хемиска индустрија Велес“.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Згрополци се наоѓа на 9 километри јужно од градот Велес и е сместена непосредно на десниот брег на реката Вардар од левата страна на локалниот пат Велес - Градско и Автопатот „Александар Македонски“. Селото е сместено на ниска тераса која што се издигнува на десниот брег на реката Вардар[2]. Поточно, селото Згрополци се наоѓа непосредно до реката Вардар, во северзападен правец на територијата на Општината Градско на надморска височина од 160 метри[3]. Порано селото се делело на Горно и Долно Маало соодветно распоредени по течението на Вардар[2], , а денес во селото се преостанати само две куќи, а во една од нив во последно време живее еден жител.[4]. Во селото се наоѓа и железничка станица со истото име на железничката линија Скопје - Гевгелија.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Згрополци е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Градиште во неговиот атар.[5]
Македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов - Џинот во својот напис „Велес - статистическо описание“ објавен во „Цариградски весник“ на 7 март 1859 година, вбројувајќи го меѓу христијанските села за Згрополци кое го запишал како Згорополе забележал дека тоа имало 10 куќи и старини[6].
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Името Згрополци, кое во минатото често било изговарано и како Згорополци, според месните толкувања се доведува во врска со згорено поле, какво што по своите особености и одлики е и земјиштето со палеогено потекло над селото[2]. Почнувајќи од Згрополци па по целото течение на Вардар низ целата Тиквешка Котлина сè до Пепелиште, Криволак и Демир Капија, земјиштето има бледо-сива и пепелава боја како да е изгорено, но истовремено со ваквата сиво-пепелава боја ридовите околу Згрополци имаат изглед и на згура од руда, па можно е името на селото да настанало и од обликот „Згуро-поле“.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Во непосредна близина на селото се наоѓа фабриката за вештачки ѓубрива „Хемиска индустрија Велес“ (ХИВ), која до 2003 година произведувала вештачки ѓубрива и хемиски препарати за земјоделството, а во моментов е во стечај. Земјоделското земјиште во неговиот атар активно се обработува од неколку фирми и поединечни земјоделци од соседните села. Најмногу се одгледуваат житните култури (најмногу пченица) и доста е застапено лозарството. Во текот на зимскиот период во бачилата во ридовите околу Згрополци презимуваат голем број стада овци од Западна Македонија. Во минатото жителите на селото биле само „орачи“, а претходно и „исполџии“ на чифлик[2]. Крај Вардар се наоѓале бавчи со зеленчук и пространи лаки, во кои се добивала двојна жетва[2].
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Згрополци живееле 75 жители, Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Згрополци живееле 80 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]
Во 1961 година Згрополци броело 83 жители, Македонци, а во 1971 година 16 жители, Македонци.
Според пописните списоци од пописот во 1994 година, Згрополци е раселено село по 1981 година кога броело само 3 жители, Македонци.
Според пописните списоци од пописот во 2002 година, во Згрополци не биле забележани жители.[4] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 75 | 80 | 102 | 95 | 83 | 16 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
[уреди | уреди извор]Во минатото додека Згрополци било населено, тоа било македонско но верски мешано христијанско - муслиманско село од преоден тип[2], со големо и преовладувачко христијанско мнозинство. По иселувањето на муслиманите, во текот на XX век со до раселувањето Згрополци било населено исклучиво со Македонци од православна христијанска вероисповед. Според истражувања од 1914 година, поголемиот број од родовите потекнувале од доселеници[2]. Староседелски родови во Згрополци биле: Јанкуловци, Јововци и Кодовци кои славеле Свети Никола[2]. Доселенички родови биле: Геговци (слават Свети Ѓорѓи) дошле на чифлик од Свеќани околу 1830, обата соеви Караџовци (слават Св. Никола) и Темелковци (слават Петковден) дошле од Виничани околу 1850, Пановци (слават Св. Никола) слегле од Грнчиште во 1900 и тука купиле „чифличе“, Ќурчиовци (слават Св. Ѓорѓи) дошле во 1912 од Горно Караслари каде преминале од Виничани во 1850[2]. Муслимански род биле Максуд-Усеинлер кои дошле од соседното Кочилари околу 1850[2].
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- ЖС „Згрополци“ — железничка станица на линијата Скопје-Гевгелија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Општина Градско, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година иако првично постоел план за нејзино спојување со Општина Росоман.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес, додека во периодот по војната од 1955 до 1962 година селото било во рамките на некогашната општина Градско.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната истоимена општина, во која покрај Згрополци се наоѓале и селата Бекирлија, Горно Караслари, Грнчишта, Двориште, Долно Караслари, Пишино, Кочилари, Куридере, Ногаевци, Свеќани, Скачинци и Црквино. Самата Општина Згрополци била дел од Титоввелешката околија. Во периодот од 1950-1952 година, селото се наоѓало во рамките на тогашната Општина Кочилари, во која Згрополци, се наоѓале и селата Кочилари и Ногаевци.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[5]
- Градиште — градиште од римско време
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 Радовановиќ, С., Воислав. Тиквеш и Раец (српски) (1924. изд.). Белград: Српска кралска академија. стр. 471–472.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 129. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ 4,0 4,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 77. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Хаџи-Константинов - Џинот, Јордан (7 март 1859). „Велес - статистическо описание“. Цариград: Цариградски весник. Посетено на 15 февруари 2016.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|