Прејди на содржината

Зале-Холцланд

Координати: 50°55′N 11°45′E / 50.92° СГШ; 11.75° ИГД / 50.92; 11.75
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Зале-Холцланд (округ))
Зале-Холцланд
Landkreis Saale-Holzland

округ
Грб на Зале-Холцланд Landkreis Saale-Holzland
Земја Германија
ПокраинаТирингија
СедиштеАјзенберг
Површина
 • Вкупна815,23 км2 (31,476 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно83.234
 • Густина1,0/км2 (2,6/ми2)
Час. појасCET (UTC 1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC 2)
Рег. таб.SHK
Мреж. местоsaale-holzland-kreis.de

Зале-Холцланд (германски: Saale-Holzland) — округ во источниот дел на сојузната покраина Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) округот Бургенланд во покраината Саксонија-Анхалт, безокружниот град Гера, окрузите Грајц, Зале-Орла, Залфелд-Рудолштат, Вајмар и безокружниот град Јена.

Историја

[уреди | уреди извор]

Округот бил создаден во 1994 година со спојување на претходните окрузи Ајзенберг, Јена и Штатрода. Кога округот Рода (подоцна Штатрода) бил првично создаден во 1922 година веќе ја покривал скоро целата површина на денешниов округ. Во 1952 година, заедно со укинувањето на сојузните покраини (Bundesländer) округот бил поделен на три дела, кои биле споени заедно повторно во 1994 година.

Географија

[уреди | уреди извор]

Главна река во округот е Зале, која му го дала и името. Највисока точка со 475 метри надморска височина е во јужниот дел на округот, најниската со 118 метри е во долината на Зале на границата со округот Вајмар.

Грб Во левата половина на грбот е сребрената лента како симбол на грофовите од Лобдебург, кои ја поседувале долината на Зале во XIII век. Долу е лавот на грофовите од Орламинде, опкружен од шест срца. Нивното грофовија преминало во сопственост на династијата Ветин во 1396 година. Грбот на Саксонија во десната половина е истиот оној како грбот на Ветин, бидејќи подоцна тие станале владетели на Саксонија. Грбот бил донесен на 18 август 1997 година.

Градови и општини

[уреди | уреди извор]
Слободни градови Слободни општини
  1. Биргел
  2. Ајзенберг
  3. Кала
  4. Штатрода
  1. Алберсдорф
  2. Бад Клостерлаусниц
  3. Бобек
  4. Гезен
  5. Грајчен кај Биргел
  6. Хајншпиц
  7. Мертендорф
  8. Мекерн
  9. Наусниц
  10. Петерсберг
  1. Поксдорф
  2. Раушвиц
  3. Рутерсдорф-Лочен
  4. Шајдиц
  5. Шлебен
  6. Шенглајна
  7. Зерба
  8. Таутенхајн
  9. Валдек
  10. Вајсенборн
Општински заедници

1. Дорнбург-Камбург

  1. Дорнбург-Камбург1, 2
  2. Фрауенприсниц
  3. Голмсдорф
  4. Грослебихау
  5. Хајнихен
  6. Јеналебниц
  7. Леестен
  8. Лебершиц
  9. Нојенгена
  10. Таутенбург
  11. Тиршнек
  12. Вихмар
  13. Цимерн

2. Хајделанд-Елстертал-Шкелен

  1. Кросен на Елстер1
  2. Хартмансдорф
  3. Хајделанд
  4. Рауда
  5. Шкелен2
  6. Зилбиц
  7. Валпернхајн

3. Хермсдорф

  1. Хермсдорф1, 2
  2. Мерсдорф
  3. Рајхенбах
  4. Шлајфрајзен
  5. Санкт Ганглоф

4. Хигеланд/Телер

  1. Бремсниц
  2. Ајнеборн
  3. Гајзенхајн
  4. Гнојс
  5. Гросбокедра
  6. Карлсдорф
  7. Клајнбокедра
  8. Клајнеберсдорф
  9. Липерсдорф-Ердмансдорф
  10. Мојзебах
  11. Обербодниц
  12. Отендорф
  13. Рателсдорф
  14. Раусдорф
  15. Рентендорф
  16. Таутендорф
  17. Тиса
  18. Трокенборн-Волферсдорф
  19. Требниц1
  20. Унтербодниц
  21. Валтерсдорф
  22. Вајсбах

5. Зидлихес Залетал
[седиште: Кала]

  1. Алтенберга
  2. Бибра
  3. Буха
  4. Ајхенберг
  5. Фрајенорла
  6. Гросојтерсдорф
  7. Гроспиршиц
  8. Гумперда
  9. Хумелсхајн
  10. Клајнојтерсдорф
  11. Ласдорф
  12. Линдиг
  13. Милда
  14. Орламинде2
  15. Рајнштет
  16. Ротенштајн
  17. Шепс
  18. Зајтенрода
  19. Зулца
  20. Целниц
1седиште на општинската заедница;2град
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

50°55′N 11°45′E / 50.92° СГШ; 11.75° ИГД / 50.92; 11.75