Прејди на содржината

Следете ја Википедија на македонски јазик на Facebook и на Instagram!

Во тек е гласање за доделување на статусот „избрана статија“ на статиите: „Азот субоксид“, „Супернова“, „Мамелучки Султанат“, „Закиселување на океаните“ и „Боја на човечка кожа“.

Уредувачки ден „Далмација“
Уредувачки ден „Далмација“

Се известуваат сите заинтересирани уредници на Википедија на македонски јазик дека на 24 декември 2024 година ќе се одржи уредувачки ден на тема „Далмација“.

Од 16 до 22 декември 2024 година се одржува уредувачка седмица: „Населени места во Пиринска Македонија“. Сите уредници на Википедија на македонски јазик се добредојдени да дадат свој придонес на темата!

Ентони Брекстон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ентони Брекстон (англиски: Anthony Braxton) (1945, Чикаго, САД - ) е современ американски џез саксофонист, музичар и композитор.

Ентони Брекстон, 26.5.2007

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ентони Брекстон е роден во 1945 година во Чикаго, САД.

Творештво

[уреди | уреди извор]
Брекстон на настап во 1976 година.

Музичкото творештво на Брекстон е многу богато и содржи стотици снимки, бројни концерти низ целиот свет и академски трудови. Музичката кариера ја започнал во 1960-тите како соло-музичар, во 1970-тите бил ангажиран во бројни еклектични експерименти, а во 1980-тите е позната работата со неговиот "историски квартет". Најголемо влијание врз неговото творештво извршиле џез-саксофонистите Ворн Марш (Warne Marsh) и Алберт Ајлер (Albert Ayler), авангардните американски композитори Џон Кејџ (John Cage) и Чарлс Ајвс (Charles Ives), како и европските авангардни композитори Карлхајнц Штокхаузен (Karlheinz Stockhausen) и Јанис Ксенакис (Iannis Xenakis).[1]

Брекстон е познат по неговиот уникатен музички систем, со сопствени класификации и графички-заснован музички јазик во кој се испреплетени разновидни музички традиции и жанрови. Благодарение на неговото значење за џез-музиката постои меѓународна мрежа на негови обожаватели кои ја документираат неговата работа. Творештвото на Брекстон е многу ценето од страна на критичарите, кои го опишуваат како „гениј“, „ненадминлива фигура во музиката“, „веројатно, најплодниот музичар на нашето време“, „брилијантен уметник кој постојано наметнува нови предизвици“ итн.[1]

На 19 октомври 2012 година, Ентони Брекстон настапил на Скопскиот џез фестивал, со својот квартет "Diamond Curtain Wall Quartet", во состав:[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 Skopje Jazz Festival 2012. Skopje: Skopje Jazz Festival