Прејди на содржината

Зајаска Река

Координати: 41°29′38″N 20°58′38″E / 41.49389° СГШ; 20.97722° ИГД / 41.49389; 20.97722
Од Википедија — слободната енциклопедија
Зајаска Река
Тајмишка Река
Кичевска Река
Тајмишка (Зајаска) Река кај с. Тајмиште на Бистра
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местонад с. Тајмиште, пл. Бистра, Кичевско
 • координати41°37′13″N 20°51′31″E / 41.62028° СГШ; 20.85861° ИГД / 41.62028; 20.85861
 • надм. вис.1.480 м
Устие 
 • место
Треска, кај Бигор Доленци, Кичевско
 • координати
41°29′38″N 20°58′38″E / 41.49389° СГШ; 20.97722° ИГД / 41.49389; 20.97722
 • надм. вис.
590 м
Должина25,9 км
Големина на сливот333,85 км2
Особености на сливот
Зајаска Река во рамките на Македонија
извор
утока
Изворот и утоката на Зајска Река

Зајаска Река или Кичевска Река — река во западна Македонија, лева притока на Треска во Кичевскиот крај.

Течение и особености

[уреди | уреди извор]

Извира на источните падини на Бистра, над селото Тајмиште, недалеку од истоимениот рудник, на надморска височина од 1.480 м.[1] Се влева во Треска околу еден километар северозападно од с. Бигор Доленци, на висина 590 м. Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 25,9 км, минималната должина 21,4 км, а коефициентот на развиеност е 1,21. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 890 м, а просечниот изнесува 34,49.

Водоразделот е јасен по целата должина на реката и линијата има вкупна должина од 87 км. Сливот на Зајаска Река е најголем од сите притоки на Треска и зафаќа 333,85 км2 или 16,1% од нејзиниот вкупен слив.[1]

Во горниот тек е позната како „Тајмишка Река“ сè до селото Мидинци, и на овој потег е изразено планинска. Пред да навлезе во пределот на Кичево, минува низ с. Зајас[2], по кое е наречена.

Зајаска Река има сложена долина. Првото речно ерозионо проширување се јавува кај селото Колари. Низ кратката сатеска навлегува во Зајаската Котлина низ која тече во должина од 8 км. Потоа долината е всечена во епигенетска сатеска составена од кварцити каде ја прима од десната страна Бачишка Река. Оттука сè до вливот во Треска има карактер на рамничарска река. На овој потег од својата лева страна северно од градот Кичево ја прима реката Темница.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Димитровска, Олгица (2013). „Основни хидрографски одлики на притоките на реката Треска“ (PDF). Географски разгледи. Скопје: Македонско географско друштво. 2012 (46): 37–49. ISSN 1409-908X.
  2. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 31. ISBN 978-9989-2117-6-8.

41°29′38″N 20°58′38″E / 41.49389° СГШ; 20.97722° ИГД / 41.49389; 20.97722