Адара
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Големо Куче |
Ректасцензија | 06h 58m 37.6s |
Деклинација | −28° 58' 19" |
Прив. величина (V) | 1.51 |
Особености | |
Спектрален тип | B2 Iab |
U−B Боен показател | −0.93 |
B−V Боен показател | −0.13 |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | 27.3 км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: 2.63 млс/г Дек.: 2.29 млс/г |
Паралакса (π) | 7.57 ± 0.57 млс |
Оддалеченост | 430 ± 30 сг (132 ± 10 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −4.11 |
Податоци | |
Маса | 10 M☉ |
Сјајност | 20,000 L☉ |
Температура | 24,750 K |
Металичност | 20% Sun |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Адара (Епсилон Големо Куче; ε CMa / ε Canis Majoris), е втора ѕвезда по сјајност од соѕвездието Големо Куче, и една од најсјајните ѕвезди на ноќното небо. Има Бајерова ознака „ипсилон“ иако е втора по сјајност во тоа соѕвездие. Традиционалното име `Адара` доаѓа од арапскиот збор عذارى ‘aðāra’, „девица“. Во Кина е позната како 弧矢七 (Седмата Ѕвезда Лакот и Стрелата).
Адара е двојна ѕвезда, оддалечена околу 430 светлосни години од Земјата. Има видлива величина од 1,5 и спектрална класификација `B2`. Температурата на површината е 25.000 К и емитира зрачење 20 илјади пати поголема од нашето Сонце. Оваа ѕвезда да се наоѓаше на иста далечина како Сириус, на ноќното небо ќе ја гледавме 15 пати посјајна од планетата Венера. Исто така, оваа ѕвезда е една од најекстремните познати извори на ултравиолетови зраци на небото.
Пред неколку милиони години, Адара била многу поблиску до Сонцето од денес, и била многу посјајна ѕвезда на ноќното небо. Пред околу 4.700.000 години, Адара била на растојание од 34 светлосни години од Сонцето, што значи и најсјајната ѕвезда на небото со величина од –3,99. Ниедна друга ѕвезда немала ваква сјајност, ниту некоја ќе има во наредните пет милиони години.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- E. Wilkinson, J.C. Green, R. McLean, and B. Welsh, "Extreme Ultraviolet Spectrum of epsilon Canis Majoris between 600-920 Å", Bull. American Astron. Soc., 188, #58.02.
- ↑ Sky and Telescope, April 1998.