Жан Франсоа Шамполион
Жан-Франсоа Шамполион (француски: Jean-François Champollion; 23 декември 1790 — 4 март 1832) — француски научник, филолог и ориенталист.
Шамполион го дешифрирал египетското хиероглифско писмо врз основа на претходните истражувања од Атанасиус Киршнер, Силвестер де Саси, Томас Јанг и др. Шамполион успеал да преведе делови од Каменот од Розета во 1822 година, докажувајќи дека пишаниот египетски јазик бил сличен на коптскиот, и дека системот на пишување бил комбинација од фонетски и идеографски знаци.
Животопис
[уреди | уреди извор]Шамполион е роден во Фижак, Франција, како последно од седумте деца во семејството. Живеел во Гренобл неколку години и дури и како дете покажувал неверојатен талент за јазици. До 16-годишна возраст веќе знаел да сборува десетина јазици и имал презентирано труд пред Академијата во Гренобл за коптскиот јазик. Кога имал 20 години зборувал латински, грчки, хебрејски, амарски, санскритски, авестиски, пахлевиски, арапски, сириски, калдеански, персиски, етиопски и кинески јазик.[1]
Во 1809 година станал асистент на универзитетот во Гренобл на катедрата по историја. Неговиот интерес за ориенталните јазици, особено за коптскиот, довело до тоа да му биде доверена задачата да го дешифрира тогаш неодамна откриениот Камен од Розета, и ги поминал следните две години (1822-1824) на оваа задача. Во својот труд од 1824 година „Апстракт за хиероглифскиот систем“ ги дал основите на она што подоцна станало основа на современата египтологија. Тој исто така ја идентификувал важноста на Торинскиот список на кралеви, и ја одредил староста на Зодијакот од Дендера. Неговиот интерес за египтологијата се создал во времето на освојувањата на Наполеон во Египет (1798-1801). Шамполион подоцна бил избран за професор по египтологија на Францускиот колеџ во Париз.[2]
Франко-тосканска експедиција во Египет
[уреди | уреди извор]На 21 јули 1828 година, Шамполион заедно со тосканскиот јазичар Иполито Роселини и уште четири члена на експедицијата, тргнале кон Египет. Пловеле по течението на Нил и извршиле низа истражувања во Долината на кралевите во Египет. Успеале да дешифрираат многу споменични натписи и со тоа да го потврдат методот што го открил Шамполион. Но за жал, во текот на експедицијата извршиле и неколку грабежи на археолошки богатства, како на пример од гробницата на Сети I, од која однеле две големи ѕидни површини кои денес се наоѓаат во музеите во Париз и во Фиренца.
Преморен од работата во текот и по експедицијата, Шамполион се разболел и умрел на 41-годишна возраст во 1832 година.
Дел од постигањата на експедицијата се посмртно објавени во книгата „Спомениците на Египет и Нубија“ (1845). Делови од неговата работа се подоцна објавени од неговиот брат Жак Жозеф Шамполион. Синот на Жак Жозеф, Аме-Луј, напишал и биографија за двајцата браќа.
Дела
[уреди | уреди извор]- Le Normant, уред. (1819). Annales des Lagides, ou chronologie des rois grecs d'Égypte successeurs d'Alexandre le Grand. Paris. ;
- Lettre à M. Dacier relative à l'alphabet des hiéroglyphes phonétiques. 1822. ;
- Panthéon égyptien, collection des personnages mythologiques de l'ancienne Égypte, d'après les monuments (explanatory text to illustrations by [[Léon-Jean-Joseph Dubois]] ). 1823. URL–wikilink conflict (help)
- Précis du système hiéroglyphique des anciens Égyptiens. 1824. ;
- Lettres à M. le Duc de Blacas d'Aulps. 1826. ;
- Notice descriptive des monuments égyptiens du musée Charles X. 1827. ;
- Précis du système hiéroglyphique des anciens Égyptiens ou Recherches sur les éléments premiers de cette écriture sacrée, sur leurs diverses combinaisons, et sur les rapports de ce système avec les autres méthodes graphiques égyptiennes. 1828. ;
- Lettres écrites d'Égypte et de Nubie. 1828–1829.CS1-одржување: датумски формат (link) ;
- Grammaire égyptienne. 1836, posthumously. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) ; - Dictionnaire égyptien en écriture hiéroglyphique. 1841, posthumously. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) ; - Others - Principes généraux de l'écriture sacrée, new edition with a preface by Christiane Ziegler, Institut d'Orient, 1984.
Музеи на Шамполион
[уреди | уреди извор]- Во родното место на Шамполион, Фижак, во 1986 година е отворен музеј на Шамполион во кој се изложени документи за животот на Шамполион и неговите откритија, како и музеј на писменоста.
- Во Виф во Изер постои „Куќа Шамполион“ која порано му припаѓала на брат на Шамполион.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Singh, Simon (2000). The Code Book: The Science of Secrecy from Ancient Egypt to Quantum Cryptography. Anchor. ISBN 0-385-49532-3.
- ↑ Празен навод (help).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Jean-François Champollion“ на Ризницата ? |
- Giants of Egyptology: Jean-François Champollion, 1790-1832 Архивирано на 22 април 2008 г.
- Key words: unlocking lost languages
- BBC: Jean-François Champollion
|
- Родени во 1790 година
- Починати во 1832 година
- Француски научници
- Француски филолози
- Француски египтолози
- Погребани на гробиштата „Пер Лашез“
- Почесни членови на Петербуршката академија на науките
- Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките
- Починати во Париз
- Членови на Гетингенската академија на науките
- Членови на Торинската академија на науките