Прејди на содржината

Ерик Емануел Шмит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ерик Емануел Шмит
Ерик Емануел Шмит
Роден/а28 март 1960
Сент Фоа ле Лион, Франција
Занимањеписател, режисер
ДржавјанствоФранцузин

Ерик Емануел Шмит (француски: Eric-Emmanuel Schmitt, роден на 28 март 1960 во Сент Фоа ле Лион) — француско-белгиски драматург, режисер, сценарист и писател на романи и драми.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Ерик Емануел Шмит е роден на 28 март 1960 година во Сент Фоа ле Лион, Франција. Неговите двајца родители биле наставници по физичко воспитување. Пораснал во Савоја како атеист, а потоа го прифатил христијанството. Како дете се интересирал за музиката На девет години започнал да свири на пијано и сакал да стане композитор. Еден ден мајка му го однела на претставата „Сирано де Бержерак“ со Жан Маре, по што театарот станал негова страст. Сепак, негов сон отсекогаш бил да стане писател.

Завршил на елитната гимназија „Парк“ во Лион. Во периодот 1980-1985 година учел во високото училиште „Нормал“ во Париз, каде што добил докторат по филозофија. Предавал во текот на три години во Шербург и на Универзитетот на Шамбери.

Првично станал познат како сценарист за театарот. Неговата деби претстава „Жените против Дон Жуан“ била пуштена во периодот 1991-1992 година во Франција и во странство. Пресвртот во театарот се случил со втората претстава „Посетителот“, за која добил во 1994 година 3 од најпрестижните француски награди за театар „Ноќта на Молиер“, вклучувајќи ја и за најдобар автор и најдобра претстава. Потоа тој ја напуштил работата на предавач и се посветил на писателска кариера.

Неговите следни години се карактеристични со театарските успеси на „Golden Joe“ (1995), „Енигматични варијации“ (1996), „Хотел меѓу овој и оној свет“ (1999) и „Господин Ибрахим и цветовите на Куранот“ (1999). „Golden Joe“ е поглед кон циничните ставови за животот на оние кои учествуваат во високото финансирање. Во „Енигматични варијации“ двајца многу различни мажи разговараат за своите филозофии на животот и љубовта, но како што излегува подоцна, и двајцата биле вљубени во иста жена.

Во 2001 година, Шмит ја добил Големата награда за театар на Француската академија. Освен како драматург, Ерик Емануел Шмит е познат и како писател на многу успешни романи. Неговиот прв роман „Сектата на егоист“ од 1994 година ја добила награда за најдобар дебитантен роман од универзитетот „Д`Артоа“.

Светските религии играат важна улога во делата на писателот. Во серијата од романи „Невидливиот“ се обидел да најде хармонијата на религиите и културите. Во првата книга од неа - „Миларепа“ е прикажан тибетскиот будизам. Вториот том „Господин Ибрахим и цвеќињата на Куранот“ е посветен на суфизмот, текот на исламот, а исто така се поврзува и со јудаизмот. Третата книга „Оскар и розовата дама“ е посветена на христијанството. Книгата „L'Enfant de Noé“ („Децата на Ное“), која претставува споредба на јудаизмот и христијанството, е кулминација на серијата од романи. „Господин Ибрахим и цвеќињата на Куранот“ е награден со германската награда за фикција во 2004 година.

Делата на писателот се преведени на повеќе од 40 јазици и се објавени или играни во повеќе од 50 земји ширум светот.

Ерик Емануел Шмит од 2002 година живее во Брисел и од 2008 година е натурализиран белгиски државјанин[1]. Од јануари 2012 година е раководител на театарот „Рив Гош“ во Париз.

Од 9 јуни 2012 година е академик во Кралската академија за француски јазик и литература на Белгија.

  • La Secte des égoïstes (1994)
  • L'Évangile selon Pilate (2000)
  • La Part de l'autre (2001)
  • Guignol aux pieds des Alpes (2002)
  • Lorsque j'étais une œuvre d'art (2003)
  • Ulysse from Bagdad (2008)
  • La Femme au miroir (2011)
  • Les Perroquets de la place d'Arezzo (2013)
  • L'Élixir d'amour (2014)
  • Le poison d'amour (2014)
  • La nuit de feu (2015)

Серија „Invisible“

[уреди | уреди извор]
  1. Milarepa (1997)
  2. Monsieur Ibrahim et les Fleurs du Coran (2001)
  3. Oscar et la Dame rose (2002)
  4. L'Enfant de Noé (2004)
  5. Le Sumo qui ne pouvait pas grossir (2009)
  6. Les Dix Enfants que madame Ming n'a jamais eus (2012)

Серија Le bruit qui pense

[уреди | уреди извор]
  • Ma vie avec Mozart (2005)
  • Quand je pense que Beethoven est mort alors que tant de crétins vivent (2010)

Зборници

[уреди | уреди извор]
  • Odette Toulemonde et autres histoires (2006)
  • La Rêveuse d'Ostende (2007)
  • Concerto à la mémoire d'un ange (2010)
  • Les Deux Messieurs de Bruxelles (2012)
  • La nuit de Valognes (1991)
  • Le visiteur (1993)
  • Golden Joe (1995)
  • Variations énigmatiques (1996)
  • Milarepa (1998)
  • Frederick ou le boulevard du crime (1998)
  • L'hôtel des deux mondes (1999)
  • Monsieur Ibrahim et les fleurs du Coran (1999)
  • Oscar et la dame rose (2003)
  • Petits crimes conjugaux (2003)
  • Mes Évangiles (2004)
  • La tectonique des sentiments (2008)

Книги за Ерик Емануел Шмит

[уреди | уреди извор]
  • Éric-Emmanuel Schmitt ou les identités bouleversées (2004)
  • Éric-Emmanuel Schmitt ou la philosophie de l'ouverture (2006)
  • Étude sur Éric-Emmanuel Schmitt, La nuit de Valognes (2006)
  1. “Wet die naturalisaties verleent / Loi accordant des naturalisations”, 28 July 2008, http://www.ejustice.just.fgov.be/cgi/welcome.pl

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]