Прејди на содржината

Занает

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Занаетчиство)
Самарџија како прави самари
Копаничар со својата резба

Занает — занимање кое бара конкретни работни вештини. Историски ова би било неиндустриско производство во мал број или количество. Човекот кој се занимава со занает се нарекува занаетчија.

Домаќинствата на занаетчиите не биле толку самоиздржувачки колку оние кои се занимавале со земјоделство и, како такви, директно зависеле од трговска размена.

Занаетчиите особено се концентрирале во урбаните места и формирале еснафи. Бидејќи занаетчиите постојано работеле со размена на добра (покрај нивната изработка), и тоа барало извесно ниво на образованост, во општествената хиерархија тие имале повисоко место од селанството.

Занаетчиството бил главен облик на производство пред индустриската револуција. Исклучок од ова е помасовната организираната поделба на трудот наречена мануфактурно производство, која може да се претстави како преод од поединечниот занаетчија кон индустрискиот период.

Занаетот како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Сè, сè, ама занает“ (српски: Све, све, али занат) — српска народна приказна.[1] [2]
  • „Тајите на занаетите“ — песна на руската поетеса Ана Ахматова.[3]
  • „Шивачка“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[4]
  • „Запис за ковачот“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[5]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 112-113.
  2. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 245-247.
  3. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 56-59.
  4. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 11.
  5. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 9.